Најава

Најавете се со Вашиот кориснички профил за да ги користите сите придобивки од Termin.mk!

Регистрација

Брзо е, бесплатно и безбедно! - Искористете ги сите придобивки од Termin.mk!


Сакам да примам новости

Се согласувам со условите на користење и политиката на приватност на Termin.mk

MTP Sports Club

Мора да сте најавен, за да означите посакувани локации

alt alt alt
Место Спорт Цена
Фудбал Фудбал 1100
Баскет дрво Баскет 500
Баскет ѕид Баскет 500
мтп_спортски_клуб
Не сте најавен/регистриран? Направете го тоа веднаш, и резервирајте го посакуваниот термин. Брзо е, безбедно и лесно! Или јавете ни се
  • Телефон:

    +389 2 3064 421
  • Телефон:

    +389 78 398 767

Краток опис

MTP Sports Club се наоѓа на ул. Варшавска, во самиот училишен двор на Гимназијата Ѓорги Димитров и располага со комплетно ново отворенo фудбалско игралиште за мал фудбал на вештачка трева. Фудбалското игралиште е направено според сите пропозиции на УЕФА стандардите и располагаме со лиценцирани тренери кои ја водат фудбалската академија на MTP Sports Club! ТК МТП постои од 1995 година. Создаден е како резултат на тениска идеја која беше поддржана и реализирана со помош на неколкумина љубители на тенисот, во време кога Македонија ги живееше првите години од осамостојувањето, па и организацијата на тенисот како и се друго ги доживуваше промените предизвикани од оваа состојба. ТК МТП е член на Македонската Тениска Федерација од 1995 година. Натпреварувачите на ТК МТП се исто така регистрирани членови на МТФ и земаат редовно учество на сите турнири организирани од страна на МТФ. Досегашното искуство и постигнатите резултати ни даваат за право да сериозно размислуваме во правец на квалитетен детски и јуниорски тенис. За таа цел сегашната организација се темели на организација на: Детски тенис - реализација на идејата за еден нов пристап кон вклучување на децата во тениската игра и натпревар, во што се вклучени деца од 4 до 10 годишна возраст Јуниорски екипи - во кои се вклучени сите натпреварувачи на ТК МТП во соодветни категории Тениска академија - каде го пласираме стеканатото тренерско знаење и искуство, организациско искуство, инфраструктура и можности кои ни ги нуди нашето поднебје за создавање на оптимален пакет на тренинзи и подготовка на играчи со високо натпреварувачки амбиции....и дел за сите! Покрај јуниорскиот тенис, ТК МТП е место каде и голем број на рекреативци добро се забавуваат. Природниот и едноставен амбиент го прават ТК МТП место каде сите добро се чуствуваат и уживаат во убавините и забавата што ја нуди спортот. Најзабавните спортски родендени само на едно идеално место за вас и вашите најблиски!!! Оранизиран мултиспортски роденден - фудбал, кошарка и тенис. За најмладите - игротека со најразлични анимации! Моментално преку системот на Termin.mk достапни за резервација се фудбалскиот терен и баскетот. Доколку сакате да резервирате термин за тенис, истото треба да го направите преку нашите телефони за контакт.

Мапа на Спортски Објект

View MTP Sports Club in larger map