Termin.mk е посветен на заштита на Вашите лични податоци додека ги користите нашите услуги. Ние ја цениме довербата која ја имате во нас, и сакаме нашата услуга да биде безбедна и пријатна средина за Вас. Овој документ опишува како ние ги употребуваме и процесираме Вашите лични податоци и како ги користиме колачињата (cookies).
Со цел да Ви ги овозможиме сите бенефиции кои ги нуди Termin.mk, понекогаш ние треба да собереме информации за Вас. Исто така, со информациите кои ги собираме од Вас, овозможено ни е да вршиме внатрешно следење на веб сајтот и статистички да пристапиме кон решавање на проблемите и подобрување на услугата. Во оваа политика на приватност е објаснето следново:
Како што беше претходно напомнато, Ваша безбедност е наша преокупација. Ние сме правно обврзани да ги користиме вашите податоци во согласност со Законот за заштита на лични податоци во Република Македонија.
Нашиот веб сајт може да содржи и линкови кои водат до други веб сајтови во сопственост и управувани од трети страни. Овие веб сајтови имаат свои Политики на приватност, вклучувајќи ги и колачињата (cookies), и Ве советуваме да ги прочитате. Ние не превземаме никаква одговорност за политиките на приватност на овие трети страни и Вашата посета и употреба на истите е на Ваш сопствен ризик.
Кога испраќате барање за слободен термин (Термин – Свадба и Термин – Игротека), од Вас ќе биде побарано да го внесете своето име, e-mail, мобилен телефон, капацитетот на гости кои го очекувате и дополнителна Ваша порака (последните две опционални). Додека пак, за да резервирате слободен термин (Термин – Спорт), ќе мора да имате регистрирано кориснички профил и да бидете најавен во моментот на резервација. При регистрацијата од Вас ќе биде побарано да ги внесете Вашето име, град/општина, мобилен телефон, e-mail адреса, пол и дата на раѓање (последните две опциони).
Со цел да Ви биде полесно да ги управувате Вашите резервации и испратени барања за термин, и истовремено да ги искористите сите придобивки од Termin.mk Ви препорачуваме да регистрирате Ваш кориснички профил и за време на посетата на Termin.mk да бидете најавени. Истиот тој профил е универзален за сите делови на Termin.mk, односно Термин – Свадба, Термин – Спорт и Термин – Игротека.
И во случај кога ја посетувате нашата веб страна ненајавени, а истовремено не испраќате барање за термин, ние може да собереме одредени информации за Вас: вашата ИП (интернет протокол) адреса, кој интернет прелистувач го користите, информации за Вашиот оперативен систем, временската зона, подесувања за јазикот и страни кои ги отворате во рамки на Termin.mk. Ниедна од овие информации не може да ни даде до знаење кои сте Вие, но може да биде сметана за личен податок.
Termin.mk ќе ги користи Вашите информации за повеќе работи, вклучувајќи:
Поради административни цели, односно Termin.mk може да ве контактира за работа поврзана со услугата за која сте регистрирани (пр. да Ви достави лозинка/код, да Ве извести дека одредена услуга е привремено недостапна итн.)
Да Ве извести за промена или новост во нашата услуга
Да го персонализира или подобри начинот на кој содржината на Termin.mk Ви е презентирана со цел да Ви овозможи уникатно корисничко искуство
Преку ИП (интернет протокол) адресата да се одреди локација на корисниците и бројот на посети од различни земји
За одредени работи за кои Вие претходно сте се согласиле да бидете контактирани од наша страна (пр. да Ви испраќаме нови понуди и продукти за кои може да бидете заинтересирани)
Да овозможиме други физички или правни лица да вршат работа во наше име;
Со претходна ваша согласност, да ги предадеме Вашите информации до строго селектирани организации со цел да им овозможиме да Ви ги претстават нивните специјални понуди, производи и услуги кои можат да бидат од Ваш интерес
Секаде каде што Termin.mk има намера да ги употреби Вашите лични податоци за било кои други цели Ве уверуваме дека прво ќе бидете известени за тоа. Исто така, ќе Ви овозможиме да ја повлечете Вашата согласност за употреба на податоците која не ги опфаќа претходно споменатите точки.
Најчесто, Вашите податоци ќе бидат употребувани во рамки на Termin.mk и/или ќе бидат споделени по ваша согласност со трети страни со кои Termin.mk има потпишано договор, а со цел остварување на услуга.
Во други случаи, ние доверливо ќе ги чуваме Вашите податоци се додека истите не бидат побарани од Законот (на пр. од Владини органи или останати служби за спроведување на Законот).
Termin.mk може да Ве контактира во следниве случаи:
Во врска со функционирањето на било која од услугите кои ги нуди Termin.mk, со цел да се увери дека истите Ви се обезбедени соодветно
Кога имате избрано да добивате “newsletter” или други известувања
Да Ве покани да учествувате во анкета поврзана со услугите на Termin.mk (учеството е секогаш незадолжително)
За промотивни цели, за кои претходно се имате согласено (видете точка 5)
Да изнесува обврски кои ги имате кои произлегуваат од Вашето прифаќање на Условите на користење или потпишаниот договор помеѓу Вас и Termin.mk
5. Дали Termin.mk ќе ме контактира за промотивни цели?
Termin.mk нема да Ве контактира за промотивни цели, или да промовира услуги на своите клиенти, освен ако Вие самите не сте се согласиле на тоа.
6. Испраќање на навредлива и несоодветна содржина на Termin.mk веб страната
Ако испратите навредлива, несоодветна или непристојна содржина било каде на Termin.mk веб страната, или ако на било каков начин Вашето однесување вознемирува некого, Termin.mk може да ги искористи Вашите лични податоци за да го спречи истото однесување.
Во случаи кога Termin.mk разумно верува дека вие можеби го кршите законот, Termin.mk може да ги искористи Вашите лични податоци да информира соодветни трети страни.
7. Колку долго Termin.mk ќе ги чува моите лични податоци?
Ние ќе ги чуваме Вашите лични податоци на нашите системи сè додека е неопходно за овозможување на нашата услуга, или сè додека е изнесено на одреден договор кој го имате склучено со Termin.mk. Доколку одлучите да ја откажете Вашата регистрација на Termin.mk, истото можете да го направите веднаш. Генерално, Вашите податоци ќе бидат чувани во системот се додека се потребни за целта за која биле доставени.
Го задржуваме правото повремено да ја ажурираме Политиката на приватност, па оттука можеби би сакале пред секое споделување на Ваши лични податоци со Termin.mk да проверите дали нешто е сменето. Доколку направиме некоја позначајна промена, во тој случај се обврзуваме да Ве известиме преку веб страната. Датата на последната промена на Политиката на приватност можете да ја видите најдолу на странава.
Контактирајте го Termin.mk за Политиката на приватност
Доколку имате било какви прашања или коментари поврзани со оваа Политика на приватност, Ве молиме контактирајте не:
Телефон: 02 311 11 49
e-mail: contact@termin.mk