Најава

Најавете се со Вашиот кориснички профил за да ги користите сите придобивки од Termin.mk!

Регистрација

Брзо е, бесплатно и безбедно! - Искористете ги сите придобивки од Termin.mk!


Сакам да примам новости

Се согласувам со условите на користење и политиката на приватност на Termin.mk

Услови за Користење

Овие Услови на користење, кои може да бидат изменети од време на време, важат за сите наши услуги, директно или индиректно вклучувајќи ги нашите соработници и корисници. Со пристапувањето, прелистувањето и користењето на нашиот веб сајт, вклучувајќи ги направените резервации, вие се согласувате да ги прочитате, разберете и прифатите Условите на користење наведени подолу (вклучувајќи ја и Политиката на приватност). 

Постојат два различни вида на резервација на термини преку Termin.mk:

  • Политика за испраќање на барањe за термин (Термин – Свадба и Термин – Игротека) каде до посакуваната локација се испраќа Барање на термин со што не се врши директна резервација на терминот
  • Политика за резервација на термин (Термин – Спорт) каде со испраќање формулар преку Termin.mk, терминот во спортскиот објект е директно резервиран

1. Политика за испраќање на барањe за термин (Термин – Свадба и Термин – Игротека)

Корисникот се согласува дека ќе испраќа единствено вистинити барања за термин до свадбените локации и игротеките за кои има реална потреба и е подготвен дополнително да стапи во контакт со истите и/или да ги посети со цел подобро да се запознае со условите кои тие ги нудат.

За да биде извршено Испраќањето на барање за термин корисникот не мора да биде регистриран и најавен на Termin.mk. Оттука, тој се обврзува дека при пополнување на формуларот ќе испраќа свои веродостојни податоци до локацијата.

Со самото испраќање на Барањето за термин до одредена локација не се врши директна резервација на терминот. Откако е испратено барање преку Termin.mk, корисникот што го испратил истото ќе биде телефонски или по електронски пат контактиран од страна на свадбената локација/игротеката во рок од 48 часа (свадбена локација), односно 24 часа (игротека). За финална резервација на терминот препорачливо е корисникот и одговорните лица на соодветната локација да договорат состанок на кој би се утврдиле сите детали. Termin.mk се оградува од било каква одговорност доколку во оваа фаза на резервација на терминот поради било која од страните не дојде до финален договор.

Кај Термин – Свадба и Термин – Игротека не се врши директна резервација на терминот преку Termin.mk. Со испраќање на барањето за термин корисникот разбира дека не е направена директна резервација и терминот се уште ќе стои како слободен или делумно слободен за сите други корисници на сајтот се до потврдување на финалната резервација помеѓу корисникот и одговорните лица на локацијата. Во најголем број од случаите, ниеден термин не се води како зафатен се додека не е оставен паричен аванс (капар) за истиот. Termin.mk не е сајт за е-трговија преку кој се врши онлајн плаќање на термините. Плаќањето за термините се врши во самите свадбени локации/игротеки.

Испратеното барање за термин стигнува директно до свадбената локација/игротеката. Termin.mk не е одговорен доколку корисникот не добие никаков одговор за своето испратено барање, или поради одредени технички проблеми кај соработникот, барањето не успеало да пристигне. Сепак, Termin.mk внимателно ќе ја разгледа настаната ситуација и ќе преземе се што е во негова моќ да спречи повторување на истата.

2. Политика за резервација на термин (Термин – Спорт)

Корисникот се согласува дека ќе прави реални и вистинити резервации на термини во спортските објекти и секогаш навремено ќе ги користи истите. Доколку корисникот поради одредени причини не е во можност да го искористи претходно резервираниот термин, истиот е обврзан да го откаже во најбрз можен рок (види подолу политика за откажување на резервации).

За да биде извршена Резервацијата на терминот корисникот мора да биде регистриран и најавен на Termin.mk во моментот кога ја прави регистрацијата. Оттука, тој се обврзува дека при креирање на својот кориснички профил на Termin.mk ќе внесе веродостојни податоци за себе. Притоа, за да биде комплетирана регистрацијата на корисничките профил, корисникот мора да го внесе кодот кој му е испратен по SMS порака на мобилниот уред. Во случај на злоупотреба на системот/софтверот за резервации од страна на регистриран корисник Termin.mk го задржува правото истиот да биде исклучен од базата на Termin.mk. Исклучување на регистриран корисник следува и доколку истиот два пати ненајавено не го искористил веќе закажаниот термин преку Termin.mk.

Со самото испраќање на Резервацијата за термин до одредена локација се врши директна резервација на терминот. Штом е направена резервација на термин преку Termin.mk, корисникот не треба да чека за потврда од спортскиот објект за неговата резервација. Во одредени случаи можно е корисникот да биде контактиран од спортскиот објект за потврда на терминот, но спортскиот објект не е обврзан тоа да го прави. Корисникот кој ја направил резервацијата најодговорно ќе ја искористи истата и соодветно ќе го покрие трошокот. Termin.mk не прифаќа било каква одговорност доколку во оваа фаза поради било која страна не дојде до реализација на терминот или настане било каков друг проблем. Резервација на термини преку Termin.mk во спортски објекти може да реализираат единствено регистрирани корисници на Termin.mk чии податоци се потврдени.

Кај Термин – Спорт се врши резервација на терминот преку Termin.mk. Со направената резервација терминот кој претходно се водел како слободен, не е повеќе слободен за останатите корисници на сајтот. Termin.mk не е сајт за е-трговија преку кој се врши онлајн плаќање. Плаќањето за резервираниот термин се врши во самиот спортски објект.

Резервацијата на термин стигнува директно до спортскиот објект. Termin.mk не е одговорен доколку поради одредени проблеми (вклучувајќи и технички) кај соработникот, корисникот не го добил резервираниот термин. Сепак, Termin.mk внимателно ќе ја разгледа настаната ситуација и ќе преземе се што е во негова моќ да спречи повторување на истата.

Политика за откажување на резервации кај Термин - Спорт

Доколку корисникот не е во можност да ја искористи претходно направената резервација преку Termin.mk истиот е обврзан да ја откаже. Откажувањето на терминот корисникот е обврзан да го направи 1 ден пред почетокот на терминот. Доколку корисникот ја направил резервацијата за истиот ден, обврзан е истата да ја откаже минимум 3 часа пред почетокот на терминот. Доколку пак корисникот направил Last minute резервација, истиот е обврзан да ја откаже во најбрз можен рок. Доколку корисникот 2 пати не го искористи закажаниот термин и притоа не го откаже истиот согласно горе напишаната временска рамка, истиот ќе биде исклучен од базата на Тermin.mk.

Доколку корисникот повеќе од 5 пати го откажува претходно закажаниот термин преку Termin.mk согласно временската рамка за откажување на термин, истиот случај ќе биде разгледан од тимот на Termin.mk и корисникот може да биде отстранет од базата.

Доколку пак повеќе од 2 пати нашиот соработник му ја откаже претходно направената резервација преку Termin.mk на нашиот корисник, и притоа корисникот не е известен по телефон, не е постигната меѓусебна согласност помеѓу нив и/или не е најдена соодветна замена за откажаниот термин, истиот случај ќе биде разгледан од тимот на Termin.mk и соработникот може да биде отстранет од базата.

Број на резервации по корисник кај Термин - Спорт

Еден корисник може да направи максимум 1 резервација на термин во еден ден. Вкупно во денот корисникот може да направи максимум 3 резервации, но сите три резервации мора да бидат за три различни дена (пр. понеделник, четврток, недела). Во спротивно системот нема да му дозволи на корисникот да резервира два различни термини во еден ден. Дополнително, на корисникот ќе му биде овозможено да врши резервација максимум седум дена однапред. Доколку истиот сака да направи резервација повеќе од седум дена однапред, истиот ќе мора да се јави во спортскиот објект и самиот да се договори со одговорните лица. Termin.mk не превзема никаква одговорност доколку корисникот не успее да направи резервација на термин во објектот.

Жалби и незадоволство на корисниците

Ако корисникот е незадоволен од свадбената локација/спортскиот објект/игротеката од било каков аспект, веднаш треба да бидат информирани соодветните лица во истите локации и од нивна страна треба да биде овозможено да се исправи ситуацијата од самиот почеток. Termin.mk не е одговорен за ваквите ситуации и нема да учествува во нивното решавање.

Termin.mk има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на веб сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на сајтот.

Контактирајте го Termin.mk за Условите на користење

Доколку имате било какви прашања или коментари поврзани со овие Услови на користење, Ве молиме контактирајте не:

Телефон: 02 311 11 49

e-mail: contact@termin.mk

Последна промена: Февруари 2014