Најава

Најавете се со Вашиот кориснички профил за да ги користите сите придобивки од Termin.mk!

Регистрација

Брзо е, бесплатно и безбедно! - Искористете ги сите придобивки од Termin.mk!


Сакам да примам новости

Се согласувам со условите на користење и политиката на приватност на Termin.mk

СЦ Борис Трајковски

Мора да сте најавен, за да означите посакувани локации

alt alt alt
Место Спорт Цена
Фудбал Фудбал 2500
Кошарка Кошарка 2000/2500
Одбојка Одбојка 2000/2500
sportski_centar_boris_trajkovski
Не сте најавен/регистриран? Направете го тоа веднаш, и резервирајте го посакуваниот термин. Брзо е, безбедно и лесно! Или јавете ни се
  • Телефон:

    +389 3089 661
  • Телефон:

    +389 76 361 185

Краток опис

Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ е елитен комплекс и претставува единствен центар од мултифункционален карактер на територијата на Република Македонија, како и на Балканскиот Полуостров. Во состав на Спортскиот Центар “БОРИС ТРАЈКОВСКИ” се наоѓа мултифункционална спортска сала која е репрезентативен спортски објект на Република Македонија. Повеќенаменската сала се користи и за културни манифестации. Во самиот комплекс се наоѓа и мала спортска сала која се користи за тренинзи и рекреација. Центарот располага и со ексклузивен фитнес и аеробик центар.Како дел од фитнес центарот се и повеќе сауни за релаксација на спортистите. Центарот располага и со пинг-понг клуб кој е достапен за сите посетители а истиот е дополнет со студио за масажа и mega sun солариум. Во самиот комплекс се наоѓа и куглана подготвена по светски стандарди од меѓународната кугларска федерација со бар, а дел од истиот е и билјард клуб. По изградбата на спортскиот комплекс во состав на центарот влезе и базенот Карпош. Центарот е адаптиран по стандардите на најмодерните спортски центри во САД и е достапен за сите граѓани. Како дел од Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ е и хокеј арената, каде за одржување на тренинзите се букирани тренери , кои се експерти во овој спорт. Во овој објект на располагање на сите граѓани се и тренинзи по уметничко лизгање. Лизгалиштето е достапно и за рекреативно лизгање во период од 10.00-17.00h и 21.00-00-00h. Спортскиот Центар Ви ја нуди основната опрема за започнување на овој спорт (кацига, лизгалки, хокеарски стап, а достапна е и нарачка на дополнителни потребни елементи). Нова содржина која ја пласиравме на маркетот е и Картинг Центарот кој има рекреативен карактер, и располага со осум картинзи кои се од брендот Хонда, а безбедносната опрема е од брендот Спарко. Објектот располага и со кафе бар кој служи за релаксација по возењето.

Мапа на Спортски Објект

View SC Boris Trajkovski in larger map