Невестинските фустани за 2019-та пристигнаа, и нема да бидете разочарани. Од магични сирени до casual шорцеви, инспирацијата за овие венчаници ќе ве изненади.

 

Во продолжение – погледнете ги 10-те најдобри дизајни за пролетни венчаници во 2019.

 

Опседнати со кралски детали

 

Еден од трендовите за пролетта 2019 за кои најмногу се зборуваше секако беше и дизајнот на невестинскиот фустан на кралската свадба. Речиси секоја од колекциите имаше своја верзија на елегантен и свечен фустан која војвотката Meghan Markle ќе го носи кога ќе се омажи со Принцот Хери. Модните писти беа преполнети со магични долги фустани, украсени со накит, круни и други кралски детали.

 

 

Вниманието кон деталите, од богатите материјали, до другите елементи украсен со кристали, го одбележаа трендот за невестински фустани во пролет 2019 како величествен и кралски. За невестите кои сакаат баш така да се чувствуваат на својата свадба, овој тренд за 2019 е добра вест.

 

Невестински моќни костими

 

Трендот на невестински фустани за 2019 носи самодоверба и охрабрување во светот на невестинската мода. Таканаречениот „Power Suit“ се најде на првото место во неколку различни колекции. Истиот е инспириран од идејата дека невестите сакаат да се чувствуваат истовремено и силно и убаво, носејќи нешто поразлично од традиционален невестински фустан.

 

 

Заедно со длабоките „V“ линии, стратешки поставените врвки и острите линии, овој фустан навистина ќе остави силен впечаток на големиот ден.

 

Митски вајб

 

Овие фустани оставаат впечаток како некој да ве маѓепсал, како да се излезени од бајки со прекрасни сирени и магични еднорози. И навистина, кога ќе ги забележите горните делови со форма на школки, боите кои се менуваат кога ги гледате од различен агол и другите минималистички детали, ќе ја почувствувате магијата на овој тренд за невестински фустани за пролет 2019.

 

 

Геометриски шеми

 

Како дел од модерните колекции на невестински фустани е и играта со геометриските форми. Покрај употребата на едноставни геометриски форми, оваа година се забележливи и различните форми на силуетите, распоредот на истите и слично. Од трапезоидни форми до дијаманти и засечени „V“ линии, геометриските форми и шеми дадоа еден неочекуван елемент на трендот за свадбени фустани во 2019 година.

 

 

90-ите се повторно во мода

 

Елегантни фустани со чист дизајн и минимални детали се исто така дел од трендот, кои дефинитивно нѐ потсетија на 90-тите. Многу дизајнери си подигруваа со овие дизајни и во минатите сезони, но може да се каже дека сигурно ќе ги видиме овие фустани во пролет во 2019.

 

 

Инспирирани од балетот

 

Балетот е уште една тема која често се среќава оваа година, која ќе им даде на фустаните во 2019 чувство на романтика и елеганција.

 

 

Дизајнерите употребија ригидни техники (поврзувајќи ја сличноста со балетски движења), за од своите дизајни да создадат нежни и грациозни уметнички дела. Балансот на деликатни материјали и нежни форми го формираат женствениот изглед на овие фустани кој брзо стануваат тренд во целиот свет.

 

Диви цвеќиња

 

На пистите во 2018 се појавија невестински фустани со вински шеми благодарејќи на тогашната опседнатост со зелена декорација. За трендот во пролет 2019, овие декорации се сè уште главната инспирација за многу дизајнери, а посебно дивите цвеќиња се во центарот на вниманието.

 

 

Овие цвеќиња се појавуваат во вибрантни бои, луксузни материјали и деликатни орнаменти, со што создаваат една разиграна, фолк естетика.

 

Инспирирани од вселената

 

Невестинските фустани од оваа сезона навистина не вивнаа до ѕвездите. Различни колекции беа инспирирани од вселенската естетика, со што се создадоа дизајни кои вклучуваат ѕвездени форми. На некои од фустаните можеше да се забележи тридимензионални ѕвездени апликации, додека на други воочливи беа умешно инкорпорираните холографски детали на сукњите.

 

 

Овие космички дизајни создадоа еден модерен изглед, задржувајќи ја едноставноста и флексибилноста на самите фустани.

 

„Edgy“ јакни

 

Еден интересен моден додаток како тренд за 2019 се и кул јакните. Вакви јакни со метални детали се појавија порано годинава, кои дадоа еден рокерски изглед на целата церемонија.

 

 

Спортски изглед

 

Дизајнерите исто така го споија елегантниот со спортскиот изглед, додавајќи секојдневни casual елементи во невестинските фустани. Панталони, едноставни комбинезони, па дури и дресови се појавија на модните писти, со што се потенцираше едноставноста и удобноста.

 

 

Сега кога се инспириравте и го избравте омилениот дизајн за вашата венчаница, најдете го совршениот свадбен термин со Termin.mk и испратете онлајн барање за свадба во 2019!

 

Следете нѐ - наскоро гостински блог текст на оваа тема од една наша млада и позната модна креаторка!