Планираш да ја запросиш, а не знаеш како? Од едноставни и слатки до смешни и необични – вреди да ги погледнеш овие филмски запросувања.

 

Доколку размислувате да го поставите „големото прашање“ или едноставно сакате да се инспирирате, можете да најдете супер идеи во класици или во новите филмови. Еве го нашиот избор.

 

When Harry Met Sally

 

 

Слатко, смешно и типчно Њу-Јорк запросување од една од најдбрите романтични комедии. Навистина романтично, приказна за пријателство кое се претвора во љубов. Harry експлицитно не го поставува прашањето, но намерата се подразбира.

 

Sweet Home Alabama

 

 

Знаеме дека врската во овој филм не завршува добро, но мора да признаеме дека Andrew (Patrick Dempsey) ја запросува Melanie (Reese Witherspoon) на еден од најлуксузните начини. Го затвора Tiffany & Co. на Manhattan само за таа да може да го избере вереничкиот прстен од нејзините соништа. Знаеме дека е ова за повеќето од нас е невозможно, но убаво е да се фантазира за вакво филмско запросување.

 

Little Woman

 

 

Од друга страна пак, и не ви треба прстен за да ја запросите. Во сцената со Jo (Winona Ryder) и Professor Bhaer (Gabriel Byrne) се расчстува заплетот околу тоа која од сестрите March всушност мажена. Иако професорот вика: „...моите раце се празни“, Jo го поправа на еден од најромантичните начини.

 

The Wedding Singer

 

 

За најсмешно-слатко филмско запросување, ja избравме нај 80-ти романтичнаta комедија со Adam Sandler и Drew Barrymore. И мора да признаете дека песната за првиот танц „I Wanna Grow Old With You“ ви остана во глава кога го гледавте филмот, колку и да го мразите.

 

A Walk to Remember

 

 

Ако го гледате овој филм – подгответе си ги марамчињата бидејќи ви ветуваме – ќе плачете. Начинот на кој Shane West ја гледа Mandy Moore ќе ги растопи и најладните срца, а да не зборуваме за крајот на филмот!

 

Love Actually

 

 

Овој филм од 2003-та има многу романтични моменти, но најомилената ни е кога Jamie ја искажува својата љубов кон Aurelia на португалски, додека цел град ги гледа.

 

The Proposal

 

 

Од сцената во канцеларијата до она кога Ryan Reynolds вели: „Омажи се за мене. Бидејќи сакам да излегуваме заедно.“, овој холивудски филм со Sandra Bullock ќе ве инспирира за вашето романтично запросување. Едноставно слатко и смешно.

 

Walk the Line

 

 

Johnny – импулсивен и страстен, а June – прониклива и вистинска. Рингишпилот од емоции меѓу Johnny Cash (Joaquin Phoenix) и June Carter (Reese Witherspoon), е основата на овој неверојатен филм. Запросувањето на бина навистина ја отсликува врската на овие два романтични карактери, а бакнежот на крајот навистина ќе ви ги разнежни срцата.

 

A Star is Born

 

 

Овој нов филм навистина ќе го украде вашето внимание – особено делот со запросувањето. Jackson Maine (Bradley Cooper) прави прстен од жицата на гитарата, ја запросува Ally (Lady Gaga), и решаваат да се венчаат уште истиот ден!

 

Runaway Bride

 

 

Во овој класик од доцните 90-ти, Maggie (Julia Roberts) ја врти ситуацијата и го запросува писателот Ike (Richard Gere), користејќи ги неговите зборови.

 

Pride and Prejudice

 

 

Филм сместен во тешкото минато, со сцена во која истура дожд со Keira Knightley, може ли да биде подобро? За разлика од нивниот катастрофален прв обид за запросување, овојпат може да се ја почувствувате љубовта меѓу Lizzie и Darcy (Matthew Macfayden). И не може да биде подобро од: „Ме маѓепса, тело и душа, и сакам, сакам, те сакам тебе.“ Фала Jane Austen!

 

My Big Fat Greek Wedding

 

 

Понекогаш едноставно запросување е сѐ што ви треба, особено долку фенси и луксузна свадба не е ваш тип! Ian (John Corbett) ја запросува Toula (Nia Vardalos), на начин кој е сладок, секси и едноставно – реален.

 

Сега кога се инспириравте - соберете храброст и поставете го „големото прашање“! А за другиот дел, Термин.мк е тука - погледнете ги слободните термини за свадба во 2019, изберете ја совршената свадбена локација и испратете барање онлајн веднаш!