Секој пар сака да го одбележи стапувањето во брак на несекојдневен и невообичаен начин. Меѓутоа сепак постојат извесни традиционални стандарди кои се очекува да бидат запазени при планирањето на свадбениот термин. Ние ви нудиме неколку интересни и автентични локации кои се надеваме дека ќе ве инспирираат.
Винарија
Винариите во последно време стануваат се попопуларни за одржување на најразличен вид на прослави. Пријатниот и интимен амбиент кој го нудат се главната причина зошто се поголем број парови решаваат токму таму да го прослават почетокот на заедничкиот живот. Полу затемнетиот простор исполнет со дрвени греди и детали, опојниот мирис на виното пружаат несекојдневно искуство. Топлината на затворениот простор, но и градината опкружена со винова лоза даваат раскошен тон на целата приказна. Меѓу останатото не може да не се забележи симболиката и поврзаноста на виното и љубовта. Нашата земја е надалеку позната по квалитетното и вкусно вино, па во духот на традиција прославете ја вашата љубов која ќе ги има одликите на виното – колку подолга толку поинтензивна.
Во близина на вода
Независно дали се работи за река или езеро, самата локација создава извесен свечен и величествен елемент. Близината на водата отвора голем број опции за декорирање, уредување или тематизирање на целиот настан. Имајте на ум дека клучен фактор се и временските услови. Доколку оваа идеја ви се допадне можете да размислите за организирање на вашата свадба на сплав, во ресторан покрај река или поглед на езеро. Водете сметка и за безбедноста бидејќи праксата покажува дека нашите луѓе се специфични по прашањето на прославување, па во близина на вода можат да им паднат на ум секакви работи.
Музеј или историски објект
Доколку сакате вашата свадба да биде од сериозен и свечен карактер музеите и историските објекти се вистинското место за вас. Начинот на кој се градени ваквите зданија е токму со цел истите да пленат со амбиентот кој го нудат. Акустиката на просторот е секогаш на ниво да присутните се чувствуваат како да присуствуваат на кралски обред. Дополнителен мотив за да се одлучите за оваа варијанта е тоа што ќе заштедите бидејќи овие простори се значително поевтини за изнајмување. Речиси секое населено место има по еден објект од ваков тип, па наоѓањето на вашата совршена локација не би требало да претставува проблем.
Ранч или имот
Ранч или имот е совршено место за прослава на свадби во пролетниот и летниот период. Ќе мора да признаете дека духот на овие места плени со романтика и топлина. На нив ќе можете да повикате голем број гости а да успеете да ја задржите блискоста и контактот на сите званици за време на прославата. Децата ќе имаат прилика да се забавуваат на свој начин, а возрасните ќе прослават како во старите добри времиња. Понатаму, имајте в предвид дека просторот ќе можете да го уредите онака како што сакате бидејќи е лесен за адаптација, па до израз ќе може да дојдат и најнесекојдневните декоративни решенија и идеи. Просторот ќе дозволи и да организирате некоја невообичаена активност за да ги анимирате гостите. Со други зборови, препуштете и на имагинацијата да создаде свадба за паметење.
Ако ова ви изгледа невозможно за организација на свадба во Македонија, погледнете ја нашата понуда со најдобрите свадбени локации и слободни термини! Можеби вашата совршена свадбена локација е на само неколку кликови од вас!