“Сине, јас и мајка ти правевме две свадби...” – звучи кул. Дури и ако моравте да ја презакажете вашата свадба, вашиот оригинален свадбен термин e датум кој дефинитивно вреди да се прослави.

 

Паровите насекаде во светот се соочуваат со реалноста да бидат приморани да ја одложат својата свадба поради COVID-19, но што се случува кога ќе дојде денот на првично закажаниот свадбен термин? Додека чувството на благодарност за тоа што сте пред сѐ безбедни и здрави доминира, исто така нормално е да почувствувате и друг вид на емоции на денот кој толку долго чекавте да го прославите. Без разлика дали осеќате разочараност, лутина, надеж, анксиозност, или од се по нешто измешано, вашиот оригинален свадбен термин може се уште да биде супер настан за паметење. 

 

Ако твојата свадба е откажана поради COVID-19, нашиот тим сака да сподели со тебе 5 предлози за тоа како да го поминете вашиот оригинален свадбен термин во вашиот комфорен дом.

 

1. Организирајте си ултимејт date со вашиот партнер

Во ред е, затворени сте како во засолниште и вашето движење е ограничено, но не дозволувајте тоа да ве спречи од организација на најдобриот date night ever со вашиот партнер. Наместете ја сцената со вашето омилено домашно зготвено јадење, коктелите на кои не можете да одолеете, спремете и по некој welcome shot, или клише шампањот – составен дел од секоја свадба... и не заборавајте да ја подготвите вашата омилена playlist-а. Кога сме веќе кај playlist-ата, ако сте по ората, уфрлете и некој сплет за кога ќе кренете по некоја чашка да свртите неколку круга од “малта” во “големта” 😊. Освежете си ја меморијата со фотографии, видеа и меѓусебни ваши пораки, и иако не ова тоа што требаше да се случува на овој термин, сепак е одлична можност да се потсетите помеѓу вас зошто се заљубивте еден во друг.

2. Бидете домаќин на виртуелна забава со вашите пријатели и роднини

Social distancing – супер популарен збор овој период, но сепак не заборавајте да ја одржувате конекцијата со вашите најблиски и оние кои најмногу ви значат, посебно во вакви термини. Додека вашите пријатели може да ги вклучите за време на вашиот date со вашиот партнер, да ви се придружат во одреден дел од вашата вечер, може да биде и одлична идеја секој од вас посебно да си го направи оној денскиот дел од секоја свадба со своите пријатели посебно. Пијанка online со другарите од сабајле, по некоја интерна шала, живели, и во 2 тргаме по невестата 😊.

video_call_wedding_friends_covid-19

3. Онлајн часови по играње

Дечки, па сега сте двајцата дома и имате слободно време повеќе од било кога порано. Ако секако ви беше планот пријатно да ги изненадите вашите роднини и пријатели со супер креативен прв танц, сега е време да го направите тоа. Онлајн курсеви за танц има колку сакате, или едноставно одете на бесплатна варијанта преку YouTube. Одвојте неколку саати деновите пред вашата виртуелна свадба за вежбање, и можеби токму овие моменти ќе ги паметите уште долго. На денот на вашиот оригинален свадбен термин - Zoom или Skype за најпривилегираните, и дечки, одиме во живо. Само живо! 😊

Couple dancing

4. Закажете свадбен филмски маратон 

За некои парови, одложениот првичен свадбен термин ќе им предизвика или премногу емоции, или спротивно пак, нема да им значи ништо, и тие повеќе ќе се ориентираат кон својата гарнитура поред телевизорот, отколку танцување низ дневната соба. Вкусови 😊. Ако сте дел од оваа категорија, можете да размислите за ден поминат пред телевизорот, винце и филмски маратон со свадбена тематика. Wedding crashers, My Big Fat Greek Wedding, Mamma Mia!, American Wedding, Father of the bride, The Hangover, The Wedding Singer, продолжете со набројување... Добро да се насмееме за пропаднатиот свадбен термин, па што да не.

movie_night_covid_19

5. Поминете го денот во планирање 

Ништо од планот А, но тоа не значи дека план Б не може да излезе и уште подобро од првичната замисла. За оние парови кои се повеќе од акција, планирајте на вториот свадбен термин на денот на првиот, може да биде забавно и да делува смирувачки. Стапете во контакт со вашите свадбени соработници и поразговарајте за одредени детали за кои сте немале време претходно. Доколку имавте направено од оние свадбени веб страни, сега е време да си ги доработите и да ги ажурирате со уште по кул материјали. Дури и да немавте таква веб страна, можеби сега е време да размислите да си направите еден свадбен ваш личен вебсајт, и доколку се потрудите повеќе може на крај да излезе супер кул идеа и pre-wedding забава за вашите најблиски. Playlist-ата, никогаш доволно време за неа, и секогаш ни фали некоја песна... сега имате време да размислите дали сте заборавиле некоја нарачка. Сите сме затворени дома, а мечтаеме за песочна плажа или планински врв. Направете си подетално истражување и скратите ја листата на локации кои би ги посетиле за вашиот меден месец. Ако се чувствувате супер амбициозни, направете ревизија и на финансиите и погледнете што би можеле да промените кога се во прашање истите.

 

Додека овој термин ќе биде дефинитивно многу поразличен од првичната ваша замисла, сепак може да биде многу значаен за вас ако одберете да бидете креативни и да го одбележите на начинот на кој пред сѐ најмногу на вас ви одговара. И не заборавајте да “удрите” по некоја фотка, да ставите Insta Story, па и да не тагнете на Instagram 😊.