Планирање на свадба за 6 или помалку месеци? Звучи невозможно, но тука сме да ви кажеме дека може да се изведе! Верувајте, сме виделе совршено организирана свадба за 3 месеци, па дури и за помалку време, и секако, им се воодушевуваме на оние парови кои знаат да го направат ова за толку кратко време.

 

Па, во што е тајната? Ги собравме најважните работи кои сметаме дека ќе ви помогнат да ја организирате свадбата од вашите соништа за кратко време. Обрнете внимание и почнете да запишувате, еве ги нашите совети.

 

1. Бидете одлучни

 

За тоа малку време кое го имате на располагање, ќе го немате луксузот да пребараувате идеи со денови на Pinterest, или да го менувате планот со секоја нова фотка или видео на кое ќе налетате на Facebook.

 

Затоа, најдобро е да имате чиста визија за големиот ден, со поставување на неколку клучни елементи како општиот изглед и чувство кое сакате да го постигнете на вашата свадба, боите и слично. За да заштедите време и да избегнете дополнителен стрес, намерно лимитирајте ги вашите опции. Не се обидувајте да изберете од 80 различни цветни аранжмани или 15 различни фризури. Размислете за општата слика, изберете 2 или 3 можности кои одговараат на целиот концепт и изберете ја омилената.

 

 

Знаете што сакате, па така - не се двоумете! Кога ќе донесете одлука, пречкртајте ја засекогаш од листата и продолжете понатаму.

 

2. Активно следете и одговарајте на пораки

 

Добро, ова и не мора да ви го кажеме, но ќе се изненадите колку лесно може да заборавите некој важен елемент со тоа што сте заборавиле да го проверите вашиот email или Facebook Messenger! Луѓето со кои соработувате, свадбените локации,  кетеринг компаниите, дизајнерите, бендовите и слично, работат со краток рок, па така, не чекајте една недела за да им одговорите или да донесете одлука.

 

 

Барем во периодот кој ви преостанува за планирање на свадбата, бидете активни и следете ја комуникацијата со луѓето со кои соработувате, а се најважни за совршена организација. Маркирајте ги новите email пораки како „Unread“ со цел лесно да им се навратите подоцна, и нека ви биде лична цел да одговорите за 1 до 2 дена.

 

На овој начин, вие и другите соработници сте навремено информирани за сѐ, па полесно се носат важните одлуки.

 

3. Изберете го свадбениот термин во зависност од локацијата

 

Многу од локациите ги резервираат своите термини цела година (или повеќе) однапред, па така вашиот најголем приоритет е да резервирате термин во избраната локација - најбрзо што може! Краткот период за организирање на вашата свадба значи и дека ќе имате помалку избор, но тоа не значи дека не можете да најдете супер локација за вашата прослава.

 

Бидете флексибилни и не се држете до фиксен датум. Контактирајте ги локациите и прашајте кои термини им се слободни во периодот кој сте го избрале. Бидете отворени и кон нетрадиционални свадбени термини, како петок или недела

 

А за да заштедите уште повеќе време, веќе знаете дека на Termin.mk може да го најдете вашиот термин за свадба онлајн, брзо и лесно, и тоа според омилената локација!

 

Направете листа од омилените свадбени локации, додадете и некои необични и контактирајте ги почнувајќи од најомилената. Кога ќе најдете термин кој ви одговара вам и на вашиот партнер, резервирајте го и престанете со пребарувањето! Запомнете, мора да бидете одлучни!

 

 

4. Не се плашете да побарате помош или да поделите обврски

 

Да бидеме искрени, никој не очекува од вас сами да ги завршите сите обврски околу свадбата, уште помалку кога станува збор за свадба за помалку од 6 месеци. Вашето семејство и вашите пријатели исто така сакаат вашата свадба да биде совршена, затоа - обратете им се за помош. 

 

Познавате фотографи, музичари, дизајнери или готвачи? Супер! Контактирајте ги, споделете ги вашите идеи, ислушајте ги нивните и замолете ги да ви помогнат со планирањето и контактирањето на соработници. Поделете ги обврските и водете евиденција.

 

 

Мал совет - може да креаирате документ кој ќе го прикачите на Google Drive и ќе го споделите со сите кои се вклучени во организацијата. На овој начин, секој може да го запише својот прогрес, па може да ги следите сите детали.

 

5. Купете веќе готов фустан

 

Знаме дека фустанот е најважниот дел за секоја невеста, но што да правите со толку малку време на располагање? Едноставно, изберете веќе готов или изберете дизајн кој е едноставен за изработка, но секако, ќе ви се допаѓа.

 

 

За крај, бидете одлучни, бидете активни и вклучете се во сите елементи на планирањето, но не се плашете да побарате помош. И така, ќе ја организирате вашата совршена свадба за помалку од 6 месеци! Ајде, веќе знаете што треба да направите - започнете со Termin.mk.