Планирањето на буџетот за свадбата знае да биде вистински предизвик, особено кога она што го сакате и мислите дека е совршено за вас, чини малку повеќе од планираното. Меѓутоа, ви ветуваме дека на крај на денот, нема да ви биде жал што сте потрошиле малку повеќе за вашата свадба, сепак тоа е најголемата и најзначајната забава која ќе ја организирате.

 

Па, кои се трошоците за свадба кои паровите не ги жалат?

 

Видео

 

Една слика – илјада зборови. Едно видео – илјада слики. Така ли ќе му дојде? :)

 

Без разлика што вашиот фотограф е неверојатен, со видеото можете најубаво да ги доловите најважните моменти. Верувајте, ќе ви биде мило што сте одвоиле нешто повеќе за добро видео. Најголем дел од паровите воопшто не ги жалат дополнителните средства кои ги издвоиле за совршеното свадбено видео. Дрон, 3D камера и користење на други "играчки" може да го направат вашето свадбено видео да изгледа филмски. 

 

 

Плус, на денот на вашата годишнина можете да се опуштите, да отворите шише шампањ и да се потсетите на големиот ден заедно со вашиот партнер.

 

Свадбена локација

 

Секој сака да ја организира совршената свадба и да ја најде локацијата од соништата. На прв поглед, можеби изгледа тешко да ја најдете свадбената локација која ќе се погрижи за сите ваши детали, и истовремено одговара на вашиот животен стил, меѓутоа тоа сега е полесно отколку што мислите. 

 

На Термин.мк може да ги погледнете скопските локации за свадби, да ги погледнете одблизу со 360° виртуелните тури и фотографии, да ја изберете омилената и да го најдете совршениот термин за свадба!

 

 

И навистина, доколку сакате сè да биде под конец, не треба да штедите при изборот на локацијата за вашата свадба. Препуштете ја организацијата на вашата свадба на професионалци! 

 

Музика

 

Тука не треба да правите компромиси. Музиката е најголемиот дел од свадбената забава, па дополнителниот трошок не треба да ве загрижува. Доколку чувствувате дека на забавата и е потребен ретро DJ и модерен џез квартет, ангажирајте ги и двете.

 

 

Верувајте, нема да зажалите. Само прашајте ги вашите пријатели дали повторно би ангажирале поевтин бенд или DJ, или би скратиле на музиката само за да заштедат.

 

Фризура и шминка за невестата

 

Тука и нема многу што да се зборува. Ниту една невеста нема да штеди или да го зажали трошокот за шминка и фризура (освен ако не ѝ ги погодат нели). Шала на страна, сакате да изгледате најубаво на магичниот ден, па овој трошок нема да ве загрижува.

 

 

Невестински фустан

 

Се разбира - невестинскиот фустан, еден од најважните елементи на било која свадба. Едноставно, кога ќе го најдете совршениот фустан без кој не можете да ја замислите свадбата, не размислувате многу околу цената, и сигурно не ги жалите парите. Погледнете ги советите од нашата млада модна дизајнерка Евгенија Зафировска околу изборот на невестински фустан.

 

 

Венчален прстен

 

Најстариот и најзначајниот симбол на вечната љубов - венчалниот прстен. Се разбира, не е важно дали бурмата е скапа или не, но доколку навистина сте ја нашле совршената, вреди да издвоите повеќе.

 

 

Кетеринг

 

За крај, свадбата мора да биде совршена, како за вас, така и за вашите гости. Квалитетните и професионални кетеринг компании ќе се погрижат за беспрекорна подготовка на мени по ваш вкус, правејќи ја вашата забава уникатна и незаборавна.

 

Без разлика дали размислувате за кетеринг услуга во вашиот дом, пред свадбената прослава, или за време на прославата во свадбената локација, оставете за ова да се погрижат професионалци додека вие безгрижно се забавувате. 

 

 

Комплетирајќи ги најважните елементи за вашата свадба, јасно е зошто најголемиот дел од паровите не штедат кога станува збор за истите. Па, дали и вие би постапиле исто?