Веќе ви е познато чувството... срцето ви затреперува, дланките почнуваат да ви се потат, почнувате да изгледате како реална верзија на емоји со срценца на очите 😍. Вие сте заљубени... во вашата свадбена локација. Во ред, можеби нема да се осетите како кога го запознавте или вашиот сопружник, но е прилично блиску :)

 

Вашата свадба дефинитивно ќе биде една од поголемите прослави во вашиот живот, па внимавајте на овие знаци кои укажуваат на тоа дали сте ја одбрале правата локација.

 

Локација, Локација, Локација

Прво, размислете каде сакате да ја направите свадбената прослава – кој град, или можеби и која држава. Кои се предностите да одберете свадбена локација која се наоѓа во градот во кој живеете во моментот, или можеби сакате да биде авантуристи и да одберете локација на вашето омилена туристичка дестинација или пак да уредите некое несекојдневно место во околината на вашиот град (внимавајте, ова последново може да ве чини и значително повеќе пари и време). 

 


Дискутирајте ги сите опции со вашиот сопружник и фамилија и одберете свадбена локација која ќе биде најдобра за сите. 

 

Неверојатни фотографии

Од специјализирани портали за свадбени локации до нивните профили на Termin.mk, со сигурност ќе најдете соодветно изработени фотографии кои ќе ја доловат свадбената локација уште пред истата да ја посетите. На Termin.mk можете дел од локациите да ги погледнете и низ 360° виртуелна тура. Погледнете кај некои од сликите на кои има реални свадби – дали вие се гледате наместо фотографираните парови? Можете ли да си го замислете вашиот прв танц на подиумот на локацијата? Ви се допаѓа ли распоредот на салата и како изгледа истата декорирана? Ако одговорите се сите да, треба дефинитивно да ја разгледате таа свадбена локација. 

 

 

Критики и препораки

Еден од првите чекори за проверка на локација е да прочитате и да се распрашате за препораки. Читањето на препораки и критики за свадбените локации може да ви ја прикажат вистинската слика за локацијата, нешто што на фотографиите и видеата не можете да го видите. Препораки за локацијата, освен од ваши блиски пријатели и роднини, можете да најдете онлајн, на одредени форуми, и многу наскоро, со Termin.mk 2.0, ќе биде овозможена опција за оценка на локациите од страна на младенците кои правеле свадба во истите. Стеснете го изборот на 4 до 3 локации и направете план лично да ги посетите.

 

Вашиот стил

Локацијата која ќе ја одберете е еден од најважните индикатори за стилот на свадбата кој ќе го негувате. Доколку вашата свадба ја замислувате супер формално, размислете за свадбен ресторан, хотелска сала или event простор. Ако сте за по “кежуал” варијанта, плажа на некое од македонските езера, или можеби во соседните држави, хангар во околината на градот или друга локација специјално уредена за вашата свадба, или пак некоја од невообичаените свадбени локации на Termin.mk може да биде вашиот избор. 

 

 

Одговара на вашиот буџет

За жал, кај нас, ова можеби е и најважниот “знак” при изборот на вашата свадбена локација. Финансиите мора да ви бидат средени пред да почнете со пребарувањето на свадбената локација. Најдобро е да испитате претходно колку отприлика чинат свадбените ликации пред да почнете детално да ги разгледувате... не би било пријатно да се заљубите во свадбена локација што не би можеле да си ја дозволите. Кај поголем дел од рестораните на Termin.mk може да ги погледнете минималните цени на менијата, па тоа може да ви биде добра појдовна точка.  

 

Капацитетот

Сигурно точна бројка на гости нема да знаете речиси до пред самата свадба. Но, мора да имате проценка во глава отприлика колку гости планирате да викнете. Доколку стане знак прашалник капацитетот на ресторанот за свадби кој го разгледувате, и се двоумите дека нема да има доволно простор (посебно за ората 😊), тогаш можеби е тоа знак дека треба да продолжите со потрагата.  

 

Тимот е чиста 10ка 

Да ја пронајдете свадбената локација е една работа, но речиси исто толку важно е да се осигурате дека луѓето кои стојат позади истата се отворени и лесно достапни за работа. Ќе поминете значително време со менаџерите или сопствениците на свадбената локација, па бидете сигурни дека тоа се луѓе во кои имате доверба и добро се согласувате при организацијата. 

 


На Termin.mk секогаш се трудиме да работиме со професионалците во индустријата, па тргнете од тука 😊. 

 

Љубов на прв поглед

Можеби нема да биде како љубовта на прв поглед со вашиот партнер, но е многу веројатно да ви се случи инстант реакција кон одредена свадбена локација. Секако, додека мора да го помине тестот за цена и капацитет, позитивно чувство за локацијата дека таа е онаа вистинската е многу важен индикатор. Ако при самото стапнување во истата вие веќе знаете и можете да си замислите како ќе бидат поставени цвеќињата во просторот или целосно како ќе ја уредите и осветлите – тоа е одличен знак. 

 

 

...И секако, терминот е слободен! 😊

Можеби имате конкретен свадбен термин во глава – и во тој случај, ултимејт “знакот” дека свадбената локација е правата, е дали истиот е слободен или не. Бројот на свадбени локации во Скопје значително се зголеми изминатава година, но терминот сабота знае да биде голем проблем... па така, би ви предложиле со време да си пребарате термин и да си испратите барање преку Termin.mk. 

 

 

Или, доколку сте пофлексибилни, можеби ги преферирате работите од другата страна – да се заљубите во свадбената локација прво, потоа да одберете термин базиран на тоа кога е слободно. Секако, ова е поризичниот начин, кој значително ни го одзема времето, а посебно денес, на сите ни е луксуз!