Соочување со големо количество на стрес е нешто со што се соочува речиси секој пар за време на планирањето на сопствената свадба. Стресот често е предизвикан од ситници, како на пример изборот на цвеќе, чевли, облека, накит и сл. сѐ со цел да се исполнат општествените и лични очекувања.
Главната причина за огромното количество на стрес кај младенците е обидот да се испланира совршената свадба. Истовремено, како што налага традицијата мора да бидат задоволени и некои традиционални елементи, не баш омилени кај модерните парови. Дополнително „масло на оган“ додаваат притисокот на околината, семејството пријателите и нивните совети и лични видувања поврзани со свадбата. Разни ритуали, традции, оро мора да се заигра, што е тоа вегетаријанско мени, без трубачи нема свадба моменти и сл. ќе застанат помеѓу вас и вашата совршена свадба.
Пред воопшто да започнете со планирање на вашата свадба, поставете си реални очекувања. Невозможно е да ги задоволите сите инволвирани страни. Меѓутоа, не е ни потребно да им угодите на сите, ниту пак да ги прифатите сите сугестии. Сепак, тоа е ваш ден, иако гостите имаат голема улога. Свадбената прослава планирајте ја онака како вам ви одговара. Нормално, ќе морате да се погрижите за некои сегменти како на пример избор на менито и начинот како да ги анимирате гостите. Меѓутоа, изборот на венчаница, чевли, букет и сл. се ексклузивно ваши. Затоа, не дозволувајте им на добронамерните тетки, стрини, баби и сл. да се меша во вашите одлуки и така уште во самиот старт симнете си од грбот значителен дел од стресот.
Во продолжение ќе ви предложиме неколку корисни совети, кои нема комплетно да го елиминираат стресот, меѓутоа со сигурност ќе го намалат интензитетот па, вреди да се проба.
Направете детално он-лајн истражување
Најпрво, квалитетно информирајте се во врска со организирањето на настан од ваков вид. Со брзо пребарување он-лајн можете да најдете мноштво планери посветени токму на организацијата на свадба и замислени да одговорат на сите ваши прашања поврзани со оваа тема. Во нив најчесто можете да најдете листа со сите потребни работи поврзани со организирањето, но и самата церемонија. Покрај тоа, веќе се појавуваат голем број мобилни апликации кои ќе можат да ви асистираат.
Издвојте време за себе
Испланирајте секојдневно да издвоите време за опуштање. Во извесен момент со сигурност ќе дојдедете во ситуација кога нешто нема да оди според планот. Барем 20-тина минути на ден посветете само на себеси. Практикувајте јога, пилатес, прошетајте го кучето во парк или било што друго што ќе ви ги оттргне мислите од она што ве окупира преку целиот ден. Важно е, за време на планирањето на вашата свадба, да го продолжите со вообичаениот живот и рутина и не дозволите тоа да ве окупира 24 часа на ден.
Одредете ги вашите приоритети
Фокусирајте се на најважното, за останатото ангажирајте помош. Независно дали се работи за професионален планер или некој од вашите роднини или пријатели, нужно е да побарате помош. Организацијата на свадба е преголема работа па ефективно поделете ги обврските.
Посветете му внимание на вашиот партнер
Сепак, целата оваа се случува поради вас двајцата. Испланирајте да поминете време заедно, потсетете се на моментите кога сте се запознале, на почетокот на она што наскоро ќе го крунисате со брак. На тој начин ќе ги избегнете расправиите кои се чести во стресни моменти и неретко им прават проблеми на паровите непосредно пред бракот.
Не оставајте ништо за последен момент
Целиот план спроведете го во дело на време. Денот пред самата свадба искористете го за да се одморите и наполните со енергија. Пред вас е долг и исполнет ден со активности и емоции...
Дозволете ни нам да да ве ослободиме од непотребниот стрес! Ние Ви нудиме најлесен начин да ја одберете вашата свадбена локација, увид во слободните термини и да испратите барање за посакуваниот термин електронски!