Бившиот планинарски водич и алпинист Џеј Филбрик нуди адреналинска и екстремна свадбена фотосесија носејќи ги младите парови да позираат на работ од карпа на висина од 106 метри над длабока провалија. Нормално, сето тоа обезбедено со потребната алпинистичка опрема за да се спушти парот дотаму и под строги и прецизни инструкции од самиот фотограф кој има големо искуство во алпинизмот.

extreme-wedding-photopgraphy01

extreme-wedding-photopgraphy3

extreme-wedding-photopgraphy14

„Ги спуштаме невестата и младоженецот до гребенот со помош на специјализирана опрема за таков потфат, каде ја правиме фотосесијата. Безбедноста е на високо ниво со сета таа опрема. Всушност, ние повеќе ризикуваме за време на возењето до самото место и назад, отколку што има ризик во самиот потфат, кој пак, од друга страна, нуди импресивно адреналинско искуство кое трајно се врежува во меморијата на младите парови“, вели идејниот творец на ваквиот начин на свадбена фотосесија, Филбрик.

extreme-wedding-photopgraphy2

extreme-wedding-photopgraphy4

extreme-wedding-photopgraphy5

extreme-wedding-photopgraphy6

Денес предсвадбените фотосесии се тренд кој го практикуваат младите брачни парови и позираат во најразлични отворени средини, од паркови, локалитети со стара архитектура, напуштени објекти, полиња и други нестандардни локации кои веќе влегоа во концептот за венчални фотографии. Сепак, понудата од Филбрик, со својот адреналински сегмент, е нешто кое ги надминува и овие неконвенционални фотографски производи. Уникатно и незаборавно, со два збора кажано.

extreme-wedding-photopgraphy7

 

extreme-wedding-photopgraphy12

„Често висам над провалијата, пред самиот гребен, некогаш над местото каде што позираат младоженците, а некогаш сум и заедно со младиот пар на самата ивица каде што се прави фотосесијата“, објаснува Џеј. Фотошоп уредувањето на фотографиите е сведено на минимум, сепак, Филбрик вели дека често ги отстранува во постпродукција оние природни елементи кои му пречеле во кадарот, како безбедносната опрема која ја носат младоженците.

extreme-wedding-photopgraphy8

extreme-wedding-photopgraphy9

Целиот потфат трае 90 минути, а гребенот на кој се прави фотосесијата се наоѓа на White Mountains во Њу Хемпшир.

extreme-wedding-photopgraphy10

 extreme-wedding-photopgraphy13

 extreme-wedding-photopgraphy011

Идејата на Филбрик би можела да ги инспирира и мотивира и македонските фотографи кои работат свадбена фотографија да се обидат да воведат вакви или слични иновативни пристапи кон предсвадбените фотосесии за младите брачни парови кај нас. Во меѓувреме, ѕирнете тука што можат да направат "нашите", и тоа на попуст, по супер цена, само за Вас ☻ 

extreme-wedding-photopgraphy15

extreme-wedding-photopgraphy16