Свадба во 2016? Одлично, ова патување е можеби токму за Вас ☻

 

По повод 2 години Termin.mk на македонскиот пазар, на најсреќниот од Вас ќе доделиме супер свадбено патување:

  • Егзотичен меден месец во Барселона

Што вклучува патувањето?

  1. Два повратни авиобилети  Скопје-Барселона-Скопје во месец Октомври 2016 со вклучени аеродромски такси и основен багаж - BASIC  (дополнителен багаж се доплаќа согласно правилата за цена на карта и багаж на Wizz Air)
  2. Три ноќевања во хотел со 3 ѕвезди во Барселона

Како да учествувам во промоцијата?

За да се стекнете со право за учество од Вас бараме само да си ја олесните потрагата по слободниот термин за свадба ☻ Како?

 

  1. Разгледајте ги најдобрите локации за свадби во Македонија
  2. Пребарајте слободни термини за периодот кој Вас Ви одговара 
  3. Испратете електронско барање за термин до локациите кои се по Ваш вкус (барањето треба да биде пратено во период од 16.03.2016 12:00 до 15.05.2016 23:59)
  4. Резервирајте го терминот во една од локациите каде претходно испративте барање за термин
  5. Испратете потврда на contact@termin.mk за Вашата успешна резервација најдоцна до 16.05.2016

Доколку не Ви е јасно, погледнете тука како се испраќа електронско барање за термин во свадбените локации.

2_godini_terminmk_patuvanje_barcelona

Правила

 

  • Организатор

 

Oрганизатор на промоцијата е компанијата ФИЛНИНО ВЕЈ ДОО – Скопје (Termin.mk). Организаторот го задржува правото во кое било време и без претходно известување, да укине или да измени било кој од наведените Правила. Затоа, корисниците се должни повремено да ги прочитаат информациите содржани во Правилата, за да бидат информирани за таквите измени. Каква било измена на правилата ќе стапи на сила веднаш откако ќе биде објавена на веб страната www.termin.mk.

 

  • Времетраење

 

Промоцијата ќе започне во Среда 16.03.2016 година во 12:00 часот и ќе заврши во Недела на 15.05.2016 година, во 23:59 часот. 

 

  • Учество

 

Во промоцијата можат да учествуваат сите физички лица кои ги исполнуваат горенаведените услови, освен вработените во компанијата ФИЛНИНО ВЕЈ ДОО – Скопје и нивното потесно семејство. 

 

Организаторот на промоцијата го задржува сите права на дисквалификација од истата на сите оние учесници што не ги исполнуваат условите и правилата на учество.

 

  • Спецификација на промоцијата

 

Добитникот на патувањето ќе биде објавен на веб страната www.termin.mk на ден 17.05.2016 година. Добитникот ќе биде известен за промоцијата преку email и по телефон. Истиот ќе биде објавен со името и презимето со кој го пратил барањето. Во случај да има двајца учесници со исто име и презиме дополнително ќе биде објавена и email адресата на добитникот. Добитникот на патувањето “Егзотичен меден месец во Барселона” ќе треба во рок од 20 дена да го потврди истото. Доколку добитникот не го потврди патувањето истото останува во сопственост на организаторот. Пaтувањето не може да биде заменето за парични средства. Од моментот на подигнување на картите за патувањето од страна на добитникот, или пак од страна на лицето кое е овластено да ја подигне промоцијата, завршуваат сите обврски, односно ингеренции од страна на организаторот на промоцијата  – компанијата ФИЛНИНО ВЕЈ ДОО – Скопје.

 

ВАЖНО:

 

  • Учество во промоцијата ќе земат сите испратени и резервирани електронски барања почнувајќи од 20.02.2016, дата кога Termin.mk oфицијално наполни 2 години. Доколку сте испратиле електронско барање и во меѓувреме го резервиравте терминот, контактирајте не.
  • Под потврда за резервација се подразбира реализирана свадба или потврда од локацијата дека свадбата е резервирана. Барањето за термин за свадба треба да биде испратено преку www.termin.mk до 15 Мај 2016 година, но истото може да се однесува и за релизација на термин и по 15 Мај 2016 година

  • Испратено електронско барање за термин по објавата на промоцијата (16.03.2016 година) на веќе претходно направена резервација во самата свадбена локација нема да се земе во предвид за учество во промоцијата

  • Испратеното електронско барање за термин, не мора да е исто со терминот кој е резервиран во локацијата

 

Патувањето нема да биде доделено на вистинскиот добитник доколку:

 

  • тој/таа не направил резервација во свадбената локација на Termin.mk, или пак во меѓувреме ја откажал направената резервација (за направена резервација ќе се смета оставен капар во свадбената локацијата и истата мора да биде потврдена и од страна на свадбената локација)
  • тој/таа не е во можност да го искористи и/или подигне истото во предвидениот рок (во случај на болест, виша сила или некои останати непредвидени ситуации)
  • тој/таа не достави валиден документ за лична идентификација (лична карта или пасош)

 

  • Извлекување на добитниците на промоциите

 

Извлекувањето ќе биде на 17.05.2016 година во 12:00 часот по случаен избор од автоматизиран електронски систем. Добитниците ќе бидат објавени на страната www.termin.mk.

 

  • Заштита на лични податоци

 

Личните податоци кои се внесуваат на веб страната www.termin.mk и кои се испраќаат до организаторот, ќе бидат исклучиво користени за потребите на веб апликацијата Termin.mk. Корисниците се согласуваат за обработка на податоците за целите на Termin.mk.

 

  • Одговарање на прашања

 

Сите прашања поврзани со начинот на учество или промоциите можете да ги поставите на нашата е-mail адреса: contact@termin.mk

 

  • Дисквалификација

 

Организаторот има овластување да го дисквалификува секој учесник, за кој се сомнева дека не учествувал во согласност со наведените правила. Одлуките на организаторот во поглед на можните дисквалификации, се конечни.