Долго време класичната свадбена торта владееше со масата на младенците и беше главното "блашко" на секоја од свадбите низ државава... но пристигна времето за промена, време на креативни благи и слатки кои освен што ја прават вашата свадба уште повкусна, додаваат и уникатна декорација која совршено може да се вклопи во целиот свадбен амбиент. 

 

Свадбената слатка маса е место каде што може да стои вашата свадбена торта и таа е придружена од безброј други вкусни и шарени слатки кои се декорирани така што одговараат на целата тематика на вашата свадба.

 

Направивме мало истражување и наидовме на неколку уникатни стилови на свадбени слатки маси што можат соодветно да се вклопат со сечија тематика на свадба:

Минималистички

 

„Помалку е повеќе“ - Кога правите минималистички стил на свадбена маса, потребно е се да е едноставно. Со други зборови, да нема предекорирани слатки или пак премногу слатки на масата. Нивната убавина ќе блиска преку нивната едноставност и празниот простор на масата. Принцип на служење - first come, first serve! ☺️

Рустичен

 

Најдобар начин да го доловите овој уникатен стил на слатка маса е со користење на дрвени објекти кој ќе бидат комплементирани од тоновите на природата и од декорацијата на вашите слатки. Така, вашата слатка маса ќе добие уникатен рустичен и елегантен изглед.

Романтичен

 

Со комбинацијата на темни бои и нежни, бледи бои, вие можете да го претставите задимениот тон на една романтична вечер на вашата свадбена слатка маса. Елегантно декорирани слатки, ливчиња од цветови и миризливи свеќи се главните елементи на овој романтичен и модерен стил на свадбена маса.

Vintage

 

Заменете ја традиционалната слатка маса со било каков стар апарат, мебел или уред, декорирајте го со разновидни слатки и тој ќе ви овозможи да дадете уникатен vintage изглед на вашата свадбена слатка маса.

Бохемиски

 

Кога сакате да создадете бохемиски изглед на вашата свадбена слатка маса, потребно е да направите комбинација од флора и фауна. Декорацијата на вашите слатки може да биде во пастелни бои и тие да се придружени од уникатни текстилни материјали со цел да се добие еден алтернативен и ексцентричен изглед на вашата свадбена слатка маса.

Традиционален

 

Традиционалниот стил на свадбена слатка маса е таков што традиционалната свадбена торта ја дели на повеќе помали тортички кои се украсени со цветни декорации со цел да се добие свечен и модерен изглед.

 

Кај нас има неколку услуги кои што се стремат да ја заменат или пак да се надодадат на традиционланата свадбена торта, како на пример Слатки Нешта (Sweet Things) и Fluffy Mini Pancakes.

Слатки Нешта

 

Прават изработка на слатки маси со комплетно сладок кетеринг. Рачно цртани путерни колачиња, декорирани мафини, крофни, јадливи слатки цвеќиња и многу други слатки нешта што би ја надополниле слатката маса за уникатен и беспрекорен изглед. Контактирај ги преку Termin.mk, дознајте како да си обезбедите 20% попуст и креирајте ја вашата слатка маса која најмногу одговара на стилот на вашата свадба. 

 

Fluffy Mini Pancakes

 

Супер вкусни, пуфкасти, мини палачинки прелиени со слатки преливи и крцкави додатоци. Палачинките се правени по оригинален Холандски рецепт, подготвени на начин специјализиран за таа намена. Fluffy Mini Pancakes се единствени во Македонија и овој сладок деликатес може да ви служи како замена за традиционалната свадбена торта. Дополнително, Флафимобилот сигурно нема да остане незабележан од гостите и ќе биде уникатен декор на вашата свадба. Дознајте како до 17% попуст единствено преку Termin.mk

 

 

Сите овие стилови се уникатни на свој начин и тимот на Termin.mk ви гарантира дека слатка маса или друго уникатно благо на вашата свадба, ќе ги направи вашите гости уште посреќни 😋.