Тешко, непредвидливо и тензично време е за сите, а прашањето што во моментов си го поставуваат идните брачни парови, луѓето инволвирани во индустријата, па дури и самите гости е - што ќе биде со свадбите за време и по COVID-19? Различни шпекулации околу протоколите се шират не само кај нас, туку и во целиот свет.
Како полека земјите ќе прогласуваат “победа” против COVID-19 и ќе се отвораат границите, новото нормално за тоа како свадбените прослави и настаните ќе се одржуваат ќе бара од секого некаква адаптација. Сите земји е многу веројатно дека ќе ги редефинираат групните собири, барем додека не се добие финална информација од СЗО и останатите релевантни институции за “крајот” на пандемијата.
Додека трае неизвесноста, се обидовме да направиме мало истражување на тоа како светските експерти од свадбената индустрија гледаат на идните свадби, за кои ние веруваме дека како термин и во иднина ќе останат еден од најголемите денови на младите.
Потенцираме дека ова се само предвидувања и гледишта на светски експерти од индустријата, а сите правила и протоколи ќе се разликуваат од земја до земја. Едно е сигурно, среќата и славењето на љубовта преку свадбите на долг рок ќе закрепне и опстои и по COVID-19. Не само кај нас, туку и насекаде во светот.
Што да очекуваме од мерките за безбедност и заштита на здравјето
Сите свадбени локации ги разгледуваат можностите на нивните простори – не да го искористат максимално капацитетот, туку да обезбедат безбедна средина согласно новиот светски термин познат како “COVID-compliance”. “Свесноста за здравјето и безбедноста многу веројатно е да биде долготраен ефект и по COVID-19” – изјави свадбениот планер Annie Lee. “Свадбените локации и event простори ќе мора да преземат екстра мерки за заштита, како додавање на бесконтактни чешми, санитарни станици, како и зголемена будност кога е во прашање чистењето”.
Подолу може да ги најдете дополнителни чекори кои светските локации и планери ги адресираат кога се во прашање свадбите во време на COVID-19 – кој значително влијае на сите групни настани.
Инвентивни решенија за средства за дезинфекција на раце
Кога ќе се земат во предвид движењето на гостите низ просторот, допирот со столчиња, подигнувањето на чашите и наздравувањето, и поздравувањето со останатите гости... Решението е едноставно: да се има лесен пристап до средства и марамици за дезинфекција, и дури да се биде и креативен и инвентивен околу истите.
“Разговарајте со вашите свадбени соработници за нивните протоколи и што истите прават за да ја зачуваат безбедноста на нивните вработени и вашите гости” – пишува Morgan Whitney од свадбената локација Keeneland. “Како истите ги чистат нивните изнајмени работи? Дали вработените ќе носат лична заштитна опрема?” Младите се охрабруваат да прашуваат што е можно повеќе прашања, посебно околу личната безбедност и безбедноста на своите гости.
Пристап до маски и ракавици
Свадбените планери ја дискутираат опцијата како наједноставно да достават маски и ракавици до гостите присутни на свадбата. Маските дефинитивно спречуваат ширење на Корона вирусот, заеднички со честото миење на раце и дезинфицирањето на површините. Сите овие навики луѓето ги развија во последните 3 месеци, па така на некои од гостите сигурно нема да им преставува проблем да носат маска барем во одредени делови од свадбата.
Сите сме во исчекување на сезона свадби 2020 и оние милион различни верзии на групни фотки каде сите ќе носиме маска 😷 😀
Од друга страна пак, во некои култури на ракавиците се гледало како знак на статус. Историски гледано, на модните ракавици се сметало како за елегантен избор во стилот на Audrey Hepburn and Grace Kelly. Додека носењето на ракавици во време на пандемија има целосно друго значење, дури и пред појавата на COVID-19, овој аксесоар (сега неопходност) бил сметан за безвременски.
Храна и сервирани оброци
Земајќи го во предвид фактот што најкреативните локации речиси секоја година го менуваат начинот на кој ги послужуваат своите специјалитети и храна, за очекување е да се одбегне шведската маса и “family-style” опциите за послужување и да се воведе нешто свежо. “Верувам дека ќе видиме многу нови стилови на послужување на храната” – изјави Altendorf.
“Паровите ќе сакаат да ги ревидираат мени понудите” – вели Sara Brown. “Оние кои имале одбрано или разгледувале опција за шведска маса, најверојатно ќе се префрлат кон стандардното послужување на оброците. Оние традиционални купони може повторно да се “вратат во мода”. Младите можеби исто така ќе сакаат да се префрлат од “Hors D'Oeuvres Displays” на “passed bites”.
Што да очекуваме од распоредот на седење, декорацијата и дизајнот
Ако студијата за декорација и планерите се навикнати на нешто, тоа е работа со распоредот и дизајн во просторот. Како што и самиот распоред и изглед на свадбите се разви низ годините, многу е веројатно пост-пандемски дизајн да се појави. “Ова ќе биде нешто што константно ќе го прилагодуваме согласно препораките на Владата” – рече Ли.
Ние ќе станеме уште покреативни кога е во прашања распоредот на седење, и послжувуањето на храната” – додаде Мејер. “Со сигурност ќе бидеме внимателни кој со кого седи... повеќе од било кога претходно”.
Начелно, свадбите ќе бидат поинтимни
За сега, паровите се охрабрени да го проверат со нивните свадбени локации “новиот” капацитет и правилата. Планерите, во меѓувреме, работата на креативни решенија за седење со цел се уште да го задржат чувството на собир. “Ќе го користиме просторот на различни начини” – изјави Мејер.
“Јас дефинитивно гледам промени кон поинтимни собири, што значи помали листи на гости.” – рече Ли. “Ова би можело да резултира и со зголемување на густината на декорот и дизајнот... Јас предвидувам креирање на неверојатни и ефективни концепти на дизајн”.
Добро обмислен распоред на седење
Распоредот за седење од секогаш бил “tricky” да се изведе најдобро што може, но сега е овој чекор од планирањето на свадбата е чекор кој навистина треба да биде добро обмислен. Ако одреден ваш пријател или пријател на вашите родители знаете дека поради работа патувал во странство додека вие имате постар роднина на свадбата, да ги ставите да седат близу еден до друг треба да биде неколку пати разгледано. Свадбите за време и нешто по COVID-19 ќе бидат со зголемено внимание поврзано со распоредите на седење и близината на гостите во целост.
Дури и церемониите, како матично и црква, поврзани со свадбата ќе се трансформираат. “Може да очекуваат уште покреативни распореди за седење; на пример, кружно или седење во форма на полумесечина со повеќе простор измеѓу и 360° поглед на младенците.” – вели планерот Lindsey Shaktman од Mavinhouse Events. Точните специфики се уште се разгледуваат и дискутираат помеѓу свадбените соработници, но вие, како пар, можете уште сега да почнете да ги разгледувате овие предизвици.
Бесконтактни честитки и поздравувања
Поздравување и честитање со секој од гостите посебно е едно од обележјата на секоја свадба. Но, како тие ќе изгледаат за време и по COVID-19? Новa замена ќе се појави: поклонување, мафнување, намигнување, продолжете со идеи... Една од најинтересните идеи беше замената на традиционалниот ред за пречек на гостите со современа редица на гестикулации. Па да ја разбудиме креативноста во себе 😊.
Важно е да ги потсетиме нашите гости како да комуницираат помеѓу себе кога ќе влезат во свадбената локација. Додека сигурно сите ќе бидат возбудени и ќе сакаат да се поздрават помеѓу себе, знаци за физичко дистанцирање и потсетници може да ги охрабрат вашите гости да бидат повнимателни.
Тука со вашите студија за декорација може да смислите супер кул пораки кои ќе бидат и функционални и ќе дадат одличен шмек на вашиот свадбен простор.
Играњето е секако “во игра”!
Планерите и локациите разговараат за нов тип на подиум од иднината, односно фестивалски начин на уредување, каде повеќе различни мини подиуми ќе никнат во просторот со цел да се избегне гужва. Еден бенд или DJ може да ги покрие сите заедно, но дури и различен тип на музика на секој од нив е опција доколку просторот го дозволува тоа. Како и да е, играњето на свадба е must, и сигурно ќе се најде соодветно решение.
Што да очекуваме кога е во прашање искуството на гостите
Кога гледаме во нашата кристална топка, свадбите за време и по COVID-19 барем ќе донесат поголема вредност за поканетите гости. Како? Со намалувањето на бројот на гостите, младенците ќе имаа повеќе можности да го алоцираат буџетот на подобро мени пред сѐ. Па така за очекување е да се пие и јаде поквалитетен пијалак и храна, да се декорира и освежи свадбениот простор и да се овозможат различни музички перформанси за време на свадбата – сѐ со цел овозможување на гостите едно поинакво искуство.
Алтернативен тип на забава ќе стане mainstream
Забавата е повеќе од играње на свадба. Замислете си прекрасен елегантен танцов перформанс или jazz возбудлив настап? Или пак Stand-up на свадба? Нешто што ќе ги задржи гостите да седат на столче подолго. Планерите во светот неуморно работат со младенците да креираат супер кул искуства за гостите и во очекување е да се појават нови трендови.
Ќе се зголеми бројот на супер персонализирани свадби
Со намалување на бројот на гостите, се создава одлична прилика за персонализирани можности. “Ако имате повеќе време од било кога порано, искористете го да го персонализирате вашиот голем ден” – вели Мејер. “Напишете креативна порака за вашите гости. Во соработка со вашето студио за декорација изработете креативни китенки и бонбончиња. Најдете начин да го внесете вашиот персонален стил и љубовна приказна во вашата свадба”.
Што треба да знаете од делот свадбена комуникација
Дури и начинот на кој младите ќе комуницираат со своите гости се очекува да еволуира. Со целата неизвесност поврзана околу корона вирусот, не е јасно уште колку долго ова ќе продолжи и до кој степен ќе влијае на групните собири. Единствено под контрола на младите е комуникацијата со своите гости, односно колку често тие комуницираат и како се справуваат со ситуација доколку е потребна промена на свадбениот термин.
Свадбените покани ќе се променат
Свадбените планери предвидуваат дека свадбените покани ќе претрпат измена, односно истите во иднина ќе содржат повеќе информации. Освен датата, местото, времето, имињата и семејствата, поканите ќе треба да содржат и други инструкции за тоа да знаат гостите како да се подготват околу свадбата. “Креирање на совети за тоа како очекувате гостите да се однесуваат на вашата свадба околу дистанцирањето и заштитните мерки, и информација околу безбедносните мерки кои планирате да ги воведете, ќе биде повеќе од препорачливo да се изработи. Ова не само што ќе им помогне на гостите околу тоа што може да очекуваат од вашата свадба, туку и ќе им ги намали грижите доколку ги имаат за самото присуство на поголем собир” – изјави Ли.
На крај, паровите треба да се подготват да комуницираат често со нивните гости, а лесно е едноставно решение е истото да го направат со креирање на свадбена веб страна и дизајнирање на “Често поставувани прашања” секција или веб страница.
Се препорачува изработка на свадбена веб страна и ЧПП секција
Свадбена веб страна е одлично место за да ги зачувате сите потребни податоци од вашето love story, до фотографиите и информациите за свадбата. Посебно практична примена една ваква веб страна, со “Често поставувани прашања” секција може да најде во информацијата околу сите важни мерки за безбедност кои се преземаат поради COVID-19 од ваша страна. На крајот на денот, вашите гости ќе бидат многу задоволни и ќе се чувствуваат информирано и уште побезбедно пред да дојдат на вашата свадба.
Наместо поклон во плико, онлајн префрлање на пари
Со цел намалување на физичкиот контакт, наместо оставање на поклон во плико, уплата преку мобилни финансиски платформи како Pay Pall или префрлање на пари преку онлајн банкарство… Зошто да не?
Ако до сега бевте против користење на плаќање преку мобилен или е-банкарство, сега во време на COVID-19 треба сериозно да размислите за примена на истото во вашиот живот.
Што треба да знаете за планирање на свадби
Сè уште има многу „што ако“, но свадбените соработници се тие кои ги имаат решенијата и одговорите на вашите прашања. „Сега повеќе од било кога, обидете се да побарате помош од свадбен планер“, вели Ли. „Покрај тоа што тие ве водат низ традиционалните обичаи, ќе ви помогнат да го поминете овој транзициски период, и воедно ќе ве информираат за најдобрите практични решенија. Ова ќе ви помогне најлесно да се прилагодите на новото нормално во свадбената индустрија.“
Уште повеќе свадби на отворено
Свадбените локации кои имаат опција за свадба на отворено забележаа постојан пораст во последната деценија насекаде низ светот, и ваквите локации ќе бидат се повеќе актуелни и со поголема побарувачка. „Локациите на отворено овозможуваат голема флексибилност во движењето и распоредот, а “lounge vignettes” би биле најсоодветен и супер модерен избор за седење“, вели Shaktman. „Оваа опција ќе им овозможи на гостите да разговараат во интимна и опуштена атмосфера, наместо да бидат во гужва на единечна групна маса“.
Објектите во затворен простор можат да направат прилагодувања за опции на отворено во нивните понуди. Во меѓувреме, паровите кои планираат свадба ќе ги земат во предвид организацијата на просторот и распоредот на седење. Ограничувањата кои се однесуваат на бројот на гости, ќе игра голема улога во донесувањето на крајната одлука.
Младенците и свадбените соработници ќе соработуваат заеднички со помош на виртуелни состаноци
Виртуелни тури од локациите, дегустации во домот, како и проби на невестинскиот фустан во домот, се само неколку примери за тоа како свадбените соработници еволуираат во овој период. Порано, младенците се гледаа лично со своите свадбени соработници неколку пати пред настанот, додека сега, тоа можат да го направат преку Zoom, Skype или телефонски, како би биле ефективни и ефикасни, а сепак безбедни.
Повеќе “back up” опции за свадбени термини, ќе биде новото нормално?!
Ќе се зголеми бројот на парови кои во старт ќе бидат подготвени за иднината и можноста за промена на првичниот свадбен термин. На нашата веб апликација Termin.mk можете од дома, на безбедно, во секое време real time да ги погледнете слободните термини на свадбените локации.
Некои компании излегоа со супер креативни покани за втор термин поради првиот одложен од страна на младенците.
Свадба во работен ден ќе биде нормално
Многу од паровите низ светот на кои им беа откажани термините поради COVID-19, не успеаја да си најдат соодветен термин за викенд каде ќе си ги поклопат сите коцки кои им биле составени претходно, како свадбен термин во локација, музичка група, фото студио, декорација итн. Па така голем процент од свадбите младите ги презакажаа во денови како Четврток или Петок. И оттука, новото нормално за гостите ќе биде да се оди на свадба во работни денови.
Заедничкото славје ќе бидат вреднувано повеќе од било кога претходно
Вашите љубени многу е веројатно едвај да чекаат да прославите заеднички и лично, па замислете колку по емотивни ќе бидат настаните и свадбите по COVID-19.
Крајно, луѓето нема да ја земат здраво за готово можноста за славење. Кревањето на чашата за наздравување, уживање во прекрасна вечера по повод свршувачка, или пукање конфети и фрлање на китенки додека младите излегуваат од црквата – се дел од свадбените моменти кои сега ќе бидат многу ценети. Иако овие нови околности имаат свои позитивни страни, најголемата лекција за сите нас е блискоста и колку е таа моќна.