Се ближи вашата свадба во 2019? Време е да започнете со планирање! Вашата свадба најверојатно ќе биде најголемата забава која сте ја приредиле, и сигурни сме дека сакате сè да биде под конец. Без разлика дали имате повеќе од година или само неколку месеци за планирање, земете воздух и почнете – чекор по чекор.

 

Без грижа, ние ќе ви помогнеме да ја испланирате совршената свадба – да започнеме!

 

Чекор #1 – Определете буџет

 

Кога станува збор за планирањето на вашата свадба – тргнувате од одлуката за тоа колку сакате да потрошите на истата. Можеби ова не е забавниот дел од планирањето на свадбата, меѓутоа овој чекор едноставно не можете да го избегнете. Последното нешто што ви треба е да ја најдете совршената локација или најубавиот невестински фустан и да сфатите дека го надминува вашиот буџет.

 

Затоа, седнете заедно со вашиот партнер (и родителите се разбира ), и одлучете колкав ќе биде буџетот, според вашите потреби и можности.

 

Чекор #2 – Инспирирајте се

 

Еден од најзабавните чекори при планирањето на вашата свадба е и собирање и наоѓање на инспирација за забавата. Размислете за тоа како сакате да изгледа или какво чувство сакате да оставите со вашата свадба. Супер класична или формална свадба? Или можеби забава која е опуштена и рустична?

 

 

Изборот е ваш, меѓутоа, една добра идеја е да почнете со истражување на Instagram, Pinterest и на други сајтови поврзани со свадби, и да размислите за одредени шеми на бои, декорација и друго. Ви препорачуваме да започнете со овој процес уште веднаш! Или, прочепкајте по нашиот блог и прочитајте по некој совет поврзан со вашата свадба.

 

Чекор #3 – Направете ја листата со гости и изберете ја вашата свадбена забава

 

Не мора да ја имате конечната листа со гости уште во овој чекор, но убаво да имате одредена претстава за бројот на гостите уште на самиот почеток. Постои голема разлика меѓу забава со 50 гости и голема свадба со 350 гости, особено кога станува збор за изборот на локацијата. Одредени свадбени локации на Termin.mk врата не ви отвораат за 100-тина гости.

 

Па пред да се одлучите за одредена локација, направете проценка за тоа колку гости би поканиле. Исто така, ова е вистинското време да ги изберете луѓето кои ќе бидат најблиску до вас за време на свадбата. Па ајде, изберете ги вашите деверуши, кум и кума, и прашајте ги дали сакаат да бидат дел од големиот ден!

 

Чекор #4 – Изберете термин за свадба

 

Немате официјален датум, се додека не резервирате во локацијата. Сепак, ве советуваме да изберете неколку потенцијални термини пред да ја изберете свадбената локација. Прво, размислете за тоа дали сакате летна или зимска свадба, и дали мора да биде во сабота (супер ден, но може да биде поскап), или нема да имате проблем и со свадба на друг ден.

 

 

Потоа, погледнете го вашиот календар, земајќи ги в предвид работните денови, празниците, фамилијарните настани итн. и намалете го вашиот избор на неколку датуми. Имајќи неколку потенцијални свадбени термини ќе ви биде од голема помош при изборот на свадбената локација.

 

За да си го олесните процесот на избор на совршениот термин – со Termin.mk можете брзо и лесно да ги проверите слободните термини во најдобрите локации за свадби и да го изберете оној кој најмногу ви одговара!

 

Чекор #5 – Изберете локација за свадбата

 

Сега кога имате буџет, одредена бројка за гостите, и неколку потенцијални термини за свадба, ги имате сите информации за да ја изберете совршената локација – еден од најважните чекори при планирањето на вашата свадба.

 

Разгледајте ги сите локации кои мислите дека би одговарале за вашата венчавка, посетете ги истите и разговарајте со вашиот партнер за различните опции. А за да заштедите на време, може да ги погледнете нашите свадбени локации, да го погледнете одблизу со 360° виртуелните тури, и да се информирате за сите детали – од капацитетот, изгледот и менито! Наскоро, Termin.mk во соработка со уште една компанија ќе Ви понуди и презентирање на свадбените локации со комплетна 3D виртуелна прошетка. Следете нѐ!

 

Еднаш кога ќе се одлучите за локацијата и резервирате, официјално го имате и датумот на свадбата! Вистинската забава може да почне!

 

Чекор #6 – Изберете ги вашите соработници

 

За совршената свадба – потребно е да ги изберете вистинските соработници. Се разбира, доколку сакате нешто посебно и се одлучите да ангажирате посебни луѓе кои не соработуваат со одредена локација, а знаете дека ќе си ја завршат работата како што треба. Од осветлување, декорација, музика, фотографи и видеографи и слично.

 

 

Чекор #7 – Финалната листа со гости

 

Доколку сè уште не сте ја направиле, време е да ја финализирате листата со вашите гости. Запомнете дека доколку вашите родители помагаат во финансискиот дел на свадбата, сигурно ќе имаат удел во тоа кој ќе биде поканет на истата. Исто така, имајте ја на ум и свадбената локација и не поканувајте повеќе луѓе од капацитетот кој истата го има на располагање.

 

Неколку екстра совети од Термин.мк – 7 совети за намалување на бројот на гости на свадба.

 

Чекор #8 – Save the date потсетник

 

На најважните гости може да им испратите и потсетници за датумот на свадбата. Едноставно да бидете сигурни дека ќе бидат присустни.

 

Чекор #9 – Невестинскиот фустан

 

Дајте си доволно време за да го изберете совршениот фустан за големиот ден! Кога станува збор за венчаници, може да поминете многу време барајќи го вистинскиот, а исто така може да изгубите повеќе време доколку истиот го нарачате и чекате да стигне. 

 Дознајте кои се трендовите за пролетна свадба во 2019!

 

Чекор #10 – Испланирајте го медениот месец

 

Можеби сте преокупирани со планирање на свадбата, но не заборавајте на медениот месец! Ако планирате да одите на меден месец веднаш после свадбата, време е да ја изберете вашата дестинација, да го резервирате летот и сместувањето. Еве и неколку инспирации од нас.

 

 

Чекор #11 – Средете го вашиот календар

 

Веридби, мекици, родендени и свадби – во истиот период со планирањето на вашата свадба сигурно ќе имате и други настани на кои треба да присуствувате. Сепак, изберете ги најважните и дајте си доволно време за истражување, инспирација и носење на важните одлуки за вашиот ден.

 

Чекор #12 – Испратете ги поканите

 

Поканите за свадба најчесто се испраќаат од 6 до 8 недели пред големиот ден, и одговорот од гостите би требало да биде најдоцна 2 или 3 недели однапред. Испраќање на поканите на време е еден од важните елементи при планирањето на вашата свадба.

 

Доколку не сте многу по негување на овие традиционални вредности и не ви толку важно поканата да биде врачена во hard-copy, Viber или WhatsApp е супер решение кое ќе ви заштеди многу време 😊.

 

Чекор #13 – Направете распоред за седење на гостите

 

Разговарајте со избраната локација и дознајте како може да го организирате распоредот на седење на вашите гости, колку маси ќе има и како ќе бидат поставени. Потоа, размислете кој каде ќе седи, имајќи ги на ум фамилијарните врски, пријателствата, колегите и слично. Од кога ќе го финализирате распоредот (обично една недела пред свадбата), испратете го истиот до локацијата и осигурајте се дека се е во ред.

 

 

Екстра совет од Термин.мк - 5 ситуации кои треба да ги избегнете при правење на распоредот за седење на вашата свадба.

 

Чекор #14 – Испланирајте ја венчавката

 

Сега можете да избирате – матично во црква или на лице место во самата локација. Осигурајте се дека вашата локација има можност за венчавка, погледнете го делот за матично и донесете финална одлука.

 

 

Чекор #15 – Потврдете ги деталите

 

Колку и да мислите дека сè е испланирано и договорено, сепак ве советуваме да направите проверка и да ги потврдите сите детали. Бидете во контакт со локацијата, другите соработници и вашите најблиски со цел одвивање на големиот ден во најдобар ред.

 

Чекор #16 – Земете се!

 

Големиот ден е конечно тука! Вие, вашиот партнер, вашите фамилии, и сите други околу вас работевте напорно за свадбата од соништата – па така, уживајте во секоја секунда од вашиот специјален ден!