Доколку сте со прилично ограничен буџет можеби ќе сакате да научите како најдобро да преговарате со свадбените локации и останатите свадбени услуги поврзани со денот на вашата свадба... и најдобриот начин истото да го направите може да ве изненади.

 

Најчесто паровите имаат ограничен буџет за планирање на својата свадба, па така доколку се подготвувате за свадба потребно е да знаете како да преговарате со свадбените локации.

 

Многу од паровите се согласни со фактот дека доколку знаат како да преговараат со локациите за свадба и останатите свадбени соработници е од клучно значење за да останат во рамките на предвидениот буџет. Добрата комуникација со локациите навистина ќе ви помогне, но исто така потребно е малку поразлично да го гледате терминот „преговарање“.

 

Секако, можете да разговарате со професионалците за планирање на свадба околу вашиот буџет, но повеќето локации нема магично да ги намалат нивните цени само затоа што тоа го барате, а исто така и агресивното преговарање нема да им се допаѓа на истите. Суштината е во тоа да направите добра подготовка и истражување однапред, бидете отворени и искрени, и бидете подготвени да се откажете од некои услуги и ваши замисли, со цел да останете во рамките на вашиот буџет.

 

Еве ги најдобрите начини за дискутирање на вашиот буџет за свадба и преговарање со локациите.

 

Прво, направете го вашето истражување

 

Пред да размислите како да преговарате со локациите за свадба, потребно е да дознаете која е разумната или просечната цена за свадба во локациите во ваша близина, или таму каде што сакате да правите свадба. Важно е добро да ја сработите вашата домашна работа пред да излезете надвор... бидете добро информирани за цените пред да влезете на состанок со свадбената локација. 

 

Нема да ве изненади фактот дека цените не варираат многу во зависнот од самата локација и избор на мени, но мала разлика може да направи значителна сума ако располагате со повеќе гости.... исто така имајте го во предвид и фактот дека одредени локации се спремни кога ќе ве видат сериозни, информирани и конкретни, да преговараат со вас и за пониска цена од нивната стандардна. 

 

Покрај цените на локациите, важно е добро да се информирате и за цените на услугите поврзани со денот на свадбата... како декорации, фото студија, музика, осветлување итн. Пример, доколку знаете дека просечната цена за музичка група во вашиот регион е 600 ЕУР, а вашиот буџет за планираното време е 400 ЕУР, ќе треба дополнително да се потрудите и да најдете таква која ќе влезе во вашиот буџет, а истовремено ќе го задоволи вашиот вкус.

 

Комуницирајте правилно

 

Доколку располагате со ограничен буџет, многу лесно може да се фокусирате само на тоа, и веднаш да започнете со нападното прашање кон сите свадбени локации – „А колку кошта свадба / мени?“. Обидете се малку повнимателно да го направите првиот контакт со вашиот иден соработник.

 

Прво, проверете дали може да ги најдете цените онлајн, со цел да ја намалите листата на потенцијални локации за свадба. Дел од истите може да ги погледнете онлајн на Termin.mk - Свадбени локации / Свадбени услуги

 

Преговарање со локација за свадба

 

Потоа, кога ќе најдете неколку локации кои ви се допаѓаат, имаат добри препораки од ваши познаници и се вклопуваат во вашиот буџет, испратете им барање за термин преку Termin.mk, и побарајте дополнителни информации за нивните понуди. Исто така, не боли да оставите и по некој пофален збор како – „Навистина сте професионални.“ или “Многу ми се допаѓа декорацијата на таа и таа свадба.“, Навистина ми се допаѓаат фотографиите од вашата локација...” итн. 

 

Посебно доколку сте биле на некоја од свадба претходно во истата локација, започнете го разговорот за време на состанокот со тоа колку сте биле задоволни од тоа како поминала свадбата и дека по таа свадба оваа локација е дефинитвно вашиот прв избор. 

 

На овој начин се покажувате во најдобро светло, локацијата ќе има позитивен впечаток за вас и ви се подобруваат шансите за преговарање на одреден буџет за вашата свадба.

 

Запомнете, цените на локациите се одредени со причина

 

Цените на локациите за свадби зависат од многу фактори, вклучувајќи го нивното искуство, вработени, материјали, локација, термин, бројот на договорени свадби во сезоната, логистика и слично.

 

Доколку локацијата е нова, со помало искуство, или пак истата е со помал број на свадби од очекуваниот, бидете спремни дека истата ќе биде пофлексибилна за цената на нејзиното мени. 

 

Професионалците за планирање на свадба се најчесто помали бизниси и иако треба да имаат конкуретни цени за подобра позиција на пазарот, тие исто така треба да заработат за живот. Па така, доколку некоја свадбена цена ве шокира, добро размислете за тоа што сѐ вклучува истата.

 

Знаејќи зошто цената на одредена свадбена локација или услуга е таква, ќе ви помогне подобро да преговарате, ќе изгледате едуцирани и подготвени, и полесно ќе ја добиете зделката.

 

Разговарајте отворено за вашиот буџет

 

Кога размислувате за тоа како да преговарате со избраната свадбена локација, нашиот најдобар совет е – бидете отворени и искрени. Наместо постојано и нападно да ја дискутирате цената, смирено и учтиво објаснете им ја вашата ситуација и колку точно можете да потрошите, уште при првиот разговор.

 

Комуницирајте со локациите за свадби

 

Некои локации креативно ќе успеат да ги модифицираат нивните понуди за да одговараат на вашиот буџет, и тука мора да одлучите дали ќе направите компромис. Други локации едноставно нема да можат да направат промена на цената или понудата, и ова е сосем во ред. Доколку се најдете во ваква ситуација, прашајте дали познаваат други локации кои може да ви понудат нешто поразлично.

 

Локациите често  познаваат и соработуваат со професионалци со кои може лесно да ве поврзат... па така, доколку не можат да ви излезат во пресрет со условите, можеби ќе ве препорачаат кај локација соработник.

 

И најважното на македонскиот пазар - компензација! :) Ако сметате дека имате нешто интересно да понудите на соработникот со кој преговарате, пробајте си ја среќата, можеби на крајот ќе излезе и win-win зделка. 

 

Подгответе се да направите компромис

 

Кога веќе ќе ги имате информациите за понудите и цените на одредена свадбена локација, внимателно разгледајте ги и дознајте што точно вклучуваат истите. Дали има некои продукти или услуги кои воопшто не ви се потребни? Доколку локацијата е флексибилна, можеби ќе се согласат да тргнат некои ставки од понудата, со цел да останат во рамките на вашиот буџет.

 

Можеби фотографот може да си замине порано и да ви заштеди некој денар. Или можеби постои друг бенд или DJ кој ќе ви излезе во пресрет. Доколку вашиот буџет е релативно близу до цените на локацијата, најчесто може да се направат некои промени. Сепак, постојат некои елементи кои едноставно нема да ја намалат цената.

 

Како да преговарате со локацијата за свадба

 

На пример, доколку вашата свадба е во пикот на одредена сезона, во сабота, со огромен број гости. Доколку навистина сакате да останете во рамките на вашиот буџет, можеби ќе треба да направите некои поголеми промени како промена на сезоната и терминот за свадба или намалување на бројот на гости.

 

Не се расправајте околу цената

 

Запомнете, како што вие можете да бидете прибирливи за тоа со кој сакате да соработувате, свадбените локации исто така може да изберат со кои клиенти ќе соработуваат. Нема потреба да бидете агресивни кога ја дискутирате цената, бидејќи локацијата или свадбената услуга може да одлучи да не соработува со вас доколку барате премногу.

 

Доколку не сте сигурни зошто одредени работи чинат толку, учтиво прашајте и дознајте, наместо упорно да инсистирате за попуст. Многу е поверојатно локацијата да биде пофлексибилна за потенцијален клиент кој е отворен и искрен, отколу за некој кој има агресивен пристап. И запомнете – кога еднаш договорот е потпишан, не може да се смени, па затоа внимателно прочитајте го за да се осигурате дека е во рамките на вашиот буџет.

 

Во услови на ограничен буџет, погледнете ги овие супер свадбени попусти кои дополнитело може да придонесат за вашата заштеда.