Полека но сигурно започнува сезоната на свадбите и многу наскоро ќе започнеме сè почесто да гледаме фотки, видеа и “сториња” од невести, зетовци, кумови, старосватици, девери и деверуши. Свадбата, посебно во нашиве краишта, и те како е еден важен настан на кој му се придава особено внимание, време и пари.
Со оглед на тоа што времето никогаш не вредело повеќе, затоа и го создадовме Termin.mk, бар оној прв чекор – пронаоѓање на слободен свадбен термин да ви го забрзаме и олесниме. Сè уште не сте запознаени како? Клик тука.
Од друга страна пак, парата како ресурс никогаш не се ценела повеќе како сега, па така во соработка со неколку наши соработници го подготвивме овој текст со цел колку толку да ви помогнеме при намалување на трошоците... од вас во моментов не бараме пари, само малце време и повеќе внимание 😊.
1. Не стандарден термин
Ќе започнеме од нашата дејност, свадбените термини 😊. Сите се “тепаат” за саботите, или како втора опција, недела... Сте помислиле ли за свадба во петок? Ем градот обично нуди најдобри опции за продолжување во петок, ем многу е веројатно да добиете подобра цена за свадба во петок, во споредба со сабота. Или можеби термин во обичен работен ден? Па што ако сите се на работа утредента? 😊
2. Сè на едно место или All Inclusive
Кај дел од нашите соработници, свадбени локации и ресторани, ќе најдете понуди во кои се вклучени декорација, осветлување, свадбена торта, музика, фотографија. На овој начин главните проблеми се решени, па така вашето драгоцено време поминато во потрага прво по препораки, а потоа и по самите свадбени услуги ќе биде скратено.
Башка од самите ресторани ќе си добиете и подобра и ексклузивна цена, а истовремено проверен квалитет. Наскоро на Termin.mk овие информации ќе бидат уште полесно организирани за вас. Следете нè редовно 😊
3. Шведска маса
Храната, посебно на нас младите, ни е сè помалку важен елемент од самата свадба. Важно е да има добро пиење 😊. Прескокнете ги класичните маси за јадење, порциите со по 2, 3 парчиња месо и понудете маса за самопослужување.
Не само што ќе создадете опуштена атмосфера на вашата свадба, туку ќе имате и побогато мени, елиминирајќи ги трошоците за послужување.
4. Торта
Колку посложена изработка, толку поскапа торта, јасно како ден. Фенси гламурозни торти, на 6 ката ако не се по ваш вкус, тогаш зошто би ги имале? Па и баба и дедо да ја плаќаат...
Изберете едноставна свадбена торта која нема да ве чини многу, а сепак ќе биде одбележен чинот со сечењето. Едноставно може да им понудите на вашите гости капкејкс, со што ќе ги намалите трошоците уште повеќе.
5. Забава и музика
По пронајдениот свадбен термин во посакуваната свадбената локација, следи терминот за музиката (некогаш овие две работи одат и паралелно). Без добра музика, немате свадба, period.
Познат и квалитетен бенд може да ве чини многу, без разлика од која страна и преку кого во нашиве мали градови пробуваме да добиеме ценичка 😊. Добар диџеј, најчесто може да биде поевтина варијанта, а исто како со шведската маса да и даде поурбана димензија на Вашата свадба. Па зошто да не?
6. Покани
Живееме во ера на програмери. Сите од нас имаат по некој “developer” во друштво. Ако не директно, преку еден контакт сигурно 😊. Еве ви супер идеја, тој другар програмер, нека ве “почасти” едноставен веб сајт за вашиот ден и испратете ги поканите електронски. Ќе заштедите на скапите покани, како и на транспортот и времето.
Вака, прво ем ќе си имате увид на тоа кој ја примил поканата и стиснал “attending”, ем ќе покажете дека се грижите за животната средина. Се разбира, не му барајте после поклон во плико на вашиот програмер 😃.
7. Гости
Сведете ја вашата гостинска листа на минимум. Сите знаеме дека ова е тешко, но верувајте, ќе ви се исплати. Правилото “плус еден” нека важи само за оние кои се верени или во подолги и посериозни врски.
На баба ти, сестра, маж и, негов прв братучед што си живееле добро заедно со твоите, па негов внук со девојка му, први може да летаат од списокот (оној на мама и тато 😊). Или па доколку имате голема фамилија, не мора да ги поканите сите братучеди, туку само најстарите, или оние со кои најмногу си живеете.
8. Фризура и шминка
Се чувствувате сигурни со вашите make-up способности? Или имате другарка или другар што имаат неверојатна дарба за шминкање?
Избегнете ги огромните трошоци за разубавување со тоа што оваа одговорност ќе ја преземете сами или ќе ја препуштите на некој ваш близок. Не се плашете, ќе изгледате како и секој претходен ден, “само” дополнително разубавени од среќата и насмевката што ја носи овој посебен ден.
9. Направи сам
Креативни сте? “Ве бива за вакви работи”? Или пак имате другарки што со кејф ќе направат тоа за вас. Декорација, поклони за деверушите, photoboot и сите тие мали слатки детали, направете ги сами.
Со мало истражување на социјалните мрежи како Pinterest, Instagram, Youtube и Facebook ќе најдете доволно инспирација и how to материјали за изработка на секакви свадбени елементи.
10. Скапи одела и сакичи
Свадба во топлите летни месеци? Dress code – едноставна маичка или откачена кошула и панталони без задолжителните сакоа. И така после 9, 10 часот ретко кој од деверите ги носат, а да не збориме за тоа колку одела се купиле и носеле само на денот на свадбата.
11. Деца
Златно правило – без деца на свадба. На овој начин возрасните може да се опуштат.
12. Алкохол
Свадба без алкохол, едноставно не иде, ама па и со претерано многу, не често знае и да избие куршлус 😊. Сепак се работи за еден од најубавите ваши денови така?
Доколку веќе му придавате поголемо значење, зошто да не го оптимизирате алкохолот? Тука се секогаш нашите соработници да ви помогнат при изборот и количината на алкохолот.
Голем дел од рестораните ќе ви овозможат оној "поскап" алкохол да си го донесете сами. Па ако може виски по набавна цена од дисконтот на другарот, зошто да плаќате на свадбената локација? 😊
13. Минимал
2017 е годината на оживување на минималните декорации. Па, не само што ќе заштедите, ќе ги тргнете сите оние блескави и клише орнаменти.
14. Меден месец
Сте размислиле ли да немате меден месец? Или барем не класичен. Размислете уште еднаш, 15 дена во Грција или 3 дена авантури на друго егзотично место?
15. Преговори
Секогаш разгледувајте различни понуди од различни локации. Споредете ги цените и условите и не заборавајте – преговарајте! Тука ние правиме се што е во наша моќ да ви го забрзаме процесот.
16. Роднини и пријатели
Да не звучи грубо но, може да ги искористите талентите и можностите на вашите најблиски. Имате братучед фотограф, или тетка која ги прави најубавите торти? Наместо да ви купуваат скапи поклони, прашајте ги дали сакаат да ви помогнат за вашиот најубав ден.
17. Цвеќе
Изберете сезонски цвеќиња за свадбените букети. Вашиот омилен цвеќар ќе ви помогне со изборот во зависност од тоа кога е вашата свадба. Зошто би купувале зимски цвеќиња во лето?
18. Венчаница
Ако се уште го барате совршениот невестински фустан, зошто да не побарате од некој близок? Во ред, ако ова ви е too much, сте занеле ли дека имате опција и да изнајмите венчаница?
19. Моминска/Момачка вечер
Овие пред-свадбени забави се скапи сами по себе. Како за младоженците така и за гостите. Да бидеме реални, навистина ли ви треба овој трошок точно пред самата свадба?
Како да не сте излегле со другарите до сега, или пак нема да излезете после свадбата, па ова ви е последна шанса...
20. Година
Бидете паметни и размислете за годината во која ќе правите свадба. Суеверијата во врска со годината на свадбата се уште постојат. Многу парови ги избегнуваат непарните години како 2013 или 2017. Помалку свадби – подобра зделка?
21. Непотребни детали
Огромна торта со огномет, 5 дрона, фенси светкави декорации и уште што не. Супер, но навистина ли ви треба сето ова? Ова е ваш посебен ден, па доколку вие и љубовта на вашиот живот навистина не сте фасцинирани од овие непотребни детали – заборавете ги. Сигурно ќе се најде некој ваш близок на свадбата со GoPro и ќе направи чуда... а и да не се најде 😊.
Се надеваме дека некој од нашите совети ќе ви помогнат при кратењето на трошоците за вашата свадба. Во најмала рака, сигурно сме дека бар ќе ве натераат да подразмислите на што сè “фрлате” пари 😊.
За една работа не се секирајте – штом сте тука, трошокот време ви е намален:
➡ Oдберете го периодот за кој сакате да правите свадба и направете пребарување
➡ Погледнете ги слободните термини во најдобрите локации за свадби и испратете барање
➡ Добијте брз одговор директно од свадбената локација 📱
...не си го трошете драгоценото време со зафатени термини 😊.