Свадбата на Принцот Хари и Меган Маркл со сигурност предизвика огромна кралска свадбена треска! Барате инспирација? Или можеби планирате кралска свадба на сред Скопје? ☺️ Еве неколку кралски свадбени традиции кои може да ги искористите за вашиот голем ден. 

Круната е задолжително парче аксесоар!

Повеќето невести од кралската фамилија носат круна на нивната свадба. Круната може да потекнува од фамилијата на невестата (Принцезата Дајана Спенсер носеше Спенсер круна од својата фамилија кога се омажи за Принцот Чарлс во 1981) или може да биде позајмена од фамилијата на младоженецот. Кејт Мидлтон носеше Cartier Halo круна од колекцијата на Кралицата на својата свадба со Принцот Вилијам во 2011.

 

За невестите кои сакаат да го постигнат овој принцеза-изглед, круна или друг блескав аксесоар за коса е задолжителен!

Се мислите за превоз? Кочија е кралскиот избор! 

Кога кралските младоженци ја напуштаат свадбената церемонија тие тоа го прават на уникатен начин - во кочија. Британската кралска фамилија се движи во државата Ландау, во отворена и позлатена кочија од 1902 година. Во случај на дожд, се користи стаклена кочија. Паровите кои сакаат сличен изглед и чувство од бајките им предложуваме да го направат истото и да изнајмат кочија. Невестата и нејзиниот татко исто така може да одлучат да пристигнат на свадбената церемонија во кочија, како што тоа го направи Принцезата Дајана со нејзиниот татко Ерл Спенсер, или тоа да го направат во лимузина како Кејт Мидлтон со нејзиниот татко.

 

Доколку и вие сакате на вашиот ден да се почувствувате како дел од кралската фамилија, можете да изнајмите една од кочиите на нашиот Плоштад, не е исто но вреди да се проба. ☺️ 

 

kralska_svadba

Одржување не на една, туку две свадбени церемонии

Оваа прилично нова кралска традиција е всушност инспирирана од Американските свадби. Британските свадби најчесто се одржуваат наутро и се проследени со свадбен појадок. Во нашата традиција можеби немаме свадбен појадок, но имаме „одење по невеста“, што звучи доста поинтересно, нели? Ова ќе му дојде нешто слично, само во помирна (кралска) атмосфера ☺️ 

 

Модерните кралски фамилии го задржуваат свадбениот појадок, но на свадбената церемонија и додаваат вечерен дел. Во вечерната церемонија, младоженците и гостите може да го променат својот изглед во нешто посвечено. Во 2011, Кејт Мидлтон го промени својот скромен фустан со долги ракави од Сара Бартон за Александар Мекквин, во сладок невестински фустан со A-line здолниште и дијамантски детали на половината, исто така дизајниран од Бартон. Принцот Вилијам ја замени својата војничка униформа со класичен црн костум.

 

Вториот, односно вечерниот дел од свадбената церемонија им овозможува на младоженците да поминат повеќе време со гостите и на подиумот. Овој дел од свадбата може да биде по интимен од оној утринскиот и младоженците најчесто сакаат да бидат опкружени со најблискиот круг на луѓе.

Кралските торти се навистина, навистина високи!

Свадбената торта е со векови стара традиција, и оние кои што ги подготвуваат даваат сѐ од себе кога станува збор за свадбената торта на кралското семејство. За парови што сакаат торта која што ќе изгледа соодветно како за кралска свадба, може лесно да црпат инспирација од торти на високи спратови во бела боја. Секој спрат може да биде украсен со многу слики од фамилијата, како на пример тортата на Принцезата Дајана и Принцот Чарлс на 5 спрата, или пак како тортата на грофот и грофицата од Кембриџ која имаше 8 спрата и беше украсена со цветови и монограм од младоженците.

Доколку се одлучите за овој кралски обичај, откажете се од гратис тортите кои ви се нудат во свадбените локации, и погрижете се сами за истата ☺️

kralska_svadba_3

Децата играат огромна улога

Стара Британска традиција е свадбената прослава да биде исполнета со многу деца, како на пример мали деверуши. Децата најчесто се дел од фамилијата на младоженците, кумовите, братучеди, деца на блиски пријатели па дури и нивните сопствени деца, кои може да бидат од најмала возраст, од 2 години до постари - 17 години. Додека ја планираат својата свадба, Принцот Хари и Меган Маркл со сигурност ќе ги повикаат нивните внуци, Принцезата Шарлот и Принцот Џорџ, да бидат дел од нивната свадбена церемонија. 

 

Доколку планиравте помала свадба, а сакате да наликува на онаа на кралското семејство, не заборавајте да додадете места за сите деца на вашите роднини и пријатели, сепак и тие се ваши важни гости како сите други. ☺️ 

Бидермаерот има посебно значење

Од кога Кралицата Викторија го имаше цветот Мирта во својот бидермаер, од тогаш секоја невеста во кралската фамилија го вклучува овој цвет во својот бидермаер. Викторијаните му даваат посебно значење на цвеќето, а Мирта значи добра среќа во љубовта и бракот, плодност и просперитет.

 

Поради тоа, кога го дизајнирате вашиот бидермаер, разговарајте со лицата што се разбираат повеќе во тоа, за значењето позади цветот и одберете цвеќе што крие значење за љубовта и бракот. 

kralska_svadba_2

Кралските свадби се одржуваат во историски познати цркви

Младоженците од кралските семејства го кажуваат судбоносното „ДА“ во прекрасни и многу украсени цркви, како што е Westminster Abbey црквата каде што се овековечи бракот на Кралицата Елизабета и Принцот Филип, и на Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, и Катедралата св. Апостол Павле каде што судбоносното „ДА“ го кажаа Принцот Чарлс и Принцезата Дајана Спенсер, а потоа прославата продолжи во прекрасниот замок. Паровите кои сакаат нивната свадба да наликува на овие историски кралски церемонии треба да одберат црква со убава декорација каде што ќе ги кажат своите заклетви.

 

Ние ги немаме историски познатите и прекрасно украсени катедрали како погоре споменатите, па како нешто најблиско до ова го имаме Соборниот Храм каде што приближно може да се чувствувате како дел од кралското семејство. ☺️

kralska_svadba_8

Невестинските фустани на принцезите се екстра долги!

Должината на венчаницата за принцеза дава огромен визуелен ефект па затоа кралските невести постојано имаат прилично долги фустани. Должината на фустанот на Принцезата Дајана беше повеќе од 6 метри, а на Кејт Мидлтон скоро 3 метри. Идните невести може да го надополнат својот кралски стил со додавање на персонализиран украс на везот на нивната наметка како Сара Фергусон  на нејзината венчавка во 1986 со Принцот Ендру. Таа го имаше нејзиниот семеен грб извезено на везот на нејзината венчаница, која беше само неколку метри пократка од онаа на Принцезата Дајана.

 

Невестите треба да им дадат до знаење на своите дизајнери дека сакаат вез со кралски детал и доколку се похрабри да додадат монограм, семеен грб, или некој друг важен симбол.

 

Бидете храбри и уникатни и направете го и вие тоа и чувствувајте се како принцеза на вашиот голем ден.

kralska_svadba_4

Одберете ја вашата локација!

За крај, погледнете ги локациите на Termin.mk и одберете ја онаа која што најмногу ќе прилега на една скопска - кралска свадба од соништата. ☺️