Подарок во плико не е секогаш кул, некогаш е потребно да ја пуштите вашата имагинација на слобода и да бидете креативни со вашите подароци. Ви гарантираме дека вашиот креативен подарок ќе биде вечно пoмнет.

За да ви ја разбудиме имагинацијата направивме мало истражување на светските online портали од типот на Amazon и Etsy и одвоивме неколку примери за креативни подароци, кои што се персонализирани, а притоа за нив нема потреба да потрошите цело богатство.

Еве го нашиот избор за убави, слатки и персонализирани подароци што можете да ги подарите:

Персонализирана перница

pernica_svadba

Како што си е редот, следниот чекор после свадбата на заљубените, е дом. Ова е одличен поклон со кој што со години кога ќе го погледат, парот ќе може да се потсети на нивниот свечен ден, а и ќе се сети на вас. Со други зборови ова е одличен начин за како вечно да останете во нивните мисли.

Знак за на врата

Kul_poklon_za_kul_svadba

Откако младенците ќе се вратат од својот honeymoon, тие се истоштени од спиење по хотели, во „туѓи“ домови. Затоа, секогаш е убаво чувството кога ќе вратиш од пат и кога ќе си застанеш пред својата врата и ќе си погледнеш името на нејзе, тогаш вистински знаеш дека тоа е твојот дом. Помогни им на младенците да го обележат својот дом со нивнотo презиме на својата влезна врата.

Постер од светот

kul_poklon_za_kul_svadba

Најубавото нешто е да го прешташ светот со личноста што цел живот ќе го поминеш. Да одите на секакви авантури и да ги испробате сите култури што светот ги нуди. Па затоа, можете на заљубениот пар да им подарите мапа од светот на која што тие можат да ги бележат државите што ги посетиле заедно со цел да ги подтикнете да бидат авантурист и да го видат светот. Верувајте ни, ќе ви бидат премногу благодарни додека ги бележат посетените локации.

Албум со слики

kul_poklon_za_kul_svadba

Претпоставуваме дека знаете од кој момент започнала љубовта меѓу младенците, тоа значи дека можете да се ориентирате низ нивните социјални мрежи и да ги најдете нивните заеднички слики, од прва, до последна. Начин на кој можете вие да го оставите вашиот траг во нивниот брак е со тоа што ќе направите колаж од слики или пак албум од слики каде што е претставена нивната целосна љубовна приказна. Сите сакаме да се потсетуваме на стари, убави моменти. Идеално за парови кои не пропуштаат секој нивни момент да го објават на социјалните медиуми :). 

Лампион

kul_poklon_za_kul_svadba

Секоја зима, додека се припремаме за Новата година и за Божиќ сите заедно сакаме да ја накитиме елката и да го декорираме својот дом во илјадници бои. Па, затоа допринесете во овој момент, подарете им персонализиран лампион на младиот пар, кој што ќе ја претвори нивната елка во уште еден симбол на нивната љубов. Идеален поклон, посебно за оние младенци на кои свадбениот термин им во периодот некаде пред Нова година. 

Даска за сечење

kul_poklon_za_kul_svadba

Заедничко готвење, фамилијарни ручеци, забави со пријатели и уште многу други пригоди се само дел од причините зошто е супер да им подарите персонализирана даска за сечење на младенците. Безразлика на тоа дали тие ќе ја користат или не, сепак е одличен украс за кујната на младиот пар. Посебно ако еден од младенците е љубител на готвење, сигурно оваа даска ќе биде полн погодок. 

Ова беа само неколку примери кои што ние вие ги предлагаме, останатото преостанува на вас и на вашата имагинација. Не ја монетизирајте љубовта секогаш, туку истакнете ја на убав и уникатен начин.

И имајте на ум дека доколку се решите да ги нарачате подароците од некој од горепредложените веб страни, некогаш и над 2 недели ќе бидат потребни да ви пристигне нарачката и дека во зависност од истата ќе треба да платите и царина. Па внимателно направете си ги калкулациите согласно вашиот буџет и терминот на свадбата