Полека, но сигурно, и кај нас веќе се развива еден модерен тренд на свадбени термини со тематски дефинирана атмосфера и амбиент кои го напуштаат стандардниот ресторански пристап кој луѓето сè уште го чувствуваат како побезбедна и проверена варијанта и воедно формула за успешна свадба.
Оваа приказна, комбинирана и поткрепена со фотографски докази за автентичноста, зборува за свадбен спој на небото и земјата, на летањето и забавата. Не во буквална смисла, нормално. Повеќе во симболична, но и во естетска и амбиентална. Со други зборови – да го почувствувате амбиентот на авионскиот ентериер, но оној луксузниот, како да летате со екстра класа, и во такви услови да го прославите вашето големо животно „Да“.
Оние кои веќе го имаат имплементирано овој спој на луксуз и позитивна екстраваганција во своите свадбени термини, порачуваат дека ова е искуство кое мора да го доживеете, за непосредно да ја почувствувате возбудливоста на таквиот амбиент.
Станува збор за хотели со тематски дизајн со акцент на неговиот ентериер, кој симулира луксузна и раскошна авионска внатрешност каква што е присутна во приватните авиони. Таквата атмосфера ја зголемува возбудата со својата префинетост и елеганција кои се нудат во таквото внатрешно хотелско уредување.
А од друга страна, дизајнот нуди и забава и инспиративност кои потекнуваат токму од тој луксуз и гламур. Бидејќи се нуди комплетно свадбено шоу истовремено адаптирано и на ентериерот, и на желбите и вкусовите на оние кои се одлучиле за ваква свадбена прослава. И да не го заборавиме и ексклузивитетот – во вакви тематски дизајнирани хотели прославите не се „штанцаат“ во сериска репетитивност. Тоа дополнително го зголемува чувството на посебност.
Она што и нас не приближува до можноста за уживање во вакви несекојдневни и невообичаени свадбени прослави е тоа што за достапност на истите не се потребни некои посебни и специфични предуслови, кои ние ги немаме. Едноставно, за организаторите на свадбени термини е потребна соработка со хотелиерите кои ги менаџираат нашите хотелски капацитети за да се создадат ентериерни услови од ваков тематски тип. Или нешто слично на ова, секако. Во зависност од креативноста и инспирацијата.
Бидејќи, летот во брачните сфери треба да биде неповторлив, незаборавен, уникатен и возбудлив. А еден ваков префинето дефиниран амбиент и дизајн и тоа како го нудат и овозможуваат тоа. Со пар импровизации, би се осмелиле ли на еден ваков свадбен потег во една од свадбените локации на Termin.mk? ☻