Пролетта оваа 2016 година, вака-така, квалитетно ја раситнивме (во денови), а летото веќе почнуваме да го чувствуваме во воздухот. А со летото доаѓаат и добар дел од свадбените термини кои младите брачни парови ги имаат резервирано уште од зимските денови, па пополека ги осмислуваат, дефинираат и реализираат сите детали и моменти од еден од најважните денови во нивните животи.

letni-svadbi1

letni-svadbi2

Хотелските и ресторански сали, поголеми и помали, во секој објект се веќе адаптирани и за летни услови, со разладни системи, па тие некако доаѓаат како сигурна и проверена добитна комбинација за летните свадби, со докажан распоред и „шема“ на сите ритуално-забавни „дисциплини“ кои се случуваат на нив. Но, чесно е да се постави и едно логично прашање - зошто да го избегнувате убавото и топло време, затворајќи се во внатрешни простории, кога можете да ги искомбинирате летната вечерна свежина, топлиот и пријатен воздух со вашата свадбена забава. Предлогот – направете го тоа на отворено.

letni-svadbi3

letni-svadbi4

letni-svadbi5

Логистика за седење и амбиент

Едноставноста не секогаш значи и одлика на празнотија. Едноставно декорираните маси, столови, искомбинирани со интимна амбиентална и иновативна светлечка импресија во форма на фенери или други креативни светлечки објекти, шатори за дополнителна „зачинетост“ на логистичката атмосфера, свеќи за романтична димензија – креативноста во тој поглед нема граници, посебно не во малите и ситни декоративни елементи.

letni-svadbi6

letni-svadbi7

letni-svadbi14

Бидете отворени визионери за ваква свадбена дразба, во комбинација со свежа трева наоколу (па и под вас, зошто да не), некое пријатно ветре кое ќе ве освежува дополнително, се пријатна атмосфера која истовремено и опушта и мотивира за забава.

letni-svadbi13

letni-svadbi15

letni-svadbi17

letni-svadbi14

letni-svadbi18

letni-svadbi22

Пијалаци и освежување

На ова поле можете да бидете прилично општени и неформални, едноставно комбинирајќи послужувачка услуга од персонал и некој вид на самопослужувачки елемент – маса исполнета со разни пијалаци, од алкохолен и безалкохолен вид, за гостите, а и вие, воопшто да не му ја мислите што, каде и колку ќе се напиете.

letni-svadbi8

letni-svadbi9

Разни безалкохолни овошни коктели, едноставни миксови од минерална вода комбинирана со сецкано овошје – изборот и комбинациите се во голем број. А за „мотивирачките“ пијачки кои ја загреваат атмосферата, тука веројатно си знаете што и како е најдобро за во лето. Важно е никој од присутните да не си го дехидрира организмот за наредниот ден од комбинацијата на летно топло време и алкохол. Мерата е важна работа.

letni-svadbi11

Мени и закуски

Нека биде нешто лесно, во форма на мали сендвичи, зеленчукови „ражничи“, зошто да не и комбинација со месно мени и порции – изборот го правите вие. Битно е да не биде мени комбинирано од тешки и жешки оброци.

letni-svadbi12

Десерт

Сладолед, што друго. Или некоја торта со сладоледни карактеристики. Сладолед во најразлични форми, декорации, искомбиниран со деликатесни рецепти за разни вкусни „лесни“ летни торти. А и изборот на класична свадбена торта воопшто не е никакво промашување. Напротив, лесно и едноставно ќе ја вклопите во целиот тој амбиент и атмосфера, па ќе делува и декоративно во рамки на целокупната прослава.

letni-svadbi23

letni-svadbi24

Летото наближува, ние ве советуваме, а изборот на крајот е секогаш ваш. Најбитно е да се забавувате, да си поминете најубаво на големиот термин, и на другите да им ја пренесете таа позитивна енергија и љубов, а притоа да направите журка која долго време ќе ви ги дразни сеќавањата и ќе ве држи под импресии.

letni-svadbi20

letni-svadbi21

letni-svadbi25

letni-svadbi26

letni-svadbi27

letni-svadbi28