Медениот месец е одлична прилика да се одморите од напорните подготовки на вашата свадба и ослободите од притисоците кои организирањето на истата ги носи. Доколку вие и вашиот партнер сте авантуристи, меѓутоа го сакате урбаниот живот и мотрополите, а сепак сакате да се опуштите, ние имаме одличен предлог за вас. 

 

Не далеку од нашата земја, не многу скап, а неверојатно инспиративен и незаборавен. Според многумина наречен Париз на истокот, главниот град на Романија, Букурешт. 

Романската престолнина, метропола, дом на околу 2,5 милиони жители, оддалечена од Скопје само 600 километри. Најголемиот град во Романија и вториот по големина град на Балканот лежи на брегот на реката Дамбовица на југот од државата. Градот е само 60тина километри оддалечен од реката Дунав, односно природната и политичка граница помеѓу Романија и Бугарија. До него, од Скопје, се стигнува преку Софија, односно рутата Е871. Патот со автомобил ќе ви одземе нешто помалку од 9 часа. 

Што се однесува до сместувањето, со оглед на стандардот во државата истото не би требало да ве чини скапо. Како што успеавме да најдеме на airbnb, просечната цена за хотелско сместување во Букурешт, за едно ноќевање за две возрасни лица изнесува околу 40-45 евра. Во градот постојат голем број хотели од познати светски брендови, но и локални угостителски објекти кои нудат одлична услуга. 

Постојат голем број работи кои не би смееле да пропуштите да ги видите. Стариот град на Букурешт останал недопрен од Втората светска војна, но и потоа за време на режимот на Чаушеску. Па ќе имате прилика да ѕирнете во архитектурата на раниот 20-ти век. Еден од најдобрите примери е Картурешти Карусел.

Црквата на Св.Арханѓел Михаил или попозната како Ставрополеос, е неверојатно сочуван примерок на средновековна архитектура односно Валахијанската ренесанса. 

Најпрепознатливиот објект во градот е палатата на Парламент, која воедно е и најголемиот административен објект. Таа се протега на површина од 365 000 квадратни километри и достигнува висина од 83 метри. Доколку времето ве послужи можете да го посетите паркот Кишмигиу сместен во самиот центар на градот. 

 

Покрај големиот број историски и културни обележја, градот изобилува со неверојатни ресторани. Традиционална романска и источно европска кујна, но и интернационални специјалитети можете да најдете по пристапни цени. Ноќниот живот на Букурешт, традиционално за Балканот се истакнува со својот особен шарм. 

Градот е домаќин на преку 100 културни манифестации годишно кои се одржуваат во 20тината музеи и концертни сали. Во секој случај, со сигурност ќе најдете нешто по ваш вкус за да го исполните времето на квалитетен начин.

 

Се уште немате свадбен термин? Погледнете ги слободните термини во најдобрите ресторани за свадби и свадбени локации во Скопје!