Број еден совет за планирање на летна свадба? - Не се плашете да ги прекршите правилата! Заборавете сѐ што сте слушнале за тоа што е правилно, а што не за свадба во лето, и одете по сопствен пат.

 

Ние, во стил на MythBusters, сме тука за да ги разоткриеме најголемите митови за летна свадба кои ни пристигнале на email како прашање од некој од нашите корисници, и сите барем еднаш сме ги слушнале:

Мит број 1: Мора да правите свадба на отворено!

Ако живеете во предел исполнет со зеленило и природа, каде што летните месеци од годината се драгоцени, можеби ви изгледа како апсолутно да морате да ја правите вашата свадба надвор на отворено. Но, ако свадба на отворено не е она за кое што сте сонувале, добро е да знаете дека затворениот простор може да биде исто толку летен (и многу посигурен) избор. 

 

Како прво, ако живеете во предел каде што има супер високи температури, свадба во затворен простор ќе биде многу по пријатна варијанта за вашите гости. Освен тоа, може да ја искористите вашата креативност и вештини за дизајнирање за да направите затворениот простор да одговара на сезоната.

 

Одберете висечки летни фенери или цветна градина на подот. Исто така наш совет е да изберете локација со огромни и високи прозорци кои ќе ја пуштаат сончевата светлина (или светлината од летната месечина) внатре.

Внимателно разгледајте ги свадбените локации кои ги имаме на Termin.mk, и преку галеријата или 360° виртуелната тура оценете која највеќе одговара на вашите потреби.

mitovi_letna_svadba_6

Мит број 2: Ви требаат светли, летни бои!

Додека многу парови во лето се во потрага по живописни бои за да ја одразат сезоната, тоа дефинитивно не претставува никаков услов. Ако светлите бои едноставно не се ваш стил, нема потреба да се форсира интензивно весела палета на бои во вашиот изглед. Изборот на невообичаени бои за оваа сезона би бил неочекуван и прекрасен.

 

На пример, ледената сина и сива боја даваат кул и освежувачки тон во атмосферата, додека примеси на црна боја додаваат софистицираност. Палета на бои која одговара речиси на сечиј стил – без разлика дали станува збор за црна вратоврска, или по природна варијанта – се смета комбинација од бела и боја на слонова коска со зелени акценти. Јаболко – зелена нијанса ќе даде забавно чувство, додека потемно зелена може да допринесе за поголема елеганција.

mitovi_letna_svadba_2

Мит број 3: Не може да имате формална свадба!

Да, високите температури веројатно значат дека треба да ги прескокнете оние тешки фустани изработени од тврд сатен и многу тул, но тоа не значи дека треба да ги присилувате вашите деверуши да носат кратки фустанчиња или вашиот кум да носи мокасини доколку тоа не е вашиот стил.

 

За софистицирана, формална летна свадба, земете ги како опција тенките свилени фустани за вашите деверуши и лесни темни костуми за момците. Треба да најдете решение кое што ќе ја одрази формалноста на настанот, но нема да направи да се чувствувате непријатно и неудобно.

mitovi_letna_svadba_8

Мит број 4: Свадба во центарот на градот е промашај!

Лето е периодот кога повеќето од урбаните фацисе селат на плажа или некоја планина во близина. Но доколку отсекогаш сте замислувале chic и урбана свадба во срцето на градот, дефинитивно тоа може да го реализирате и во лето.

 

Свадбена прослава на некој кров ќе ви го даде она истото летно чувство дека сте некаде на отворено, без да ја изгубите дозата на она урбано чувство што го барате. Последниве месец-два сведоци сме на неколку rooftop-и кои никнаа во Скопјево, па може да ги проверите и земете како опција за помала свадба.☺️

Loft простор е исто така одлична идеја за летна свадба. Простор со огромни прозорци, каде што ќе ги избегнете високите температури додека го гледате прекрасното изгрејсонце и погледот на хоризонтот.

 

На Termin.mk имаме неколку различни типови на централни локации за свадби, па погледнете дали некоја го задоволува вашиот вкус.

mitovi_letna_svadba_7

Мит број 5: Топлото ќе уништи се!

Се разбира, летата знаат да бидат екстремно топли – но не дозволувајте негативните коментари да ве спречат. Ако знаете дека има прилично големи шанси да биде особено топло на денот на вашата свадба, планирајте да ги спречите сите катастрофи поврзани со времето.

 

Избегнувајте овенати цветови во букетите и побарајте од вашата цвеќара цветови како орхидеи или лилјани. Што се однесува до тортата, изберете фондан торта наместо торта со шлаг за да избегнете топење.

mitovi_letna_svadba_3

Мит број 6: Потребни ви се цвеќиња и зеленило насекаде!

Додека светот околу вас можеби е исполнет со бујна флора, вие нема потреба да создавате огромна градина од цветови на вашата свадба доколку тоа не е по ваш вкус. Држете се до чистите, минимални детали, или било кој декор што одговара на вашата визија за перфектна летна свадба.

 

Плус, доколку планирате да го кажете судбоносното Да некаде на отворено, веројатно веќе станува збор за предел со доволно природа каде што нема да има потреба да додавате дополнителни украси.

Мит број 7: Не може да носите долги ракави!

Ѕвонестите ракави - и ракави од секаков стил – не само што се во тренд, туку и изгледаат прекрасно.

 

Кој вели дека мора да носите венчаница без ракави или без прерамки само затоа што е лето? Ако сте од оние кои не можат да поднесат многу топло, држете се до некој полесен материјал и венчаница без ракави, но доколку вашата желба отсекогаш била фустанот да има ракави, одлучете се за некоја проѕирна варијанта, ракав на едното рамо или ѕвонести ракави.

mitovi_letna_svadba_5

 

За крај, наш совет е да не се водите според правила, бидете свои и дадете свој touch на вашата свадба, бидејќи на крајот од денот најважно е вие да се чувствувате убаво.