Доколку планирате да правите свадба во 2019, овие модни трендови нема да ве остават рамнодушни. Од изборот на боите, до декорацијата и храната, ова се најголемите свадбени трендови за новата година.

 

Ако веќе ја планирате совршената свадба, корисно е да се запознаете со најголемите трендови за 2019. Се разбира, не треба една свадба да е ултра trendy за да биде совршена, но сепак овие трендови ќе ви дадат инспирација за декорот, храната, сервирањето и изборот на бои, при тоа давајќи му еден модерен и урбан шмек на големиот ден.

 

Ќе забележите дека овие трендови не се премногу специфични околку изборот на различен стил или боја, туку се повеќе насочени кон создавање на персонализиран вајб за вашата забава, без разлика дали се придржувате до трендовите или не.

 

Бакарот е модерниот избор

 

Во изминатите години, бевме сведоци на експанзијата на металните нијанси во свадбената декорација. Кога станува збор за 2019, се предвидува дека бакарот и неговите нијанси ќе преовладуваат во сите модни трендови.

 

Бакарот и бакарни нијанси како тренд за свадба во 2019

 

Розево-портокалово-златната нијанса на бакарот не само што е навистина убава за гледање, туку има и одреден модерен и индустриски вајб кој останатите метални елементи го немаат. Очекувајте бакарни нијанси и бои на поканите, цветните аранжмани, свадбените торти и слично.

 

Боите не се специфични, туку се менуваат

 

Кога се спомнува шема на боја за свадба, многумина помислуваат на невести и младоженци кои трчаат со палетата грижејќи се секој детаљ да биде со соодветната боја. Меѓутоа, ова не е веќе случај. Да, паровите сѐ уште избираат бои за свадбата, но се отворени за целиот спектар нијанси за истите.

 

Бои кои се менуваат како тренд за свадби во 2019

 

Пример, доколку парот сака свадбата да е розева и сина, сите нијанси и комбинации на розево и сино се во игра. Не само што овој пристап остава простор за повеќе креативност, туку и го олеснува изборот на свадбена декорација, текстурата и визуелните детали на истата.

 

Минималистичкиот изглед е насекаде

 

Главната мантра на трендовите за 2019 е – „помалку е повеќе“. Младоженците повеќе и повеќе избираат стил и декорација која е минималистичка, од свадбените локации до поканите, тортите и слично. На пример, локации со индустриски (LOFT) стил, rooftop локации со неверојатен поглед, или модерни отворени градини. Ова се вистински примери за минималнииот пристап кон изгледот на свадбената забава.

 

Минималистички изглед - еден од најголемите трендови за свадба во 2019

 

Нормално, секогаш може да го декорирате простор со повеќе детали, меѓутоа новите парови даваат предност на отворениот основен простор без непотребните елементи. Освен тоа, се почесто се среќаваат едноставно дизајнирани покани, картички за подароци, помалку слики и повеќе болдирани фонтови и модерна типографија. А кога се работи за изгледот и невестинскиот фустан, само погледнете ја последната кралска свадба и модерниот и минималистички фустан на Меган Маркл.

 

Не се плашете да експериментирате

 

Слично на трендот со изборот на бои, сѐ повеќе парови избираат различна декорација и елементи кои ги мешаат и спојуваат меѓусебно. На овој начин, се создава изглед кој е порелаксиран и природен, а помалку „шминкан“. Ова најмногу се забележува во изборот на локацијата, декорацијата и распоредот на масите, приборот и другите елементи.

 

Кога станува збор за цветните декорации, се избираат различни видови, големини и бои. Мешањето на стиловите најмногу доаѓа до израз кај изборот на венчаниците, облеката на младоженецот, како и фустаните на деверушите.

 

Очекувајте земјени елементи и прекрасни растенија

 

Ако претходните години преовладуваше трендот на цветни ѕидови и големи зелени површини, во 2019 подгответе се за уште повеќе елементи инспирирани од природата. Исто така се забележуваат и различни кристали и камења како декорација за масите, кои ќе ги гледаме и во новата година.

 

Прекрасни растенија како декорација за вашата свадба во 2019

 

Како дополнување на трендот со зелените површини и текстури, различни растенија во керамички и дрвени кутии ќе бидат се поприсутни на модерните свадби. Еден од највпечатливите трендови кога станува збор за цвеќиња и растенија е т.н. „pampas grass“, кој исто така се користи и за декорација на патеките за венчавање, како и масите.

 

Збогум табли, здраво светлечки кутии

 

Потпишувањето стана нормален тренд во модерните свадби, од рустични дрвени знаци до дизајнирани табли и огледала за пишување. Влезни неонски знаци, како и табли на кои се прикачуваат букви и знаци, се бараат се повеќе, но кога станува збор за трендовите во 2019, сѐ повеќе ќе гледаме испишани светлечки кутии, кои го нудат тој модерен и минималистички изглед.

 

Светлечки табли - light box - тренд за свадбите во 2019

 

Не само што овие кутии служат за дополнително оствелување на просторот, навистина се едноставни и прегледни за читање, па вашите пораки навистина ќе дојдат до израз. Кога сме веќе кај осветлувањето, друг тренд кој ќе биде присутен во 2019 е и видео мапирањето, технологија која им овозможува на мајсторите и дизајнерите на светло да проектираат слики на ѕидовите, подиумите за играње и на други површини во вашата локација.

 

Паровите сѐ повеќе размислуваат за оддржливоста кога станува збор за свадбената декорација

 

„Помалку е повеќе“ трендот е врзан со фокусот кон оддржливоста. За разлика од „eco-friendly“ свадбите во минатото, денешните парови кои се еко-свесни заедно со соработниците наоѓаат креативни и едноставни решенија за да го избегнат загадувањето.

 

Затоа паровите избираат квалитет пред квалитет. Наместо куп цвеќиња, декорацијата ќе вклучува само неколку внимателно избрани цвеќиња. Исто така, различни елементи за декорација повторно се употребуваат, декорацијата од венчавката се вклучува во приемот, букетите се претвораат во централни декорации на локацијата.

 

Храната не само што е вкусна, тука е и дел од декорацијата

 

Познати ни се тестирањата на свадбеното мени, каде што младоженците ја пробуваат храната кој ќе се служи на големиот ден, но денес, освен ова, кетеринг компаниите им даваат можност на паровите да ги искусат и начинот на сервирање и презентирање, што ја прави храната главен дел од самата декорација. Меѓу пополарните трендови се и т.н. „donut walls“ односно ѕидови со крофни, но се забележуваат и скулптури од пециво, храна сервирана заедно со пијалаците за брза закуска и ордевери сервирани за време на коктелот.

 

Храната како декорација - тренд за свадба во 2019

 

Всушност, нема да нѐ изненади доколку храна во изобилие која вклучува кашкавал, месо, овошје и сѐ друго, биде во центарот на декорацијата на свадбата на паровите кои се вистински гурмани. Храната исто така е начин да ја раскажете вашата приказна, со различни специјалитети од културно и персонално значење.

 

Во линија сте со некој од горенаведените свадбени трендови?

 

Погледнете ги најдобрите локации за свадби и одберете ја онаа која најмногу ќе одговара на вашиот стил и некој од трендовите кои најмногу ви одговара! Провери термин онлајн, испрати електронско барање за посакуваниот и очекувај брз одговор од свадбената локација – единствено преку Termin.mk!