Секој млад пар сака почетокот на нивниот заеднички живот да биде одбележан и запаметен како посебен. Па така, водени од својата огромна љубов и пасија кон книгите за Хари Потер, Кејси и Луис Бајрум решиле да направат тематски инспирана свадба, токму од приказната напишана од Џ.К Роулинг. 

На Кејси и Луис им било потребно повеќе од една година за совршено да го испланираат секој детаљ од оваа магична свадба. Тие постојано шетале по антикварници и продавници за „second hand“ работи, но и пазареле на разни веб-сервиси за онлајн продажби, за да ги обезбедат сите потребни нешта кои ќе ја отсликуваат целосната слика од книгите.

 

Приемот се одржал во хотелот Мидленд во Манчестер, а на церемонијата присуствувале околу 130 гости. Секој гостин на свадбата добил свое магично стапче, а целата свадба изобилувала со детали од седумте книги.  

 

Дури и чевлите, накитот, бидермаерот, маникирот и долната облека на невестата, како и аксесоарите на младоженецот се со симболика на приказната. Навистина магично! 

За подготовката на свадбата, невестата и младоженецот потрошиле доста време и пари на планирање на свадбата, но не заборавиле и на својот изглед. Држејќи се до програмата „3 week diet plan“, успеале двајцата да изгледаат фантастично на својот најважен ден. 

 

Запомнете, свадбата треба да го опишува карактерот и интересите на партнерите. Направете нешто интересно и креативно за почетокот на вашиот заеднички живот.  Уживајте во фотографиите од нивната прекрасна свадба!