На неделата на венчавки за есен 2019 година беа прикажани најдобрите свадбени етикети - oд Vera Wang до Monique Lhuillier.
Не изненадува фактот дека мајската свадба на Меган Маркл го инспирираше речиси секој дизајнер оваа сезона. Нејзиот фустан Givenchy и наметката на која беше везен замокот Виндзор беше извор на инспирација. Многу дизајнери прикажаа деколте во облик на брод. Вториот изглед на Војвотката на Сасекс, со висок врат потпишана од Стела Макартни, исто така, се забележуваше на повеќе писти.
Текстура, текстура и повеќе текстура!
Боите и големината на ракавите се во различни варијанти и оваа сезона. Волумен, тантела, слоевитите здолништа од тул, транспарентни и лесни материјали, димензионални апликации и кратки опции на венчаници, додека можеби најразличниот тренд се венчаници во два дела, кои го покажуваат стомакот. Шапките продолжуваат да владеат, откако беа и јасен тренд на минатата сезона.
Дозволете си да прескокнете граници над она што традиционалниот невестинскиот фустан обично го нуди. Бидете невеста која може да биде грациозна и маркантна и во панталони или во друга неконвенционална варијанта на венчаница.
20% ПОПУСТ на свадбена венчаница креаирана од Евгенија Зафировска. Дознај повеќе!
Vera Wang
Oscar de la Renta
Naeem Khan
Viktor & Rolf
Carolina Herrera
Theia
Tedashi Shoji
Monique Lhuillier
Погледни ги моделите на Евгенија Зафировска и креирај венчаница на попуст!