Тимот на Термин има потреба од Дигитал Маркетер!
Ако ти сe допаѓа тоа што го работиме, редовно висиш на социјални медиуми и сакаш креативно да се изразуваш преку истите, оригинално си поигруваш со прости и сложени реченици, фотографии или било какви други умотворби, ти нудиме супер можност. Но претходно погледни дали сме горе доле на иста линија.
Потребни вештини и квалификации:
- Одлично познавање на актуелни социјални медиуми... Facebook и Instagram, пред сѐ
- Почитување на граматичките правила на македонскиот јазик
- Самоиницијативност
- Креативност
- Темелност и деталност во работата
- Пасија за дигитален маркетинг и нови технологии
- Одлично познавање на англиски јазик
- Очекуваме апликации од сите профили, но предност ќе имаат оние кандидати кои имаат завршено или се при крајот на студиите на економија (е-бизнис, бизнис информатика, маркетинг и друга слична комбинација на овие департмани) или завршени курсеви/академии од областа на дигиталниот маркетинг
- Ќе се смета за голема предност чепкање на Photoshop или други алатки за правење на супер слики, и имање осет за естетика и дизајн
- Ќе се смета за предност познавање на Google Analytics, Mailchimp, Mailer Lite
Која е твојата одговорност во една реченица? Носење на квалитетни посети на Termin.mk и social media engagement!
Ако ти звучи примамливо ќе треба најдоцна до 19.05.2019 (недела) до 23:59 часот да ни испратиш CV на email адресата rabota@termin.mk со назнака „Апликација за дигитал маркетер“.
Платата ќе биде утврдена согласно квалификациите на кандидатот.
Работната позиција е со полно работно време (од понеделник до петок).
Корисни линкови за нас:
*Ќе бидат контактирани само оние кадндидати кое ќе влезат во потесен избор