Тимот на Термин има потреба од нов член - дигитал маркетер!
Поради зголемен обем на работа, нашиот “ТЕРМИНатор” aka “Tерминко” alias “Termin.mk” (wannabe Termin 2.0), also known as “T”, occasionally being called “Свадбарот” и “Дечарот” има потреба од нов член во тимот – дигитал маркетер!
Ако ти сe допаѓа нашата мисија и визија, редовно висиш на социјални медиуми и сакаш креативно да се изразуваш преку истите, оригинален си кога треба да составиш 2-3 реченици, фотографии или било какви други умотворби, и притоа не правиш пуздер од македонскиот јазик - ти нудиме супер можност!
Потребни вештини и квалификации:
- Одлично познавање на актуелни социјални медиуми... Facebook и Instagram, пред сѐ
- Почитување на граматичките правила на македонскиот јазик
- Самоиницијативност
- Креативност
- Темелност и деталност во работата
- Пасија за дигитален маркетинг и нови технологии
- Одлично познавање на англиски јазик
- Очекуваме апликации од сите профили, но предност ќе имаат оние кандидати кои имаат завршено или се при крајот на студиите на економија (е-бизнис, бизнис информатика, маркетинг и друга слична комбинација на овие департмани) или завршени курсеви/академии од областа на дигиталниот маркетинг
- Ќе се смета за голема предност чепкање на Photoshop, Illustrator, Canva или други алатки за правење на супер слики, и имање осет за естетика и дизајн
- Ќе се смета за предност познавање на Google Analytics; Mailchimp, Mailer Lite (или други email маркетинг апликации)
Кои се твоите одговорности?
- Изработка на cool Facebook, Instagram и Google кампањи за потребите на Termin.mk и нашите клиенти
- Изработка на Newsletter
- Изработка на месечни маркетинг комуникациски планови
- Дополнителни активности од областа на дигиталниот маркетинг за потребите на Termin.mk
- Можност за вклучување во наши останати проекти за клиенти од странство - Amazon Advertising, Facebook & Google Ads, SEO, UI/UX
Ако ти звучи примамливо ќе треба најдоцна до 09.01.2020 (четврток) до 23:59 часот да ни испратиш CV на email адресата rabota@termin.mk со назнака „Апликација за дигитал маркетер“.
Опционално: Доколку имате дополнително портфолио или сертификати кои сметате дека ќе ви ги зголемат шансите за работа, испратете ни ги и нив.
Платата ќе биде утврдена согласно квалификациите и знаењето на кандидатот.
Работната позиција е со полно работно време (од понеделник до петок).
Корисни линкови за нас:
*Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор