Доколку сте поканети на муслиманска свадба, треба да внимавате на неколку работи со цел да избегнете незгодни ситуации. Што да носите, како да се однесувате и што да не правите на вашата прва муслиманска свадба?
Муслиманската свадба е убав и духовен настан кој ја празнува заедничката посветеност на парот кон верата. Доколку никогаш не сте присуствувале на ваква свадба, добро би било да се запознаете со основите, за да знаете што да очекувате.
1. Облечете се пристојно за во џамијата и на свадбата
Муслиманските џамии се свети места каде верниците се собираат дневно за својата молитва. Па така, мажите и жените се облекуваат скромно и за свадбата. Генерално, долги пантолони и подолги фустани се најсоодветни. Исто така, и мажите и жените би требало да избегнуваат откривање на голи раце. Од жените можеби ќе се очекува да ги покријат и своите глави, па така понесете си и шамија.
За самата свадба важат истите правила, но најверојатно нема да имате потреба да си ја покриете главата.
2. Ќе мора да ги соблечете вашите чевли во џамијата
Доколку сте поканети на муслиманска свадба, бидете подготвени да ги соблечете вашите чевли пред да влезете во светиот дел на џамијата.
Најверојатно ќе има место каде што можете да ги оставите чевлите и истите да си ги земете пред да заминете. Ќе бидете замолени да ги оставите чевлите надвор, со цел да не оставате земја на килимот каде што верниците се молат.
3. Мажите и жените ќе седат одделно на свадбата
Муслиманската свадба вклучува и двоење на мажите и жените во џамијата. На свадбата исто така треба да очекувате слична ваква поделба. На пример, можно е да има различни простории за славење за мажите и жените, поделба во самата свадбена локација, или мажите и жените едноставно може да бидат групирани на различни маси.
Сепак, доколку не сте муслиман, може да бидете сместени на иста маса со останатите луѓе од различна вероисповед.
Свадба во 2019? Погледнете ги овие свадбени локации и проверете термин online!
4. Муслиманските свадби се кратки и слатки
Просечната свадба некогаш трае и помалку од еден час, и оваа „Nikah“ (муслиманска свадбена церемонија), најверојатно ќе биде најкратката на која сте присуствувале.
Постојат 3 различни делови:
Mehr – церемонијално врачување на подароци, пари или други значајни работи за невестата, од зетот. Многупати самиот веренички прстен се смета за дел од „Mehr“. За време на овој дел, невестата и зетот не можат да се видат. Потоа, и невестата и зетот мора да ја дадат својата согласност за бракот со тоа што секој ќе каже „qubool hai“ три пати, како одговор на прашањето од имамот (ова најчесто не се практикува на муслиманските свадби во Македонија).
Nikah-Namah – свадбениот договор кој невестата и зетот го потпишуваат пред своите гости. Истиот се чита на арапски за време на свадбата и тогаш и се потпишува. Стихови од „Куранот“ се читаат за време на краткото проповедање и официјално младоженците стапуваат во брак.
Savaqah – последниот дел од свадбената церемонија. По завршувањето на свадбата, брачниот парк се повлекува, и се фрлаат монети кон невестата, во знак на прославување (ова најчесто не се практикува на муслиманските свадби во Македонија).
5. Муслиманската свадба може да вклучува повеќе култури
Исламот е многу популарна религија која опфаќа околу 25% верници од светската популација. Како таква, свадбата едноставно значи дека младоженците се членови на оваа вера, но не ја диктира и културата на парот.
Постојат луѓе од целиот свет со муслиманска вероисповед, што значи дека освен тоа што вашата прва муслиманска свадба е со голема веројатност да биде Албанска свадба, можеби ќе биде и Индиска свадба, или прва свадба каде што ќе сретнете и други националности и култури.
Бидете подготвени дека и дел од горе напишаново може и воопшто да не важи, затоа што можеби токму вашата прва муслиманска свадба ќе биде модерна и нетрадиционална, и ќе наликува на оние свадби на кои што веќе сте навикнати.