Една од најромантичните локации на црниот континент, Мозамбик. Една од најпопуларните дестинации за светските авантуристи. Нуди мноштво на несекојдневни и интересни активности. Во Мозамбик ќе можете да заминете на популарното сафари низ Ниаса националниот резерват или пак да се сончате на брегот на Индискиот Океан.

 

 

Оваа африканска земја е лоцирана на југо-источниот дел од континентот со излез на Индискиот Океан, односно Мозабичкиот канал кој го одделува од континентот островот Мадагаскар. Поранешната португалска колонија може да се пофали со неверојатни природни убавини, како и магичниот брег за кој вреди да се пропатуваат сите тие километри. Локалното население го сочинуваат главно припадници на неколкуте племиња кои ја конституираат државата, а се особено пријателски настроени кон туристите. Официјален јазик во државата е португалски, додека валутата која се користи е Мозамбиканскиот метикал кој има вредност од 71:1 во однос на еврото. Дополнително, за посета на оваа африканска земја потребно е да ви биде издадена виза чија цена не надминува 100 американски долари за еденомесечен престој. Најскапата работа од целото патување, во секој случај е самиот авионски превоз.

 

 

Што се однесува до превозот, од Скопје е возможно да одлетате во главниот град Мапуто, со едно преседнување, додека пак патувањето трае  25 часа (поради поврзување на летовите во главниот град на Катар и пауза од повеќе од 12 часа). Постојат и низа алтернативни рути, меѓутоа патувањето трае подолго и секако цената е повисока. Доколку се одлучите за оваа тропска дестинација повратна карта би ве чинела не помалку од 900 евра по лице. Убавините на овој афрички бисер и уникатното доживување со сигурност ќе искомпензираат за должината на патот.

 


 

Мозамбик поседува одлични туристички капацитети и нуди одлични туристички сервиси. Помеѓу некои од најглавните туристички атракции е секако главниот град Мапуто, понатаму популарниот „Португалски остров“ Инхака, островот Мозамбик и тврдината на Сан Себастијан, плажата Билене и секако бројните локации за сафари туризам. Голем избор на различен вид локации од кои сигурно ќе успеете да одберете соодветна за вашиот совршен меден месец.

 

 

 

Што се однесува до цените за хотелско сместување, доколку резевирате на време, истите нема да ве чинат повеќе одошто сместувањето во било која европска метропола. Најниската цена за едно ноќевање во хотелско сместување изнесува помалку од 40 евра по лице. Мозамбик важи за скапа дестинација, меѓутоа споредено со соседството кое не може да се пофали со осбено висок стандард. Секако постои огромна понуда, па со сигурност би можеле да најдете некоја соодветна на вашиот буџет.

 

 

Мозамбик е означен како генерално безбеден, особено главниот град Мапуто, според оценката на амбасадата на Велика Британија. Меѓутоа сепак потребна е извесна доза на внимателност и без непотребни задржувања надвор од туристичките региони.

 

Доколку се уште ја планирате вашата свадба, ќе ни биде задоволство да ви помогнеме, погледнете го најголемиот избор на разновидни свадбени локации во Скопје од понудата на Termin.mk!