Романтичен амбиент, суптилна, но екстравагантна сценографија, романтична идила и љубовна атмосфера – ви звучат познато овие моменти, овие сцени? Веројатно нема романтична душа која не се воодушевувала на ваквите филмски кадри од романтичните драми, истовремено сонувајќи и за себе еден таков посебен момент во животот. Е токму тоа можете да го добиете како животно доживување, и тоа на најважниот ден во вашиот живот – свадбената прослава.

filmska-svadba

filmska-svadba1

filmska-svadba2

Свадбите во филмски студија во светот се веќе одамна востановена понуда за свадбениот термин, а клиентите кои се одлучуваат на ваков начин да го кажат своето животно „Да“, секогаш се задоволни од понудата и услугата кои ги добиваат. Едноставно, за сите оние кои сакаат комбинација од романтичен амбиент, опуштена атмосфера и екстраваганција – овој е вистинскиот избор за нив.

filmska-svadba3

filmska-svadba4

filmska-svadba5

Нормално, во соработка со филмските студија, целата атмосфера, заклучно со сценографијата, може да се дефинира и уреди по вкус и желба на младенците. Токму тоа е она што е највпечатливо во ваков случај – филмските студија можат да ви овозможат атмосфера и амбиент од секаков тип. Па, дури и ако сакате нешто повозбудливо, подинамично, поадреналинско. Секако, сето тоа во зависност од желбите, но и од финансиската можност – нели, секоја желба и вкус си има и цена.

filmska-svadba6

filmska-svadba7

filmska-svadba8

filmska-svadba16

filmska-svadba17

Тука вклучително влегува и кулинарската понуда, па сигурно нема да биде проблем доколку посакате и некое веќе прославено мени од некој од филмските класици, или евентуално од вашата омилена филмска свадбено-романтична комедија или драма која ви оставила силен впечаток.

filmska-svadba9

filmska-svadba10

filmska-svadba11

filmska-svadba12

Нормално, луѓето најчесто имаат желба нивниот свадбен термин да биде спој на елеганција, сензуалност, екстравагантност, висок стил и декор. Во тој поглед, филмските студија се еден универзално податлив избор за локација за вашиот свадбен термин, бидејќи се адаптибилни буквално за сечиј вкус. Во таа комбинација влегуваат сите нивни природни ресурси, објекти, но и реквизити.

filmska-svadba13

filmska-svadba14

filmska-svadba15

filmska-svadba18

Значи, од тоа автентично и оригинално, по ваш вкус да се осмисли и реализира целокупниот свадбен амбиент, ентериерно и екстериерно, до тоа да сакате некоја филмска свадбена реплика, со помали или поголеми измени – филмските студија се едни од најадекватните простори за таква свадба.

filmska-svadba19

filmska-svadba21

filmska-svadba22

Студиските гиганти од светски размери, нормално, ни приближно не се споредуваат со нашиот домашен капацитет за филмска продукција. Но, тоа воопшто не треба да биде проблем и пречка за човечката креативност на свадбените организатори. Напротив. Кај нас имаме доволно автентични природни убавини и културно-историски објекти со специфична уникатност, кои лесно можат да бидат претворени во свадбени сцени со филмски амбиент, доколку имате добар „режисер“ на вашиот најзначаен и најубав животен филм – вашата свадба.

filmska-svadba23

filmska-svadba24

filmska-svadba25