Како што се наближува 2020 веќе може да се предвидат идните свадбени трендови. Поразговаравме со дел од нашите соработници, го земавме во предвид она што сме го виделе до сега и во која насока се движеле досегашните свадби, и успеавме да извлечеме неколку трендови што претпоставуваме дека дел од нив ќе се актулеизираат во новата деценија и кај нас.
За разлика од порано кога слободно можеме да кажеме дека свадбите биле copy-paste една на друга, денеска секој сака нешто барем малку поинакво, уникатно и препознатливо... без разлика дали е во прашање венчаницата, храната, музиката, декорацијата, локацијата, одредено свадбено изненадување итн. Како што свадбените трендови се менуваа, така се менуваше и вкусот и начинот на кој младите се решаваат да ги потрошат своите пари, или парите на своите родители 😊.
Мали, релаксирани и неформални свадби
Со сигурност на врвот на листата можеме да го ставиме веќе видливиот тренд на сѐ помали свадби. Сѐ помала пракса е да се канат „братучедот од сестрата на внукот на бабата“, туку само најблиските и најдрагите пријатели и роднини. Овој тренд отвора можност младите да го искористат својот буџет великодушно на помала група на гости.
Еден од најголемите светски свадбени трендови се т.н. интимни или микро свадби. Станува збор за свадби со најмногу 40 гости, кои што можат да бидат формални или неформални, во линија со традиционалното, со комплетно модерен и авангарден пристап, или пак оние најчестите – фузија на двете, или за секого да има по нешто 😊.
Кај нас свадбите од овој тип се премногу ретки, но трендот на намалување на бројот на гости е сѐ повеќе присутен. Можеби е претерано да зборуваме за микро свадби, но сѐ почесто ќе се случува да бидеме поканети на свадби со број на гости од 80 – 150 луѓе.
Позитивната страна на ваквиот тип на свадби е тоа што самиот трошок за порции е намален, што значи дека има простор да се инвестира во поскапо мени или уникатни и пресонализирани детали. За одлуката и изборот можат да ви помогнат едни од најдобрите локации за свадби или добропознатите ателјеа: Ava Atelier и Boho.mk, а притоа и дознајте повеќе за свадбениот попуст кој ви го обезбедивме.
Најважно од сѐ е што, на помалите свадби младите имаат многу повеќе време да го споделат еден од најважните денови во нивниот живот со најблиските.
Локација: Diamond Wedding House
Екстравагантни свадби
Самото тоа што би го намалиле бројот на гости, не значи дека вие не треба да организирате уникатна или екстравагантна свадба. Токму спротивно, ова ви отвора многу можности.
Оттука, не е изненадување дека еден од последните свадбени трендови во моментов акцент на декорацијата, осветлувањето, впечатливи елементи, големи балони и останати мали детали кој ќе направат вашите гости да се чувствуваат не толку “свадбарски”. Вашиот личен стил пресликан во свадбената прослава е еден од трендовите кој се почесто ќе ги гледаме дури и кај нас.
Прво одберете свадбена локација со докажан професионален тим која најмногу ќе одговара на вашата свадбена замисла, а потоа оставете на веќе докажани креативци да се погрижат за холивудски светлосни ефекти, па се до грациозна свадбена декорација.
Нешто поразлично
Секој се стреми за поинакво свадбено изненадување... без разлика дали е тоа желба на кумот, старосватицата, некој од родителите, или пак на невестата и младоженецот. Несекојдневен елемент на вашата свадба е секогаш во мода, нешто што ќе ги натера вашите гости да го помнат вашиот свечен ден засекогаш. Тимот на Termin.mk ви го предлага stand-up перформансот на Бојан Велевски, нешто сосема ново и скрос невообичаено за една свадба.
Други креативни решенија со кои што вие можете да ја издвоите вашата свадба е преку уникатната и вкусната свадбена слатка маса на Слатки Нешта или пак заменете ја традиционалната свадбена торта со крцкавите мини палачинки на Fluffy Mini Pancakes.
Уникатни венчаници
Трендовите за венчаници редовно се менуваат, па така за 2020, според модната бибилија Vogue, венчаници со џебови ќе бидат новиот хит. Oд праткична гледна точка лесно е да се види зошто е тоа така – одлични се за да го ставите вашите мобилен телефон, сјај, кармин или можеби марамче. Интересен е фактот што онлајн пребарувањата за фустани со џебови се пораснати за 83% во првата половина од оваа година.
Исто така, тренд кој повторно се враќа на сцена се венчаници со долги ракави кои честопати можат да се најдат во комбинација со отворен грб, со цел да се направи еден стилски баланс во целокупниот дизајн на венчаницата.
Бидете храбри и одлучни за време на вашиот ден, одберете вистински професионалец да ве посоветува и да се погрижи за вашата венчаница. Кога зборуваме за похрабар избор, тимот на Termin.mk Ви ја препорачува Евгенија Зафировска, нашата модна креаторка, која живее и работи во Словенија и Македонија.
Осветлување
Кога сонцето ќе зајде, и светлата ќе се запалат, без разлика дали сте во затворен простор или свадба на отворено, светлата го одредуваат тонот и целосното расположение во свадбената локација. Без посериозно изненадување, едно од најголемите трендови на годината ќе биде т.н. амбиентално светло.
Think out of the “lightbox”! Од секогаш впечатливите “Едисонки” до абажури, винтиџ лустери и свеќи. Има повеќе начини да го затоплите просторот, одберете го оној кој најмногу ви одговара.
Неонските знаци и светла ќе продолжат да бидат популарни. Знаат да бидат прилично скапи, но доколку вашиот буџет за свадба е поголем, секогаш може персонализирано неонско светло добро да го вклопите во делот каде ќе биде фотографирањето, на свадбената маса или пак на во некое рандом катче од свадбената локација.
Нашите соработници Dalma Catering & Events, пoкрај останатите услуги може да ви понудат и дополнително светло кое ќе ја направи вашата свадба незаборавна.
Фотографија и видеографија
Свадбените фотографии секогаш биле еден од клучни свадбени елементи, но во последно време се почесто гледаме уникатни, професионални свадбени видеа кои што овозможуваат визуелно понатомошно потсетување на вашиот свечен ден.
Голем број професионални студија можат да ви помогнат со фотографијата или со видеографијата за време на вашата свадба. Издвоивме неколку професионалци од индустријата, кои сигурно ќе се погрижат да добиете супер кул фотографии спремни за Instagram :). Погледнете го попустот кој го обезбедивме.
- Фото Бимбо Wedding Production
- Foto & Video Premium Production
- Just Smile - photography & cinematography
Храна и пијалак
Тргнете од фактот што еден од најголемите предизвици на угостителите е да најдат добар готвач. Можностите за оригиналност, посебно во начинот на сервирање на храната и пијалаците, стануваат сѐ поголеми... од добри коктели до уникатни канапеи и десерти... помалку вино и шампањ, повеќе шанкови со водка, џин и коктели.
Кога ќе се договарате со свадбената локација околу менито посветете внимание на овој дел. Внимателно разгледајте ги менијата кои ви ги нуди и со вашиот избор направете вашите гости да се осеќаат повеќе како на забава отколку на класична свадба.
Шведска и слатка маса
Сечењето на невестинска торта е готово! Во ред, можеби кај нас ќе потрае уште малце сечењето на свадбена торта, но во светот традиционалните свадбени торти се менуваат со мафини, крофни и друг тип на слатки. Трендови на даски и кули со сирења и кашкавали, крекери и домашен леб ќе бидат се почести на шведските маси. Помалку сечење, повеќе боцкање! 😊.
Погледнете ги алтернативите за невестинска торта во Скопје, и додадете уште еден уникатен момент на вашата свадба за кој вашите гости долго ќе зборуваат – Слатки нешта и Fluffy Mini Pancakes.
Eко свадби
Повеќе од било кога младите брачни парови бараат начин да организираат eco-friendly свадба. Ова значи кратење на непотребниот отпад и организација на свадба каде нема да се употребува пластика. Од промена на пластични со хартиени цевки, споделување на цветните аранжмани и декор со останати парови во истата локација, до комплетно исфрлање на пластични материјали за време на свадбата.
Од друга страна пак, свадбените локации стануваат се позелени и стануваат поодржливи. Во своите менија нудат локално произведена и био храна, како и други аспекти во бизнисот кои се eco-friendly.
Факт е дека ова е тесно поврзано со животниот стандард и културата, па за жал ќе почекаме сигурно неколку години овој тренд да додеј и кај нас ☹. Сепак мора да се започне од негде. И најмалата одговорна работа која ќе ја направите на вашата свадба ќе значи многу за подигање на свеста.
Your way
Иако горенаведенети трендови се популарни, секогаш ќе бидете најоригинални и “најтренди” ако се држите до вашиот стил. Трендовите се добри за инспирација и идеи, но одберете го она што вам ви се допаѓа.
Какви и да се моменталните трендови, запомнете, ова е вашиот ден, па направете го по свое 😉. Каква и да е, #SvadbaEGolema 😊.
Се уште немате резервирано свадбен термин? Пребарај слободни термини, испрати барање до една од најдобрите свадбени локации и добиј купон за супер свадбени попусти!