Годината полека но сигурно одминува, заедно со трендовите кои ја одбележаа. Зимата може да се намириса а со неа и новата година. А какви свадбени трендови ќе донесе таа 2018-та година?!
Termin.mk ви ги пренесува последните „трачеви“ поврзани со свадбените веселби, венчаници, локации, идеи и се останато поврзано со најважниот ден во животот.
Природа и опуштен амбиент
Раст во популарноста ќе забележат локациите кои се одликуваат со природа и опуштен амбиент. Природата ќе остане тренд и во наредната година, но и дополнително се очекува да добие на популарност. Реализацијата на прославата може да варира од едноставен минималистички концепт на прослава во градина, па се до раскошна свадба покрај шума.
Бледо розева боја
Популарната бледо розева боја ќе остане во мода и наредната година. Меѓутоа се очекува да биде смело комбинирана со потемни нијанси, па дури и сребрена и тегет боја. Невестите ќе го обожуваат ова неверојатно вкрстување на бои и потемни нијанси кое ќе го засили впечатокот.
Зеленило и лисја како декорација
Зеленило и лисја се очекуваат да бидат главен тренд што се однесува до декорирањето на просторот. Создавањето на интимен и пријатен амбиент во просторот наменет за самата прослава ќе биде приоритет. Висечки орнаменти кај кои доминира зелената боја, цветните детали, и маси прекриени со листови се само дел од идеите кои ќе се видат на свадбите наредната сезона.
Дводелни венчаници
Дводелните венчаници добиваат на популарност последните години и се доживуваат како израз на личниот став и стил на невестата. Со досетливо комбинирање на горниот и долниот дел од фустанот може да се состави уникатен сплет на традиционален и модерен дизајн. Ова може да се покаже особено практично за невести кои не можат да се одлучат помеѓу два конкретни дизајна.
Напуштање на традиционални обичаи
Младенците носат поголем број на одлуки во врска со свадбената церемонија. Во историја заминуваат дел од традиционалните обичаи, а ги заменуваат нови модерни. Во 2018-та година се помалку ќе гледаме буткање врати за да се земе невестата, зурли, тапани и се она што се смета за традиционално. Младенците се почесто сакаат поактивно да учествуваат во изборот и редоследот на активности за време на нивната свадба, ставајќи ги во преден план сопствените желби и замисли.
Шминка или попрецизно скапа шминка
Една од омилените работи на жените, а особено кога се работи за вака значаен ден. Меѓутоа ова е сосема оправдано ако се земе в предвид дека шминката е начин да се истакне нечија уникатност и убавина овековечена на фотографиите и видеата од свадбата.
Винарии како простор за прослава
Свадба на отворено е нешто што е популарно од секогаш, меѓутоа винариите се особено растечки тренд во светот. Дополнително што овие локации нудат простор за персонализирано декорирање на просторот. Плус во целата ситуација е што декорациите можат да бидат направени по принципот DIY со што ќе успеете да заштедите.
Испланирајте ја и закажете ја вашата свадба на време! Termin.mk Ви нуди увид во најголемата база на свадбени локации и слободни термини за 2018-та година!