Заедно со времето се менуваат и растенијата, воедно и свадбените трендови.

 

Реализирајте ја вашата свадба со рустичните бои што есента ги носи со себе. Како декорација на вашите маси искористете некои сезонски цвеќиња, а за вашиот бидермаер можете да искористите диви цвеќиња, кои што ќе ја комплементираат тематиката на вашата свадба и плус ќе ви дадат уникатен изглед.

 

Како што ни е познато на сите, декорацијата е еден најбитните елементи на вашата свадба, па затоа е најдобро да ја препуштите во рацете на експертите.

 

Локални професионалци во полето на свадбени декорации што ние ви ги предлагаме се Ava Atelier и Boho.mk, и притоа дознајте како до супер свадбен попуст.

 

Со помош на овие креативци, вие можете да добиете уникатен, модерен и тренди изглед на вашата свадба, што ќе ги остави вашите гости воодушевени.

 

Во духот на сезоната, во прилог ви прикажуваме неколку сезонски комбинации за вашиот свадбен бидермаер што ќе ве комплементира вас, а и целата ваша свадба.

 

 

 

 

Богати темни бои

Комбинација од виолетови и бордо цветови во контраст со розеви и бели цветови дава ексцентричен, но сепак нежен изглед.

 

 

Неутрални бои

Создадете модерен, но сепак едноставен изглед со користење на неутрална палета.

 

 

Ружи се секогаш тренди

Ружите се секогаш тренди и изгледаат супер во комбинација со било кои зелени и бордо цветчиња.

 

 

Сончеви тонови

Не можете да згрешите со комбинација од црвени, жолти и портокалови цветови.

 

 

Уникатни комбинации

Користете лози, дури и исушени, со цел да ги истакнете останатите бои и да создадете еден уникатен гламурозен изглед.

 

 

Шумски бои

Создадете бидермаер што е инспириран од природата. Комбинацијата од зелени и кафеави бои, ќе ви го овозможи овој изглед.

 

 

Темен тон

Темниот изглед на вашиот бидермаер е совршен избор за есенска свадба. Но, направете го вие понежен со тоа што ќе му вметнете розева и бела боја. 

 

Сите овие уникатни комбинации можете да ги реализирате во одбраната свадбена локација, а нашите свадбени декоративни ателјеа се тука за вас да ви помогнат да се изразите преку вашата свадбена декорација.