Најава

Најавете се со Вашиот кориснички профил за да ги користите сите придобивки од Termin.mk!

Регистрација

Брзо е, бесплатно и безбедно! - Искористете ги сите придобивки од Termin.mk!


Сакам да примам новости

Се согласувам со условите на користење и политиката на приватност на Termin.mk

ava_atelier

Ava Atelier

10%
Попуст

Преостанува

Ava Atelier

Адреса
  • Т.Ц. Бисер 1 спрат, Аеродром
Работно време
  • понеделник - петок: 09:00 - 17:00
  • сабота: 09:00 - 15:00

Краток опис:

Ava Atelier е атеље за организација, декорација и осветлување на свадби и други видови прослави. Со капацитет за декорирање на десетина свадби во ист ден, Ви нудиме многу опции од кои можете да го одберете она што отсекогаш сте го замислувале за Вашиот најважен ден.

 

Нашите клиенти имаат можност да презентираат своја замисла која нашето атеље ќе ја изведе до совршенство, но имаат можност и да одберат од декорациите кои се веќе изработувани од нашиот тим.

 

Ava atelier се наоѓа во Т.Ц. Бисер на 1 спрат, а Вашиот термин за посета на атељето можете да го закажете на 078/34 77 66.

 

Услугите кои ги нудиме се следните:

 

1. Декорација на сала/ресторан

 

- невестинска маса (преден дел, цветни аранжмани, свеќници, декоративни елементи)

- гостински маси (навлаки на столчиња, машни на столчиња, чаршав, ранер, салфета, сервиета, цветен аранжман, свеќници, мени, бројче на маса, картичка за вечера)

- место за прием (декоративни ѕидови, сводови, сталаци, табла со распоред на гости, кутија за пари)

 

2. Декорација на домот

 

- декорација на дворно место (вклучува и изнајмување на коњопои)

- декорација на соба

- декорација на маса за кетеринг

- венчиња за на врата

 

3. Дополнителни услуги

 

- бомбончиња

- китенки

- пакување на дарови

- бидермаери

- покани

- црквени свеќи

- перниче за бурми

- украсување на автомобил

 

4. Осветлување и дополнителни ефекти

 

Нашиот тим со задоволство ќе ја реализира секоја Ваша замисла. Ве очекуваме.

За да ги искористите сите попусти, претходно мора да ги исполните следниве чекори:


  1. Испратите онлајн барање за термин до една од свадбените локации на Termin.mk
  2. Да го резервирате терминот во локацијата каде што имате испратено онлајн барање (во најголем број од случаите резервирано значи оставено аванс)
  3. Да не контактирате нас дека успешно сте испратиле онлајн барање и сте резервирале термин - кликнете на копчето ИСКОРИСТИ ПОПУСТ
  4. По проверката на Вашата успешно резервирана свабда од наша страна, ќе добиете купон по е-mail со кој ќе може да ги користите сите попусти

ВАЖНО: Терминот за кој сте испратиле онлајн барање за свадба, не мора да е ист со терминот кој потоа сте го резервирале во свадбената локација. Проверката на Вашата успешна резервација, нема да биде подолга од 48 часа.

10%
Попуст

Преостанува