Најава

Најавете се со Вашиот кориснички профил за да ги користите сите придобивки од Termin.mk!

Регистрација

Брзо е, бесплатно и безбедно! - Искористете ги сите придобивки од Termin.mk!


Сакам да примам новости

Се согласувам со условите на користење и политиката на приватност на Termin.mk

evgenija_zafirovska_design

Евгенија Зафировска

20%
Попуст

Преостанува

Евгенија Зафировска


Краток опис:

Венчалниот фустан носи посебна симболика, има непроценливо и драгоцено значење за секоја невеста... сведочи за еден од најубавите моменти во животот. Преку изборот на свенчаницата останете доследна на својата индивидуалност и секогаш приоритетно треба да се земе во предвид типот на венчаница прилагоден на телесната конституција.

 

"Новата ера на луксуз значи да се биде социјално и еколошки одговорен" - ЕZ

 

Инспирацијата најчесто ја црпам од архитектурата. Во креирањето го вклопувам мојот карактер, идеите и ставот. Се стремам кон тоа секое модно парче што ќе го изработам да е уникатно, трајностно и секако вистинското модно парче е безвременско. Тоа е она што ме води, црвената нишка во мојата креативност.

 

Дизајнирам за софистицирана, социјално активна жена, која ги цени уникатните и квалитетни дизајнерски парчиња со додадена естетска вредност. Спој на елеганција и минимализам.

 

Колекциите се фокусирани на глобални и одржливи трендови. Одржливата мода, која обично се нарекува еко-мода, е дел од филозофијата на дизајнот и одржливите трендови. Нејзината цел е да се создаде систем кој ја поддржува природата и општествената одговорност. Дизајн врз основа на овие принципи значи почитување на клиентите на нов начин. Исто така, нуди подлабоко задоволство од производот во однос на квалитативниот дизајн, добрата хармонија и квалитетот на создавањето.

 

Моден дизајнер кој дизајнира под името Евгенија Зафировска. Родена во Скопје 1992 година.

 

Факултет за дизајн, моден дизајн

Трзин, Словенија

 

Магистратура

Факултет за природни науки и инженерство, моден дизајн Универзитет во Љубљана, Словенија

 

*Договорете ја Вашата свадба преку Termin.mk и добивате 20% попуст на венчаниците.

За да ги искористите сите попусти, претходно мора да ги исполните следниве чекори:


  1. Испратите онлајн барање за термин до една од свадбените локации на Termin.mk
  2. Да го резервирате терминот во локацијата каде што имате испратено онлајн барање (во најголем број од случаите резервирано значи оставено аванс)
  3. Да не контактирате нас дека успешно сте испратиле онлајн барање и сте резервирале термин - кликнете на копчето ИСКОРИСТИ ПОПУСТ
  4. По проверката на Вашата успешно резервирана свабда од наша страна, ќе добиете купон по е-mail со кој ќе може да ги користите сите попусти

ВАЖНО: Терминот за кој сте испратиле онлајн барање за свадба, не мора да е ист со терминот кој потоа сте го резервирале во свадбената локација. Проверката на Вашата успешна резервација, нема да биде подолга од 48 часа.

20%
Попуст

Преостанува