Ја започнавме нашата приказна на 20ти Ноември 2014 година со иновативен и единствен продукт, не само на македонскиот пазар, туку и пошироко во регионот, кој понуди бесплатна проверка на термини во свадбени локации, игротеки и спортски објекти. Од првиот ден ги слушавме Вашите потреби и потребите на нашите соработници, континуирано развивајќи го Termin.mk во кориснички ориентиран бренд кој ќе биде синоним во Република Македонија за проверка и најбрзо доаѓање до слободни термини за сите области кои функционираат на принципот резервација на термин.

 

По 1 година постоење на македонскиот пазар, чест ни е да Ве информираме дека, повторно, во соработка со Вас, развивме нова бесплатна услуга, овој пат наменета за Вашите деловни потреби. На 20ти Април 2015 година, го лансиравме Термин – Деловен настан.

 

Што е Термин – Деловен настан? Термин – Деловен настан, е составен дел од Termin.mk и обезбедува организиран преглед на слободните термини во конференциски сали на хотелите, event простори, конгресни центри, амфитеатри, семинарски сали, ресторани и останатите локации низ цела Македонија кои организираат деловни настани. На Вас Ви нуди на најбрз и наједноставен начин да дојдете до идеалниот термин во посакуваната локација за организирање конференција, семинар, конгрес, team building, oбука, workshop, презентација, средба или друг вид на деловен настан. Истовремено, покрај информацијата за слободните термини, на располагање Ви се други корисни податоци за локациите како фотографии од истите, форми и капацитети за секое од стандардните уредувања на салите, капацитет за сместување, цена, местоположба, дополнителна опрема итн. Развивме алатка која истовремено овозможува информација и инспирација за Вашиот следен деловен настан.

 

Како функционира Термин – Деловен настан?

 

  • Одбирате град во кој сакате да го организирате Вашиот следен деловен настан 
  • Одбирате дали станува збор за еднодневен или повеќедневен настан
  • Го одбирате терминот (конкретна дата или периодот од неколку дена) за кој Ви е потребен простор
  • Ги добивате локациите со бараните расположливи слободни термини
  • Откако ќе го најдете соодветниот термин во посакуваната локација и простор – испраќате барање за терминот директно до самата локација
  • Локацијата во најбрз можен рок одговара на Вашето испратено барање (рокот не е подолг од 24 часа)

 

terminmk-deloven-nastan-forma

Слика 1: Форма за пребарување

 

terminmk-deloven-nastan-rezultati

Слика 2: Резултати од пребарување

 

terminmk-deloven-nastan-prati-baranje

Слика 3: Форма за испраќање на барање

 

Во моментот понудата се состои од 15 локации кои организираат деловни настани. Ние активно работиме на збогатување на истата со цел да Ви понудиме избор на најквалитетни локации за организирање на деловни настани во Македонија. Дополнително по принципот “се на едно место” наскоро на располагање ќе понудиме и листа на субјекти кои нудат услуги поврзани со организирање на деловни настани како техничка опрема, осветлување, преведувачи, кетеринг, рента а кар агенции, обезбедување и останато.

 

Покрај најквалитетната база на локации, наш приоритет ќе биде и веродостојноста на термините. Иако истата зависи од самите локации, ние ќе дадеме се што е во наша можност статусот на термините кој ќе го добиете кај нас на веб да биден точен.

 

Добредојдени се Ваши коментари, предлози, сугестии, критики и пофалби со цел заеднички да создадеме совршен веб сервис кој целосно ќе одговара на Вашите потреби.