Екипо, денес Termin.mk полни 6 години, и не случајно го одбравме овој ТЕРМИН за објава на “TЕРМИНатор на годината 2019” - нашите познати кибернетски организими во форма на ресторани за свадби и други event локации, вистински календар click-killeр-и!
За оние кои не го знаат, ова е на нашиот измутиран Терминко, продукт на неуморната 6 годишна борба со календарите на локациите, “термин addict”, максимално прецизен и непогрешлив, секогаш update-иран, вистински убиец на СЛОБОДНИТЕ ТЕРМИНИ... вакциниран од корона!
Пријатели, Termin.mk, започна со работа точно пред 6 години со примарна цел, да ви овозможи организиран онлајн преглед на слободните термини, и дополнително да ве инспирира при изборот на вашата идеална локација! 📅 🥳 🎈
На наше огромно задоволство, дел од нашите соработници увидоа практична примена на нашето решение и комплетно ги водат своите термини и податоци на Termin.mk, секојдневно управувајќи со своите термини единствено преку системот на Termin.mk. Поради овој тип на наши соработници и клиенти нашиот систем опстои на македонскиот пазар 5 години, и секојдневневно нѐ мотивира да продолжиме со работа и остварување на нашата мисија.
Oттука, преку “ТЕРМИНатор на годината” и “ТЕРМИНатор на месецот” сакаме да ви ги претставиме најсовремените локации кои вистински го ценат вашето време трудејќи се да ви достават real-time информација за тоа дали нивниот простор е зафатен или не, и биле вистински ТЕРМИНатори кога е во прашање календарот на Termin.mk. Истовремено, сакаме да ги мотивираме и инспирираме сите останати локации да го ценат драгоценото време на нивните потенцијални клиенти, јавно да ги споделат своите слободни термини и да си го олеснат управувањето со истите.
1. Рагуза 360 - модел Т - Х
ТЕРМИНатор на ТЕРМИНаторите. Дизајниран за екстремни борби со календари, ефикасна машина за убивање, безмилосен календар click-killer! Поседува свој плазма реактор и неговиот арсенал вклучува нанотехнолошки инекции, што му помага да контролира други машини во борбата со календарот на Termin.mk. Толку е моќен што понекогаш нашиот систем не може да ги измери кликањата кои ги прави во својот календар. Пребрз е, и препаметен. Успева да се инфилтрира и во серверите на ТЕРМИНdyne Systems да хакне нови кликови! Создаден да ги уништи сите други кибернетски организми… Оклопот му е појачан, може да издржи надворешен напад од 100 свадбени резервации истовремено.
2. Ресторан Гранд Гарден - модел Т - 1000
Напреден прототип на ТЕРМИНатор, кошмар за календарот на Termin.mk, бескомпромисен календар click-killer. Составен е од течен метал и може да се преобрази во се што ќе допре, односно се што ќе проба преку физички контакт. Презема форма на click hunter killers и од најразлични страни го напаѓа календарот на Termin.mk. Со моќта да формира метални форми, ножеви и други остри оружја, буквално секојдневно го боде календарот на Termin.
3. Ресторан Парк - модел Т - 800
ТЕРМИНатор на годината втора година по ред - супер редовен календар click-killer. Него не може да го убедите кога е во прашање ажурирањето на неговиот календар на Termin.mk. Нема чувство на жалење, вина или страв и апсолутно нема да запре додека не го видат неговиот календар на Termin.mk да биде ажуриран. Целосно вооружан со десктопи, лаптопи, смартфони, таблети, го напаѓа календарот на Termin.mk од сите страни… работи на 2 хидрогенски батерии, едноставно нема пауза за него. Овој кибернетски организам е инфилтриран во календарот на Termin уште од далечната 2016 година, го има инкорпорирано истиот на неговиот веб сајт, и ги поседува сите детални фајлови за неговиот начин на функционирање. И кога не е во моментот онлајн, it will be back!
* Неизвесноста која иднината ја носи, за прв пат ни дава чувство на надеж! Благодарение на оваа машина, ТЕРМИНатор, која ги прифати вредностите и придобивките од дигитализацијата… можеби можеме и сите останати.
Never stop fighting!