За да си го интерпретираат светот кој ги опкружува, децата се потпираат на своите родители. Иако често не признаваат, децата всушност веруваат во се што ќе чујат од родителите. Мислењето на родителот има најголем импакт врз самодовербата на детето и врз генералната емотивна состојба. 

 

Секој родител во извесна ситуација искажал ставови со кои дури ни самиот не се согласува. Често родителите во афект искажуваат мислења за своите деца за кои подоцна жалат. Секој родител го сака и го пружа најдоброто за своето дете, па така еден од најважните елементи е самодовербата на детето која е клучна во процесот на градење на личноста. 

За таа цел ние би сакале да понудиме 4 ефективни начини за зајакнување на самодовербата кај децата кои секој родител мора да ги знае. 

Научете ги да се соочуваат со проблемите и да ги решаваат

Понудете им поддршка при соочувањето со секојдневните проблеми, на начин што ќе им покажете дека и самите се способни да ги совладаат. Обидете се да им го наметнете ставот дека самите со способни да се носат со разни ситуации од секојдневието и дека можат да бидат успешни во тоа. На тој начин тие ќе се изградат во личности кои нема постојано да ги одбегнуваат проблемите туку ревносно ќе се обидуваат да ја разрешат секоја ситуација со која ќе се сретнат. 

Научете ги да се соочуваат со поразите

Децата создаваат слика за светот базирано на своите искуства. Кога работите не се одвиваат онака како што се очекува, тие често донесуваат генерален заклучок. Доколку еднаш се соочат со пораз или неуспех, знаат самите да си го наметнат мислењето дека едноставно не се добри во конкретната работа, што е погрешно. Помогнете им да разберат дека секој неуспех е всушност чекор кон подобрување. Охрабрете ги да се обидат повторно и бидете нивната поддршка.  

Претставувајте ги во позитивно светло пред други луѓе

Неверојатен ефект на самодовербата на децата има начинот на кој истите се претставени од нивните родители пред луѓе кои се надвор од кругот на семејството. Доколку ги претставувате на позитивен начин пред другите луѓе децата дополнително ќе бидат сигурни дека се однесуваат позитивно и ги прават своите родители горди. Тоа е одлична „награда“ и признание  за нив која ќе ја ценат, но и ќе се одрази на тоа тие и понатаму да се обидуваат да бидат се подобри и подобри. 

Покажете им дека го забележувате позитивното однесување

Истражувања велат дека верувањата на децата влијаат на нивното однесување и постапки. Доколку посведочите на некоја позитивна постапка или однесување, потрудете се тоа да им го напоменете. Покажете им дека забележувате дека се однесуваат позитивно и дека сте задоволни од тоа. Покажете им доказ за тоа, независно дали се работи за дневна рутина или нешто посериозно. Децата ќе знаат да го ценат тоа и самите ќе оформат подобар став за самите себе. 

 

За доброто однесување и квалитетно градење на личноста важно е да ги наградите. Познато е дека времето поминато во игра е најголемата награда за децата! Затоа, ние ви ја нудиме најголемата база на детски игротеки во кои забавата е на прво место!