Најава

Најавете се со Вашиот кориснички профил за да ги користите сите придобивки од Termin.mk!

Регистрација

Брзо е, бесплатно и безбедно! - Искористете ги сите придобивки од Termin.mk!


Сакам да примам новости

Се согласувам со условите на користење и политиката на приватност на Termin.mk

ЗА ТЕРМИН - ИГРОТЕКА

Термин – Игротека е веб базирано решение во рамки на Termin.mk кое обезбедува организиран преглед на слободни термини во игротеките низ цела Македонија. На родителите кои сакаат да организираат роденден или било каква друга прослава за своите деца на најбрз и наједноставен начин им овозможува да дојдат до идеалниот термин во посакуваната игротека. Преку едноставно пополнување на онлајн формата за пребарување, на корисниците им е овозможено да дојдат до бараните резултати. Преку краток онлајн формулар, Термин - Игротека на корисниците им овозможува да испратат барање за одреден термин директно до посакуваната игротека. Истовремено, покрај информацијата за слободните термини, на корисниците им се на располагање и други корисни податоци за игротеките, како и можноста да остварат контакт со истите.

 

Уморни сте од шетање по игротеки и барање на слободен термин за роденденска прослава на Вашите најмили? Вашето време е многу ограничено за детален преглед на сите игротеки и места за деца? Сакате со неколку клика да проверите која игротека има слободен термин за роденденот на Вашето дете? Ни на крај памет не Ви паднало дека одредена локација организира детски родендени и забави? Вие сте на правото место!  Термин – Игротека Ви ги нуди најдобрите игротеки и места за детски родендени со своите слободни термини на едно место.

 

Доколку пак сте сопственик на игротека, или било каков друг простор кој организира детски родендени и прослави, Ве охрабруваме истиот да го пријавите кај нас преку делот „Пријави игротека” горе во менито. Нашиот тим веднаш ќе Ве контактира во најбрз можен рок!

 

Како функционира?

 

Формата за пребарување на Термин – Игротека Ви овозможува едноставно и брзо да дојдете до посакуваните информации за слободни термини и игротеки.

 

Со пополнување на полињата „Дата” и „Термин” и едно од полињата „Град (Општина)” или „Игротека” веднаш ги добивате бараните информации. Формата за пребарување нуди и дополнителни опции согласно Вашите потреби. 

 

Доколку немате конкретен термин за кој сакате да се изврши пребарувањето, ја одбирате опцијата „Немам конкретен термин” и Ви се отвора можност да внесете пребарување за одреден период во денот. 

 

По добиените резултати за внесеното пребарување, овозможено Ви е и напредно пребарување, односно дополнителни филтри за Капацитет, Простор на отворено, Аимација за деца итн. 

 

По пронаоѓање на идеалниот термин на посакуваното место, преку пополнување на краток онлајн формулар Ви е овозможено да испратите барање за истиот директно до игротеката. По испратеното барање, во рок од 24 часа, ќе бидете контактирани директно од игротеката.

 

Предности на регистриран корисник на Termin.mk

 

Регистрацијата на кориснички профил на Termin.mk е брза, бесплатна и безбедна. Со регистрирање на Termin.mk на располагање Ви се дополнителни можности: 

 

  • Побрзо испраќање на онлајн барање за термин
  • Единствено корисничко искуство
  • Добивање внимателно селектирани  информации и промоции согласно Вашиот профил и области на интерес.