Најава

Најавете се со Вашиот кориснички профил за да ги користите сите придобивки од Termin.mk!

Регистрација

Брзо е, бесплатно и безбедно! - Искористете ги сите придобивки од Termin.mk!


Сакам да примам новости

Се согласувам со условите на користење и политиката на приватност на Termin.mk

НАШАТА ПРИКАЗНА

Често ќе прочитате како неколку млади претприемачи пиејќи го своето трето пиво дошле до сензационална идеја, со која преку ноќ го направиле првиот милион. Но, не и кај нас. Или пак двајца цимери од факултетските денови кои на шала и смеа основале денес ултра успешна компанија. Повторно, не сме ние тие.

Termin.mk е веб базирано решение кое произлезе од еден реален проблем со кој секојдневно се соочува обичниот граѓанин. Низ внимателна анализа на пазарот и потребите на луѓето, истовремено вреднувајќи го еден од најважните ресурси на човекот, времето, Termin.mk ја започнува својата приказна на македонскиот веб простор со строго таргетирани три пазари на делување: свадба, спорт, игротека и настани и конференции .

Во секојдневното комуницирање денес, сите премногу често го слушаме оправдувањето „Немам време за... што и да е...”. Се насочивме кон развивање на интернет алатка за брза и ефикасна резервација на посакуваните термини со цел на корисниците да им овозможиме поквалитетно користење на своето драгоцено време.

Сте се почувствувале ли некогаш дека водите бескрајна битка со своето време?  

Фактот што доаѓањето до посакуваниот термин за свадба, спорт и рекреација, или пак термин за прослава во посакуваната игротека е реален проблем во Македонија, беше предизвик за нас да овозможиме нешто ново на пазарот, што низ квалитетна, сигурна и брза услуга ќе ги задоволува апетитите и на најпрефинетите. Имено, наместо досегашниот начин кој се состоеше од бесконечни јавувања од едно на друго место, или пак уште потешкиот, одење од едно до друго место, сега со едноставни неколку кликнувања ќе Ви биде овозможено да дојдете до информацијата дали термините кои ги посакувате се слободни на Вашите омилени места и истовремено да остварите резервација или барање за истите. Со обемна база на клиенти, ќе дадеме сè од себе да го покриеме секое ќоше во државава, со една цел – создавање поголема вредност за Вас.

Колку работи одложивте за утре поради тоа што немавте време денес?

Дозволете ни, заедно со Вас, да го направиме овој проект уште поуспешен. Животот е прекраток да го трошиме барајќи слободни термини! :)