Полека но сигурно - зимата нè стигна. А сите вие кои мислите дека зимските родендени не се забавни, само почекајте. :)
Зимските роденденски забави можеби се малку ограничувачки затоа што поради временските услови не може да се организираат на отворен простор. Но тоа не значи дека родендените во зима се помалку забавни или интересни. Одберете каде ќе го прославите роденденот на вашето дете и започнете со подготовка.
Еве неколку совети кои ќе ви помогнат или инспирираат за вашата зимска роденденска декорација:
1. Хартиени снегулки
Направете снегулки од хартија во различни бои, големини и форми и со нив декорирајте го просторот.
2. Снежна маса
Додадете зимски декорации во бела и сина боја и на масата на која ќе ја послужите храната.
3. Топли напивки
За пиење освен сокчиња може да подготвите и чај или топло чоколадо кое децата особено го обожаваат.
4. Вкусни снешковци
Што се однесува до торта и колачиња, повторно неизбежен дел се снегулките, но заборавајте ги и пингивнчињата и снешковците.
Со малку креативност можете да направите зимата и снегот да бидат дел од вашата роденденска забава на поинаков начин.
Погледнете ги попустите што Termin.mk ги нуди за вашите роденденски забави и започнете со подготовка. Доколку имате и други идеи за совршен зимски роденден, споделете ги.