Уникатен детски забавен парк, целосно направен со користење на рециклирани автомобилски гуми. Ниши Рокуго паркот во јапонскиот град Кавасаки е одличен пример за паметно користење на материјали кои може да се рециклираат. 


Паркот изобилува со скулптури од кои најмаркантни се оние на популарниот Годзила  и на она што изгледа како некаков робот. Скулптурите се импресивно високи и реалистични, а направени од автомобилски и камионски гуми. Фасцинирачки е фактот дека овие скулптури одземале многу време и труд за децата да можат да си играат на нив.


Стари автомобилски гуми не се новитет на детските игралишта, меѓутоа ова е сосема нова димензија. Интересно е да се забележи дека предмети од секојдневието можат да се најдат како играчка во имагинацијата на децата, но и возрасните.


Покрај скулптурите, гуми се користени и на другите реквизити во паркот, како на пример лулашките или импровизираната „џунгла“. Целиот простор е опкружен со цвеќиња кои создаваат дополнителен пријатен амбиент.

 

Замислете само колку забава би претставувал ваков парк за секое дете. Можеби кај нас нема ваков забавен парк, но затоа, скопските игротеки се супер место за забава за вашите деца! Погледнете го најголемиот избор на детски игротеки за прослава на родендени и дневен престој!