Совршениот додаток за вашата роденденска забава е токму единствената играчка што треба се скрши. Дали знаете за која играчка зборуваме?
Станува збор за пињата. Освен што е дозволено да се скрши оваа играчка, полна е со мали слатки задоволства. Кршењето на пињатата го прави роденденот уште позабавен. Децата уживаат во играта и моментот на изненадување што следи по кршењето. Затоа направете ја нивната роденденска забава уште повесела со пињата.
Пињатите можат да бидат во најразлични големини и форми. Зависно од тоа каде ќе биде роденденската забава, која е возраста на вашето дете и кои се неговите желби, изберете пињата која најмногу ќе одговара.
Одлучете се за пињата која одговара со темата на вашата забава. Додека трае забавата нека послужи како декорација, а кога забавата ќе заврши, децата нека ја скршат.
Ако имате повеќе слободно време, може да се обидете сами да направите пињата. Зависно од тоа колку време имате на располагање и каква пињата сакате да направите, постојат различни начини за изработка. Одберете го оној начин кој ви е најлесен. Доколку сакате да направите пињата за роденденската зaбава на вашето дете, еве малку помош:
Материјал
За да направите пињата потребни ви се : весници, хартија, ножици, балон или картонска кутија и лепак (смеса од топла вода, брашно и сол).
Форма
Најпрво одлучете во кој облик ќе ја направите пињатата. Зависно од обликот употребете балон или картонска кутија. Тоа ќе биде основата за пињатата.
Весниците и хартијата исечете ги на мали парчиња и со помош на лепакот обложете ја основата и оставете да се. Откако лепакот ќе се исуши, повторете ја постапката два или три пати, зависно од формата. Кога лепакот сосема ќе се исуши, направете дупка и наполнете ја пињатата со нешто што ќе ги израдува децата. Тоа можат да бидат различни мали играчки, чоколади, бомбони, лижавчиња, конфети во боја. Откако ќе ја наполните пињатата, зашијте ја.
Декорација
Кога ќе ја направите формата на пињатата и ќе ја наполните, оставете да се исуши лепакот. Кога лепакот сосема ќе се исуши, време е да ја искористите вашата креативност и да ја декорирате. Тоа може да го направите со различни бои и креп хартија.
Супер активност за некое врнежливо попладне во која може да го вклучите и вашето дете. Но сепак за значаен настан како што е роденденот на вашите најмили подобро е изработката на пињата да ја доверите на некој што ги изработува пињатите навистина професионално.
Дали знаете каде во градот може да се набави пињата, во кои форми и по кои цени?
Очекуваме предлози, собираме информации од вас за вас, сè на едно место за детски родендени.