По успешно организираната прва промоција #ГагаРоденден, решивме повторно да си поклонуваме незаборавни родендени во најдобрите игротеки во градот☻. Време е за #ГагаРоденден 2" и супер роденденска забава за најмалите!

Termin.mk доделува 3 термини за роденден во игротеката која вие ќе ја изберете. 

 

Што вклучува промоцијата?

Најсреќните тројца учесници во промоцијата, ќе добијат бесплатен термин за роденден во игротеката која тие ќе ја изберат, а истата се наоѓа на Termin.mk. Вредноста на терминот за роденден кој го покрива Termin.mk може да биде во вредност до 2500 денари.

Како да учествувам во промоцијата?

За да станете потенцијален добитник на термин за роденден, следете  неколку едноставни чекори:

 

  1. Ставете like и споделете го нашиот Facebook пост (постот мора да биде споделен јавно (public) со цел следење на учесниците)
  2. Испратете електронско барање за термин за роденден кој најмногу ви одговара (барањата треба да бидат испратени во периодот од 20.09.2016г. до 07.11.2016г. 23:59 часот)
  3. Резервирајте го терминот во една од игротеките каде претходно испративте барање за термин
  4. Испратете потврда за вашата резервација на contact@termin.mk или на нашата Facebook страна најдоцна до 01.11.2016г. 23:59 часот

Дознајте повеќе како да пребарате и испратите електронско барање за термин тука.

 

Правила

 

  • Организатор

 

Oрганизатор на промоцијата е компанијата ФИЛНИНО ВЕЈ ДОО – Скопје (Termin.mk). Организаторот го задржува правото во кое било време и без претходно известување, да укине или да измени било кој од наведените Правила. Затоа, корисниците се должни повремено да ги прочитаат информациите содржани во Правилата, за да бидат информирани за таквите измени. Каква било измена на правилата ќе стапи на сила веднаш откако ќе биде објавена на веб страната www.termin.mk.

 

  • Времетраење

 

Промоцијата ќе започне во вторник на 20.09.2016 година и ќе заврши во вторник на 01.11.2016 година, во 23:59 часот. 

 

  • Учество

 

Во промоцијата можат да учествуваат сите физички лица кои ги исполнуваат горенаведените услови, освен вработените во компанијата ФИЛНИНО ВЕЈ ДОО – Скопје и нивното потесно семејство. 

Организаторот на промоцијата го задржува сите права на дисквалификација од истата на сите оние учесници што не ги исполнуваат условите и правилата на учество.

 

  • Спецификација на промоцијата

 

Добитниците на кои ќе им бидат покриени трошоците за роденден во игротека ќе бидат објавени на веб страната www.termin.mk на 10.11.2016 година (четврток). Добитниците ќе бидат известени за промоцијата преку email и по телефон. Истите ќе бидат објавени со името и презимето со кое го пратиле барањето. Во случај да има двајца учесници со исто име и презиме дополнително ќе биде објавена и нивната email адреса.

 

Од моментот на подигнување на ваучерот за роденденот од страна на добитникот, или пак од страна на лицето кое е овластено да ја подигне промоцијата, завршуваат сите обврски, односно ингеренции од страна на организаторот на промоцијата  – компанијата ФИЛНИНО ВЕЈ ДОО – Скопје.

 

ВАЖНО:

 

  • На учесниците кои испратиле барање за термин за роденден во некоја игротека во периодот додека трае промоцијата, истиот го резервирале и притоа го реализирале во тој период, доколку се извлечени, ќе им бидат рефундирани средствата за реализираниот роденден по завршувањето на промоцијата, во просториите на Termin.mk
  • На учесниците кои испратиле барање за термин за роденден во некоја игротека во периодот додека трае промоцијата, истиот го резервирале и притоа не го реализирале (терминот е по излекувањето), доколку се извлечени, ќе им биде доделен вредносен ваучер во просториите на Termin.mk
  • Сумата која Termin.mk ја покрива (до 2500 денари) се однесува на вредноста на терминот во самата игротека на денот на неговата реализација. Под вредност на термин се подразбира сумата која игротеката ја наплаќа за изнајмување на простор или во некој од случаевите пакет мени. Дополнителните трошоци поврзани со роденденот Termin.mk не ги покрива
  • Под потврда за резервација се подразбира реализиран роденден или потврда од локацијата дека роденденот е резервиран. Барањето за термин за роденден треба да биде испратено преку www.termin.mk најдоцна до 01.11.2016 година, но истото може да се однесува и за релизација на термин и по 01.11.2016 година
  • Испратено електронско барање за термин пред или после завршувањето на промоцијата на веќе претходно направена резервација во локацијата за детски роденден нема да се земе во предвид за учество во промоцијата
  • Со една резервација на термин за роденден Вие се стекнувате за право за учество во излекувањето. Доколку за време на промоцијата Вие направите две резервации на два различни термини во локациите за роденден понудени на Termin.mk, тогаш веројатноста за добивка Ви се зголемува, односно Вашето име се запишува два пати во базата за извлекување на промоциите 
  • Испратеното електронско барање за термин, не мора да е исто со терминот кој е резервиран во локацијата за детски роденден

 

Ваучерот за роденден нема да биде доделен на вистинскиот добитник доколку:

 

  • тој/таа не направил резервација во игротека на Termin.mk, или пак во меѓувреме ја откажал направената резервација (за направена резервација ќе се смета оставен капар во игротеката и истата мора да биде потврдена од самата игротека)
  • тој/таа не е во можност да го искористи и/или подигне истото во предвидениот рок (во случај на болест, виша сила или некои останати непредвидени ситуации)
  • тој/таа не достави валиден документ за лична идентификација (лична карта или пасош)

 

  • Извлекување на добитниците на промоциите

 

Извлекувањето ќе биде на 10.11.2016 година во 12:00 часот по случаен избор од автоматизиран електронски систем. Добитниците ќе бидат објавени на страната www.termin.mk.

 

  • Заштита на лични податоци

 

Личните податоци кои се внесуваат на веб страната www.termin.mk и кои се испраќаат до организаторот, ќе бидат исклучиво користени за потребите на веб апликацијата Termin.mk. Корисниците се согласуваат за обработка на податоците за целите на Termin.mk.

 

  • Одговарање на прашања

 

Сите прашања поврзани со начинот на учество или промоциите можете да ги поставите на нашата е-mail адреса: contact@termin.mk

 

  • Дисквалификација

 

Организаторот има овластување да го дисквалификува секој учесник, за кој се сомнева дека не учествувал во согласност со наведените правила. Одлуките на организаторот во поглед на можните дисквалификации, се конечни.

 

Добитници на промоциите од првиот "Гага Роденден"


Погледнете ги дел од добитниците на првата промоција "Гага Роденден"

 

gaga_rodenden_winner_1

 

gaga_rodenden_winner_2