Родителстувањето е исцрпна и одговорна работа, па секој млад родител ќе се сложи дека најважно е да се воспостави распоред на активностите со цел да се издвои доволно време за одмор, како за детето така и за него самиот. Непроспаните ноќи знаат да резултираат со анксиозност, намалена концентрација и генерално промена во однесувањето, што дополнително може да ви ја отежни задачата.
Затоа, ние ви предлагаме неколку совети за тоа како полесно да воспоставите навика на спиење кај вашето дете, со што и самите ќе имате повеќе време за одмор и опуштање.
1. Рутина
Децата воспоставуваат навики. Една од најважните работи е да се воспостави навика на редовно спиење. За почеток, пробајте времето за спиење да го одржувате во истиот период секој ден. Понатаму, осмислете некој мини „ритуал“ пред испланираното време за спиење со што на извесен начин ќе го подготвите детето. „Ритуалите“ можат да вклучуваат секојдневни вообичаени активности како раскажување приказни, миење заби и сл. Организмот се учи на навиките и по извесно време детето и самото ќе биде доволно изморено за да не морате да вложувате особен напор за да го заспиете.
2. Комфор
Важно е да му пружите комфор и да стекне впечаток дека не го „напуштате“. Осигурајте се дека на себе има чиста пелена и поминете некое време со него. Една од најголемите причини за проблемот со незаспивањето е токму чувството на напуштеност и осаменост. Можете дури и да користите некој предмет кој ќе го направи да се чувствува заштитено и „во друштво“. Независно дали се работи за играчка или омиленото ќебе, тоа знае да има одличен психолошки ефект.
3. Облека за спиење
Облеката, односно пижамите кои детето ги носи додека спие знаат да имаат огромно влијание на квалитетот на сонот. За деца во најрана возраст се препорачува т.н. повојница. На тој начин детето ќе биде обезбедено од студ но и оневозможено да се движи, а со тоа и да се повреди. За повозрасни деца важно е да одберете квалитетен материјал. Идеално е доколку за спиење имаат облека од памук.
4. Трпение
Не е реално да очекувате дека вашето дете ќе ја преспие целата ноќ само неколку недели од како ќе се роди. Важно е да имате трпение при создавањето на неговата навика. Индивидуално, некои деца побрзо ја стекнуваат таа навика, а за некои е потребно повеќе време. Клучот е во трпението, колку повеќе се вложите на почетокот, толку побрзо ќе дојдат резултатите. Колку побрзо успеете да им ја наметнете рутината, толку побргу на вас ќе ви останува повеќе време за одмор.
5. Покријте ги со дел од вашата облека
Ова е трик кој успева кај децата во најрана возраст. Децата се чувствуваат најдобро во присуство на нивната мајка, особено навечер. Во случај да се разбудат во текот на ноќта, овој трик ќе ги „убеди“ дека и понатаму сте до нив. Вашиот мирис ќе им влее спокој и нема да се чувствуваат сами.
Важно е Вашето дете и соодветно да го заморите, но да не доволите да се премори. Некои деца не покажуваат знаци на замор со проѕевање, туку со дивеење и хиперактивност. Научетеги знаците, кои детето ви ги дава и ставете го во кревет, пред да стане преморено, бидејќи така потешко ќе заспие. А наш предлог за незаборавна игра и супер место за "замор" на вашето дете се овие 20 игротеки! Погледнете ги!