Честитки родители! Ја преживеавте првата година со вашето бебе! :)

 

Нешто го прави првиот роденден посебен, нели? Ова е можеби е и најважниот ден за сите родители, а роденденската забава мора да биде забавна, шарена, весела и да се памети уште долго! Затоа, сакаме да ви помогнеме со неколку идеи за супер тематски прв роденден!

 

Winnie the Pooh роденден

 

Ако бебето ги сака приказните на Winnie the Pooh и неговата весела банда, може да направите токму ваков роденден. 

 

 

Темата која ние ја избравме е за близнаци и истата вклучува многу цветни патерни со светли и меки бои. Во менито може да вклучите сезонска салата од јагоди за возрасните гости, како и закуски сервирани во слатки пикник кутии во кои ќе има, чипс, колачиња и зеленчук за малите гости. 

 

Исто така, може дополнително да ги изненадите малите со Winnie the Pooh играчки.

 

Мики Маус роденден

 

Што е тоа - црно, бело и со црвено? Па тоа е Мики Маус! Омилениот лик на повеќе генерации, а секако и на најмалите! Едноставно, децата го обожаваат а тематски Мики Маус роденден е супер идеја!

 

 

Црвени чашки со бели точки, колачиња во форма на Мики, и се разбира - пунчот на Плуто! Идеите се лесни за изработка, а малите гости ќе бидат пресреќни!

 

Магичниот еднорог

 

Секој прв роденден е волшебен, а магичниот еднорог е супер идеја за првиот роденден на вашата ќерка. Пастелните бои преовладуваат во ова тема, а може да вклучите многу забавни елементи.

 

 

Светкави додатоци наоколу, името на малата роденденка испишано во злато и сребро, како и круна за малата принцеза. Тортата се разбира е магичен еднорог, а може да ги изненадите малите гости со пињата во форма на еднорог!

 

Monsters, Inc. роденденска забава

 

Се сеќавате на малите слатки чудовишта од познатиот цртан филм? Истите се супер инспирација за тема за првиот роденден на вашето дете.

 

 

Шарен дизајн во кој преовладуваат сината и жолтата боја, а многуте ликови овозможуваат изработка на најразлични елементи. Еднооки капкејкс, бони топ бомбончиња и шарени конфети! Погледнете ја само тортата - малите гости ќе сакаат веднаш да ја изедат! :)

 

Музички прв роденден

 

Ако малите реагираат позитивно на звуци и од сè прават инструмент, или мама и тато се болни по музика :) - оваа тема е супер идеја за забавен музички роденден. 

 

 

Колачиња во форма на ксилофон, дајриња и плочи како декорација, како и ѕид со закачени тави за малите перкусионисти! Еве и една екстра идеја - честитки кои свират кога ќе се отворат како роденденски покани!

 

Диносауруси

 

Малите истражувачи ќе бидат пресреќни кога ќе видат дека има диносауруси на роденденската забава! На дечињата може да им дадете и истражувачко капче, лупа и мапа и да ги пуштите во забавна авантура! Може да скриете мали играчки диносауруси наоколу, а малите ќе треба да ги најдат.

 

 

На тортата со диносауруси ќе ѝ се воодушевуваат сите гости, а супер елемент може да биде и зелена салата со чипс од диносауруси.

 

Колички

 

Оваа тема е супер изненадување за малите љубители на автомобили и тркачи коли. Постојат повеќе можности за декорација, како на пример автомобилска патека на целата маса, цевчиња со тркачки знамиња, и секако торта со супер брзи автомобили!

 

 

Уште една супер идеја за оваа тема е и поставување на автомобилски photo booth на кој ќе се сликаат сите гости!

 

Брм брм! Се тркаме до тортата!

 

Сега коа се инспириравте за првиот роденден на вашите најмили, сѐ што треба да направите е да ја изберете омилената игротека и роденденски термин, да испратите онлајн барање за роденден и да го искористите супер попустот од 20% на тематска торта од Канела!