Учењето на лична хигиена на вашите деца ќе им помогне да останат здрави, како и да ги избегнуваат заболувањата овој период од годината. Никогаш не е премногу рано да започнете да ги учите вашите малечки за важноста на навиките за добра хигиена. Особено е важно децата пред да тргнат на училиште да ги вежбаат основните хигиенски навики бидејќи таму поголоемиот дел од времето се во близок контакт едни со други, тоа е главно место за споделување на сè, од масата до бактериите. Еве неколку основни практики за лична хигиена за да го научите вашето дете.

 

Миење раце

Да ги научите децата да ги мијат рацете може да биде една од најважните навики за здравјето и хигиената на сите. Вие како родители треба да се посветите на оваа работа уште во најраното детство. На пример, со бришење на рацете на бебето со топол пешкир, пред јадење, после јадење и по промена на пелена. Како стануваат повозрасни, добро правило е да ги научите да ги мијат рацете онолку добро колку што треба да ја отпеат песничката "Среќен роденден" два пати.

 

Миење заби

Веднаш штом првиот заб ќе пробие на непцата, може да започнете со четкање на забите и непцата на своето бебе со мека четка за заби. Со ваша помош, децата можат да започнат со четкање на забите на возраст од три години. Добар трик за да им помогнете на вашите малечки доволно добро да ги четкаат забите е да играат две минути на нивната омилена детска песна додека четкаат, па дури и да користат тајмер. Доколку вашето дете е момче, може да му кажете кога ќе сакате да ја отвори устата да каже "Лав", а кога ќе треба да плукне "Koш". 

mienje-zabi

Ова ќе ги научи колку долго да четкаат и ќе им помогне побрзо да се навикнат на овој процес. Конецот за заби е уште еден важен аспект на здравјето на забите, но може да биде покомплицирано да се научи во споредба со четкањето. Вие како родители ќе треба редовно да им помагате на своите деца, се додека тие сами не научат да си ги мијат забите.

Редовното вежбање соодветна орална хигиена значително ќе помогне да се заштити детето од расипување на забите и заболување на непцата. Токму ова се едни од најчестите заболувања кај децата поради тоа што забите нивни не се толку силни како забите на возрасните. 

 

Навики за бањање

Децата не можат сами да се бањаат се до нивната шестгодишна возраст, но потоа секое дете треба да може само да се справи со оваа задача. Првично, потребно е да го надгледувате вашето дете, со цел да го научите за важноста на миењето на сите различни делови од телото. Времето за бањање е исто така одлична можност да започнете да ги учите децата за нивните делови од телото, да им даваат креативни имиња на нивните интимни делови и да им дадете до знаење дека тие се сопственици на своето тело, и дека дури ни вие, односно нивната мајка, не треба да им кажува што да прават со истите. 

 

taking-bath

 

Кивање и кашлање

Кивањето може да патува до 100 милји на час и може да шири илјадници бактерии во воздухот. Значи, добра е идејата да ги научите вашите деца на навика да ги покриваат устата и носот со марамче кога киваат. Бидејќи бактериите лесно се пренесуваат во телото преку очите, носот и устата, потсетете ги да не ги допираат очите или да не го одберат носот.

 

sneezing

 

Може да потрае некое време додека децата развијат навики за лична хигиена. Поставувајќи знаци и потсетници околу куќата за миење на забите или миење раце, можете да им помогнете да стекнат доживотна навика за лична хигиена. Бидете креативни кога станува збор личната хигиена на вашите деца. 

 

Овој период додека сте сите дома е совршена можност да им посветите повеќе внимание на вашите деца и посебно да се фокусирате на нивните хигиенски навики. Да креираме здрави деца со вистински хигиенски навики. Секој од вас го сака најдоброто за своето дете. Треба да бидете трпеливи, внимателни и креативни се додека не го постигнете посакуваниот резултат, вашите деца да ги научат хигиенските навики и да ги применуваат секојдневно во училиште, дома или пак во нивната омилена игротекa на детски роденден со другарчињата.